Ковачевски: Во наредните денови ќе има позитивна вест од преговорите со кредитори


 

Владата работи на тоа да продолжи економската активност, да се поддржат најранливите категории граѓани,  да се одржи ликвидноста и на Буџетот и на стопанството воопшто, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Тој вечерва во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 рече дека има позитивни очекувања од преговорите со Меѓународниот монетарен фонд  во однос на обезбедување финансии за справување со енергетската криза.

-Сметам дека во наредните денови министерот за финансии ќе има позитивна вест и за економијата и за Буџетот и за граѓаните во поглед на преговорите со Меѓународниот монетарен фонд и преговорите со другите финансиски институции и кредитори, рече Ковачевски.

Повтори дека Министерството за труд и социјална политика веќе се подготовуваат мерките за најранливите категории граѓани, а за компаните се прават калкулации за субвенционирање на цената на електричната енергија и за набавка преку директни договори со други држави на пониска цена.