Ќе се ослободат дополнителни капацитети во интерконекторот со Бугарија за снабдување со гас


Преку разговорите што ги водел премиерот со господинот Радев, до петок ние ќе ослободиме дополнителни капацитети во делот на интерконекторот со Република Бугарија за снабдување со природен гас, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Тоа, додаде, што ќе значи дека ќе може да се снабдуваме и од други извори. -Сега вие можете да замислите …

Ќе се ослободат дополнителни капацитети во интерконекторот со Бугарија за снабдување со гас Read More »

Бектеши се сретнал со контактите на Мицкоски


  Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека средбата со компанијата за природен гас што му ја посочи Христијан Мицкоски се одржала во Белград. Се работи за претприемачи од Србија, БиХ и Словенија, а гасот, како што рече, доаѓа од „Гаспром“. -Бев во Белград. Се сретнав со претставници на компанијата која е регистрирана во …

Бектеши се сретнал со контактите на Мицкоски Read More »

Субвенции за енергенти за индустриите за храна ако ги намалат или не ги зголемуваат цените


  Инфлацијата е комплетно иста во цела Европа и потекнува од исти фактори – цената на основните житни култури е порасната над 70 отсто во текот на 12 месеци, а тие се основна суровина за производство на леб, а зголемена е и цената на енергентите, рече премиерот Димитар Ковачевски. На почетокот Владата, рече тој, пристапи …

Субвенции за енергенти за индустриите за храна ако ги намалат или не ги зголемуваат цените Read More »

Од 1 декември посебна мерка за помош на производителите на леб, масло и други основни прехранбени производи


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека веќе е подготвена мерка за производителите на основните прехранбени производи, а нејзината операционализација треба да почне од 1 декември. Како што истакна Бектеши, одговорајќи на прес-конференција во Владата, во соработка со Министерството за финансии се креираат мерки и за малите компании кои се на слободниот пазар. -Со …

Од 1 декември посебна мерка за помош на производителите на леб, масло и други основни прехранбени производи Read More »

Ковачевски ги презентира мерките за справување со кризата вредни 350 милиони евра


  Пензионерите со ниски пензии ќе добијат финансиска помош во наредните неколку месеци, а иста таква поддршка ќе добијат и дел од невработените, како и лицата корисници на права за социјална сигурност. Средните и основните училишта пак, ќе бидат вклучени на регулираниот пазар, додека финансиска поддршка ќе добијат и јавните здравствени установи и мерните станици …

Ковачевски ги презентира мерките за справување со кризата вредни 350 милиони евра Read More »

(Видео) Прес-конференција на премиерот Ковачевски за мерки за енергетската криза


Проследете ја прес-конференцијата на премиерот Димитар Ковачевски и владиниот тим во врска со одлуките на Владата за мерки за граѓаните и стопанството поврзани со енергетската криза:     

Премиерот Ковачевски ќе одржи прес-конференција


Премиерот Димитар Ковачевски во 13:30 часот ќе одржи прес-конференција, најави владината прес-служба. Владата денеска ја одржува 88. редовна седница на чиј дневен ред се мерките за поддршка на граѓаните и компаниите за полесно справување со економско-енергетска криза. Прес-конференцијата на Ковачевски ќе се одржи во Медија центарот на Владата. 

Стагфлациската должничка криза е тука, предупредува Нуриел Рубини


  Постојат знаци дека должничката криза веќе почна да се обликува, а тешкото приземјување на економијата пред крајот на годината сега е основното сценарио, вели врвниот економист Нуриел Рубини. Рубини, кој го доби прекарот „Д-р Пропаст“ поради неговите песимистички ставови за пазарите и економијата, предупредува на претстојната должничка и инфлаторна криза околу една година. Претходно, …

Стагфлациската должничка криза е тука, предупредува Нуриел Рубини Read More »

Владата денеска ќе расправа за мерките за поддршка на граѓаните и компаниите


  Владата денеска ќе ја одржи редовната 88-ма седница на чиј дневен ред ќе бидат точки поврзани со мерките за поддршка на граѓаните и компаниите во време на економско-енергетска криза. За заклучоците и одлуките на седницата, јавноста ќе биде информирана, соопшти владината прес- служба.

Цените на нафтата дивееја на почетокот на октомври


  Цените на нафтата дивееја минатата недела, Брент скокна за 15 отсто (највисоко од март), а клучната причина е одлуката на групата ОПЕК + да го намали дневното производство за два милиони барели, што е најголемиот шок во понудата во повеќе од две години. Брент е помалку од два долари поблиску до границата од 100 …

Цените на нафтата дивееја на почетокот на октомври Read More »

Дединец: Работењето на ТЕ-ТО зимава е од клучно значење за нашиот електроенергетски систем


  Ретки се земјите кои имаат мали проблеми со енергетската криза и затоа оваа зима ќе биде вистински предизвик за одговорните луѓе во енергетските компании. Од клучно значење за нашиот електроенергетски систем зимава е работењето на ТЕ-ТО Скопје, што се покажа клучно и во 2021 година. Домаќинствата и јавниот сектор, пак, мора максимално рационално да …

