„Денови на Холандија“ во Ист гејт мол


На главниот влез пред трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ денеска ќе биде отворена манифестацијата „Денови на Холандија“. Организатори се Амбасадата на Кралството Холандија, „European plants“ и „Ист Гејт Мол“.  На отворањето, како што е најавено, ќе присуствуваат холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп, претставници на Холандската амбасада, извршниот директор на „Ист Гејт Мол“ Игор […]

Чешка компанија затвори соларна централа откако произведе премногу енергија


Иако е позната изреката дека од вишокот не боли глава, исклучок е примерот од Чешка поврзан со сончевата енергија. Една чешка компанија беше принудена да затвори стотици соларни панели откако тие создадоа повеќе енергија отколку што можеше да поднесе мрежата. Еуроњуз пишува дека тоа се случило во понеделникот по Велигден бидејќи денот бил особено сончев, […]

На Италија ѝ недостасуваат еден милион работници


Италија се соочува со сериозен недостиг на работна сила и ѝ недостигаат вкупно околу еден милион работници, поделени во различни економски сектори, изјави денеска италијанската министерка за труд Марина Елвира Калдероне. – Главниот проблем е што се повеќе луѓе го напуштаат пазарот на труд поради нивната возраст. Тешко е да се пополнат овие работни места […]

Тренчевска: Се вклучуваме во подготовката на законот за прекувремена работа, се разговара за горната граница


Министерството за труд и социјална политика се вклучува во подготовката на законските одредби за прекувремената работа на работниците во проектот за изградба на коридорите 8 и 10д од страна на конзорциумот „Бехтел и Енка“, што се доставени во Собранието на предлог на пратеници. -Пратенците го поднесоа законот, а сега по реакциите сите се вклучуваме за […]

Мицкоски: Во случај на спор за Договорот со „Бехтел и Енка“ ќе биде важечко англосаксонското законодавство


Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оцени дека Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградбата на коридорите е скандалозен по стотина основи. Наведувајќи делови од Договорот рече дека во случај на спор за него ќе биде важечко англо-саксонското законодавство. Тоа, како што изјави Мицкоски, е англосаксонски модел, ние имаме континетален и едниот со другиот […]

Ќе чекаме европски пари за да градиме пруга до скопскиот аеродром


Ќе се чека на одлука од Европската Унија за обезбедување средства за изградба на ветената пруга до скопскиот аеродром и за воспоставување на железничка линија од Транспортниот центар до Меѓународниот аеродром Скопје. Од Министерството за транспорт и врски за Мета.мк објаснуваат дека Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ ќе треба да аплицира за […]

„Форбс“: „Јагео“ веќе управува со две фабрики и центар за истражување и развој во Северна Македонија


Американскиот бизнис магазин „Форбс“ пишува за одлуката на тајванската компанија „Јагео“ да инвестира 205 милиони евра во Северна Македонија. „Форбс“ наведува дека „Јагео“ која, меѓу другото, произведува електронски делови и за „Епл“, планира преку Северна Македонија да го проширува својот бизнис во Европа. Гринфилд инвестицијата на „Јагео“ во Северна Македонија, земја од централна Европа со […]

Унгарија ја проширува забраната за увоз на украински производи


Унгарската влада ја продолжи привремената забрана за увоз на украински производи на мед, вино, леб, шеќер и голем број производи од месо и зеленчук. Списокот на производи кои ќе бидат забранети е објавен со владин декрет, откако Будимпешта објави мерка за стопирање на увозот на житарки, маслодајни семиња и уште неколку производи, пренесува Индекс. Последниве […]

ЕУ го решава конфликтот: 100 милиони евра компензација


Европската унија подготви 100 милиони евра компензација за земјоделците во земјите кои граничат со Украина. Планира да воведе и ограничувања за увоз на украински житарки, објави Европската комисија. Како што објави Ројтерс, притисокот врз ЕУ да го реши прашањето за падот на цените поради увозот на поевтини украински житарки на територијата на целиот блок се […]

„Макстил“ ги едуцира основците за намалување и рециклирање на создадениот отпад


  Во единаесет основни училишта во Општина Гази Баба, вработени од Секторот за заштита на животната средина од Макстил ги едуцираат учениците од четврто одделение за рециклирање на создадениот отпад. На учениците преку интерактивен метод и со показни средства им се објаснува процесот на загадување со пластика, хартија и стакло, важноста на рециклирањето, процесот на […]

