Унгарија ја проширува забраната за увоз на украински производи


Унгарската влада ја продолжи привремената забрана за увоз на украински производи на мед, вино, леб, шеќер и голем број производи од месо и зеленчук.

Списокот на производи кои ќе бидат забранети е објавен со владин декрет, откако Будимпешта објави мерка за стопирање на увозот на житарки, маслодајни семиња и уште неколку производи, пренесува Индекс.

Последниве денови, Полска, Унгарија и Словачка го забранија увозот на жито и друга храна од Украина разурната од војна, откако падот на цените предизвика штрајкови на локалните фармери. Портпаролот на Европската комисија рече дека ваквите еднострани мерки на членките на ЕУ се неприфатливи.

Бидејќи руско-украинскиот конфликт блокираше некои црноморски пристаништа, големи количини украинско жито, кое е поевтино од она што се произведува во Европската унија, заврши во земјите од централна Европа поради логистички проблеми, што влијаеше на цените и продажбата на локалните фармери.