Ангелоски: Македонските компании да добијат шанса за инвестирање


  Македонските компании треба да добијат шанса за инвестирање со тоа што целокупниот државен апарат ќе ги обезбеди потребните инфраструктурни и процедурални услови, а постапките ќе ги направи брзи и ефикасни, истакна Трајан Ангелоски, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија во дебатата на емисијата „24 Анализа“. „Домашната економија треба да ја изградиме на […]

Николовски: Апликантите да ги подготват своите проекти за ИПАРД 3, повиците следуваат наскоро


Со новата ИПАРД 3 програма имаме зголемување на европските средства за 62%, односно 97 милиони евра неповратни средства. Ги повикувам сите апликанти да ги подготвуваат своите проекти, повиците следуваат наскоро, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Линк до целиот текст тука

Започна со работа реконструираната течна фарбара во БРАКО во Велес – инвестиција од 150 илјади евра


  Вчера започна со работа новиот објект на „Течна фарбара“ во БРАКО, како една од седумте инфраструктурни единици од комплексот „Фарбара“ на БРАКО, за чија целосна реконструкција инвестирани се околу 150 илјади евра. Со пуштање во функција на новата течна фарбара се заокружува процесот на инвестиции од над 250 илјади евра во погони на Одделот за финална […]

Австриските компании не се оптимисти за економските перспективи во регионот


  Повеќе од половина или 54 отсто од австриските компании активни во Централна и Источна Европа (ЦИЕ) предвидуваат дека економската клима во земјите каде што имаат подружници ќе се влоши во следните дванаесет месеци, а само 11 отсто предвидуваат подобрување, според истражување на Advantage Austria, владини агенции за промоција на трговијата. Во текот на изминатите […]

Маск пред судот сведочеше за плановите за преземање на „Тесла“


  Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, пред судот ги објасни околностите на неговиот твит од 2018 година, во кој најави целосно преземање на „Тесла“, што никогаш не се случи. Парите, наводно, му ги ветил саудиски инвестициски фонд, кој не ја знаел цената на преземањето. Дали им наштетил на инвеститорите ќе одлучи поротата. Маск рече […]

Македонската амбасадорка во посета на Пловдив да договара бизнис форум


Амбасадорката на земјава во Бугарија, Агнеза Руси Поповска го посети бугарскиот град Пловдив, каде со пловдивскиот заменик-градоначалник Стефан Стојанов разговараше за можностите за проширување на трговско-економските односи меѓу Северна Македонија и Бугарија. Како што јавија бугарските медиуми, Руси Поповска на средбата потсетила дека во 2022 година трговската размена меѓу двете земји надмина милијарда евра и […]

Во следните две години секое десетто работно место во светот ќе биде непополнето


Компаниите ширум светот ќе продолжат да се соочуваат со горливиот проблем на недостиг на квалитетна работна сила до 2025 година, така што се предвидува дека секое десетто работно место ќе остане непополнето, а 93 отсто од компаниите планираат недостигот на работници да го компензираат со зголемување на опсегот на работа за сегашните работници, се резултатите […]

Заемот за изградбата и реконструкција на железничката пруга Бељаковце – Крива Паланка пред пратениците  


Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи стотата седница. На предложениот дневен ред засега се четири точки и тоа: Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за административните такси, по скратена постапка, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за […]

Јавниот долг на еврозоната намален на 93 од БДП, на Европската унија на 85 отсто


  На крајот на третиот квартал од 2022 година, јавниот долг на еврозоната изнесуваше 93 отсто од бруто домашниот производ, додека јавниот долг на целата Европска унија изнесуваше 85,1 отсто од БДП. Споредено со вториот квартал од 2022 година, јавниот долг е намален и во еврозоната и во Европската унија, кога изнесуваше 94,2, односно 86,4 […]

Почна скринингот со ЕУ за вториот кластер – внатрешен пазар


  „Сакам да ве уверам дека правиме сѐ од себе да ги исполниме сите неопходни критериуми дадени од Европската унија во однос на сите 33 поглавја“, изјави денеска во Брисел вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во обраќањето на отворањето на билатералниот дијалог за кластерот – Внатрешен пазар.   Вицепремиерот истакна дека во последниот извештај […]