Наместо скулптури на лавови и шмизли, градиме станови за социјално ранливи категории, вели Ковачевски


Премиерот Димитар Ковачевски денеска, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи и директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, Зоран Ѓоргијев, беше во посета на Општината Бутел, каде што се довршува изградбата на најголемата […]

Цените на становите ќе се намалуваат


Директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, Зоран Ѓоргијев денеска информира дека цените на становите во наредниот период ќе имаат благ пад. – Според она како што се движи сега, има некое намалување на градежните материјали и во секој случај цените ќе одат […]

Ковачевски: И според сегашните законски решенија може да се работи над 40 часа, со согласност на работникот


Согласно сегашните законски решенија кај нас и во моментов може да се работи повеќе од 40 часа, односно 50 часа. Има голем број работници кои работат и 50 часа по свој избор и со нивна согласност, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање за огласот што го објави Јавното претпријатие за државни патишта […]

Најевтино во Делхи, најскапо во Монако: Кои се најповолните дестинации за одмор


Одморот најчесто значи лежење на плажа, сончање, истражување нови култури и места на светското наследство… Така, едно од главните прашања е – каде треба да се оди според личниот, сопствен буџет? „Травелер’с еликсир“ (Traveller’s Elixir), меѓу 60 места низ светот, ги одреди најскапите и најевтините дестинации, преку анализа на просечните цени на хотелите и храната, […]

Ковачевски за извештајот на ДЗР за МЕПСО: Ако е нешто спротивно на законот ќе треба да се сноси одговорност


Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека Владата не може да се меша во работата на државниот електропреносен систем на ниво на дневно управување. Одговарајќи на прашања на новинарите, во врска со извештајот на Државниот завод за ревизија за работењето на МЕПСО, кој открива многу неправилности, Ковачевски рече дека доколку е нешто спротивно на законот ќе […]

Ракетен пораст на цените на храната во Британија – 19,1 отсто


  Инфлацијата во Обединетото Кралство падна за помалку од очекуваното во март, задржувајќи се на двоцифрена, бидејќи домаќинствата беа под притисок од цените на храната и пијалоците кои се зголемија со најбрзата годишна стапка од 1977 година. Канцеларијата за национална статистика (ОНС) соопшти дека годишната инфлација мерена со индексот на потрошувачките цени падна на 10,1% […]

Ковачевски: Коридорите 8 и 10-д ќе се градат и ќе се изградат


Премиерот Димитар Ковачевски денеска денеска изјави дека коридорите 8 и 10-д ќе почнат да се градат. „Коридорот 8 ќе почне да се гради и ќе се изгради, исто како и Коридорот 10-д. Така што сите оние кои што не сакаат да ја видат државата со модерна инфраструктура и поврзана со земјите со регионот, за жал […]

Германскиот синдикат за петок најави национален штрајк на железницата


Синдикатот на работниците во железницата и транспортот Е Фау Ге (ЕВГ) за в петок најави национален штрајк, а меѓу погодените превозници е и националниот железнички оператор Дојче Бан, јави ДПА. Штрајкот ќе opфати 50 компании и ќе трае од 03:00 часот по локално време до 11 часот, соопшти германската синдикална организација. Патниците треба да бидат […]

Објавен оглас за инженери за коридорите 8 и 10д – плата до 70.000 денари, работно време 40 часа


Јавното претпријатие за државни патишта објави оглас за привремено вработување на работници за проектот за изградба на четирите автопати на изведувачот „Бехтел и Енка“ на Коридорот 8 и 10д. Вработувањата ќе траат до завршувањето на проектот, односно до 22 јануари 2028. Во огласот за вработување на Јавното претпријатие за државни патишта, според правилникот за систематизација, […]

Ќе се работи ли до 70 години?


Ќе се работи ли до 70 години? Во изминатиот период Европа ја потресе темата за старосната граница за пензионирање која ја иницираше Франција. Францускиот претседател Емануел Макрон е решен да спроведе реформа со која ќе се пензионира на 64 наместо на 62, како што беше случајот досега. Имено, проблемот во Франција со пензиската реформа е […]