Чешка компанија затвори соларна централа откако произведе премногу енергија


Иако е позната изреката дека од вишокот не боли глава, исклучок е примерот од Чешка поврзан со сончевата енергија.

Една чешка компанија беше принудена да затвори стотици соларни панели откако тие создадоа повеќе енергија отколку што можеше да поднесе мрежата. Еуроњуз пишува дека тоа се случило во понеделникот по Велигден бидејќи денот бил особено сончев, поради што производството на енергија било високо. Тоа беше проблем за компанијата, која немаше план како да го складира вишок енергија.

„Она што го зборувавме долго време сега е докажано. Чешката Република не е подготвена за обновлива енергија бидејќи нема капацитет за складирање“, рече Јан Крчмар, директор на Чешката асоцијација за соларна енергија.

Како што пишува Euronews, соларните панели за време на сончево време честопати можат да произведат повеќе енергија отколку што може да користи мрежата. Доколку нема место за складирање на енергијата, тоа предизвикува нестабилност во мрежата, ја оштетува електронската опрема, а во екстремни ситуации може да доведе до прекин на електричната енергија.

Поради ова, ČEPS беше принуден да ги затвори електраните со вкупна моќност од околу 400 MW, односно шестина од вкупниот капацитет на соларна енергија во земјата. Во нормални услови, Чешка би го пренасочила вишокот енергија во соседните земји, но споменатиот понеделник беше толку сончев што дури и соседите немаа потреба од дополнителна струја. Сите земји освен Данска, Португалија и Словенија беа со вишок.

Од друга страна, овој случај им докажува на критичарите дека обновливата енергија е сè уште остварлив извор на енергија, но бара ефикасни складишни единици кои ќе го задржат вишокот енергија за подоцнежна употреба. Со оглед на новите проекти кои се во развој, наскоро би можеле да добиеме решение.