Граѓаните со ниски приходи можат да аплицираат за субвенциони сметки за струја до крај на месецов


Фото: Б. Грданоски

Министерството за економија информира дека и во 2023 година продолжува со субвенционирање на сметката за електрична енергија за домаќинства со ниски приходи и ги повикува граѓаните да аплицираат до крајот на месецот.

Јавниот повик за оваа мерка беше објавен на 27 јануари на веб – страницата на Министерството за економија и ќе трае до крајот на февруари.

Како што истакнуваат од Министерството за економија, за оваа мерка се обезбедени 60 милиони денари, а ќе се субвенционираат од 600 до 800 денари од сметката за електрична енергија на домаќинствата во зависност од вкупните месечни приходи кои ги остваруваат.