Вкупните депозити на годишно ниво во јуни биле за 11,5 отсто повисоки, кредитите за 6,5 отсто
Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 11,5 отсто, што произлегува од зголемувањето на депозитите на двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства, соопшти Народната банка. Годишниот пораст, пак, на кредитите од 6,5 проценти е одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, коешто е малку поизразено кај секторот домаќинства. Во соопштението од […]