Нови цени на горивата


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,47 % во однос на одлуката од 20.1.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините […]

Стартап центарот „Касарна хаб“ станува водечки иновативен центар во регионот, вели Гир


По повод официјалното отворање на „Касарна хаб“, „Стелар Солушнс“ беше домаќин на 17 амбасадори и претставници на амбасадите предводени од шефот на Делегацијата на Европска Унија во Скопје – амбасадорот Дејвид Гир. „Неофицијално отворен уште минатиот јули, ‘Касарна хаб’ е стартап центар кој со своите досега спроведени активности и соработки веќе станува водечки иновативен центар […]

Има доволно време да се креира листа за ДДВ на луксузни производи, вели Ковачевски


  Министерството за финансии сака да направи листа за ДДВ на луксузни производи која на ниеден начин нема да задира во основните производи што ги користат граѓаните и за тоа има доволно време, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски. -Министерството за финансии задно со Царинската управа, коморите и Управата за јавни приходи работи на дефинирање на […]

Неповратните средства од ЕУ преку ИПАРД 3 Програмата зголемени за 62 отсто


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска истакна дека Република Северна Македонија изминативе години станала лидер во регионот по искористеност на ИПАРД средствата. При посетата на компанијата „Метро“ која со помош на ИПАРД Програмата вложила во осовременување и високи технологии како би ги зголемиле своите капацитети, Ковачевски рече дека успешните земјоделски политики на Владата ги потврди и […]

Просечната нето-плата за ноември изнесува 33.011 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2022 година, изнесува 33.011 денари, додека просечната бруто-плата по вработен за истиот месец изнесува 49.397 денари, соопшти Државниот завод за статистика. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува […]

Бектеши: Со целосно усогласување на нашето законодавство ќе обезбедиме поголеми права за основање и слободата на давање на услуги


  Заклучоците и препораките кои ќе произлезат од овој билатерален состанок ќе ги постават следните чекори во процесот на пристапување во областа на Право на основање и слобода на давање на услуги. Ние сме свесни за важноста да се обезбеди правото на основање и слободата на давање на услуги преку процесот на усогласување на законодавството […]

(Видео) Ковачевски и Николовски по посетата на „Метро“


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на АФПЗРР Никица Бачовски се во посет на компанијата Метро, лоцирана во индустриската зона Ќојлија. Проследете ги изјавите:

„Економист“: Тврдите интервенции на државата можат да ѝ попречат на слободната трговија


  Слободната трговија се соочува со проблеми какви што веќе се видени во историјата, а тврдите интервенции на државата можат повеќе да засметаат отколку да помогнат, пишува „Економист“, не отфрлајќи го државниот интервенционизам, но повикувајќи на умереност и меѓународна координација на јавните интервенции во економијата. „Слободната трговија е на умирање“, изјави основачот на тајванската компанија […]

Бесими: Техологијата и знаењето ќе бидат двигатели на растот во новата глобална економија


  Технологијата ќе има една од водечките улоги во новата реглобализирана економија, давајќи придонес во сите системи, од трговијата и инвестициите, подобрување на иновативноста и отпорноста на приватниот сектор, работната сила, до справувањето со климатските промени и енергетската транзиција. Проценките се дека околу 70 отсто од новата вредност создадена во глобалната економија ќе дојде од […]

Анализа: Сѐ повеќе компании во САД планираат отпуштања поради опасноста од рецесија


  Сѐ поголем број американски компании предвидуваат кратења на работни места и за првпат по пандемијата очекуваат помалку развојни инвестиции, покажуваат податоците од најновото истражување на Американската национална асоцијација за бизнис-економија (NABE). Зголемувањето на каматите дава резултати и се забележува одредено забавување на економијата. Но, сопствениците на бизниси сè уште се загрижени дека Федералните резерви […]