Дединец: Работењето на ТЕ-ТО зимава е од клучно значење за нашиот електроенергетски систем Read More »

„Костал“ не планира отпуштања од работа, најавува нови вработувања


  Зголемувањето на цената на електричната енергија донесе четири и пол пати повисоки сметки за струја кај компаниите од автомобилската индустрија, чии објекти иако се енергетски ефикасни преку оптимизирање на производствениот процес бараат начин за намалување на влијанието врз профитабилноста. Овие компании, според претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, Виктор Мизо, …

„Костал“ не планира отпуштања од работа, најавува нови вработувања Read More »

Пакет мерки до крајот на месецот, се разгледуваат можностите за помош на компаниите од либерализираниот пазар


Владата секојдневно разговара со стопанските комори како да им се помогне на големите компании кои се на либерализираниот пазар. Се подготвува пакет мерки кој би требало да биде финализиран до крајот на овој месец, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Според него, намалувањето на ДДВ-то не е клучно во однос на намалувањето на цената на електричната …

Пакет мерки до крајот на месецот, се разгледуваат можностите за помош на компаниите од либерализираниот пазар Read More »

Ковачевски: Во понеделник пуштање во употреба на уште еден енергетски капацитет


Мислам дека до вечер ќе бидат финализирани мерките за најранливите категории граѓани и дека до понеделник ќе се најават, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Одговорајќи на новинарски прашања по настанот за потпишување договор за спонзорство меѓу М -ТЕЛ и КК Работнички, Ковачевски најави дека во понеделник ќе биде пуштен во употреба уште еден енергетски капацитет. …

Ковачевски: Во понеделник пуштање во употреба на уште еден енергетски капацитет Read More »

„Централ Инвест“ на Анѓушев изгради нова сончева електрана


Се зголемува домашното производство на електрична енергија. Почна со производство нова фотоволтаична електро централа со инсталирана моќност од осум мегавати, во близина на Кочани. -Почетокот на производството на електраната доаѓа во време кога стопанството и големите индустриски потрошувачи бараат поевтина струја, не можејќи да ги издржат цените на берзата. Им овозможуваме на компаниите енергија по …

„Централ Инвест“ на Анѓушев изгради нова сончева електрана Read More »

Ќе изградиме нафтовод до Унгарија за 24 месеци, планираме нафтовод и гасовод до Македонија, вели Вучиќ


Претседателот Александар Вучиќ во денешното обраќање до јавноста, говорејќи за енергетската криза, најави дека Србија, меѓу другото, планира изградба и на нафтовод низ Северна Македонија до пристаништето Драч, како и гасно поврзување со нашата држава, јави дописникот на МИА од Белград. Образложувајќи ја актуелната енергетска криза во светот, Вучиќ кажа дека по последните настани околу …

Ќе изградиме нафтовод до Унгарија за 24 месеци, планираме нафтовод и гасовод до Македонија, вели Вучиќ Read More »

Kорпоративниот сектор закрепнуваше во 2021 година што ја подобри способноста за редовно сервисирање на долгот


Корпоративниот сектор во 2021 година постепено го нормализираше работењето, при што претпријатијата во значајна мера закрепнаа од последиците од пандемијата. Нето-добивката на корпоративниот сектор се зголеми за 30,7 отсто по падот на добивката од 18,9 проценти во 2020 година. Според Народната банка, видливо е и значително намалување на учеството на субјектите од корпоративниот сектор што …

Kорпоративниот сектор закрепнуваше во 2021 година што ја подобри способноста за редовно сервисирање на долгот Read More »

ММФ и одобри на Украина итен заем од 1,3 милијарди долари


САД–   Одборот на извршни директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)  одобри итен заем од 1,3 милијарди долари за Украина за да обезбеди дополнително финансирање како помош државата да ја одржи својата економија додека се бори против руската инвазија. Парите ќе дојдат од новата програма за итни заеми заради справување со недостигот на храна, која одборот …

ММФ и одобри на Украина итен заем од 1,3 милијарди долари Read More »

Бугарскиот останува меѓу првите пет пазари за „Витаминка“


Северна Македонија е претставена со три компании на престижната изложба на традиционална храна што се одржува во Меѓународниот експо центар во Софија. Учествуваат повеќе од 350 компании од Северна Македонија, САД, Италија, Грција, Шпанија и Јужна Кореја. Меѓу македонските компании е „Витаминка“ од  Прилеп која повеќе од десет години учествува на изложбата во главниот град …

Бугарскиот останува меѓу првите пет пазари за „Витаминка“ Read More »

Ковачевски: Во наредните денови ќе има позитивна вест од преговорите со кредитори


  Владата работи на тоа да продолжи економската активност, да се поддржат најранливите категории граѓани,  да се одржи ликвидноста и на Буџетот и на стопанството воопшто, вели премиерот Димитар Ковачевски. Тој вечерва во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 рече дека има позитивни очекувања од преговорите со Меѓународниот монетарен фонд  во однос на обезбедување финансии …

Ковачевски: Во наредните денови ќе има позитивна вест од преговорите со кредитори Read More »