Инфлацијата во ЕУ во април изнесувала 8,1 отсто, во еврозоната 7,4 отсто


Потрошувачките цени во Европската унија во април се зголемиле за 8,1 отсто на годишно ниво од 7,8 отсто во март, покажуваат денешните конечни податоци на Евростат. Стапката на инфлација во еврозоната во април изнесувала 7,4 отсто на годишно ниво, што е непроменето во однос на март, објавено е на веб-страницата на статистичката агенција на ЕУ. На месечно ниво, инфлацијата …

Инфлацијата во ЕУ во април изнесувала 8,1 отсто, во еврозоната 7,4 отсто Read More »

„Макпетрол“: Повторно лажна наградна игра


Интернет-страници кои што од корисниците бараат да препратат порака на пет онлајн-групи во кои што членуваат или на 20 свои пријатели, лажно тврдат дека е во прашање наградна игра на „Макпетрол“, информираат од компанијата. – Компанијата категорично ги негира овие тврдења, нагласува дека се работи за лажни вебсајтови и од граѓаните бара да не препраќаат …

„Макпетрол“: Повторно лажна наградна игра Read More »

Украинските фармери на линијата на фронтот се борат да го нахранат светот


  На парцела од 1.500 хектари од кошничката за леб на Европа, украинскиот фармер Григориј Ткаченко ја обновува својата фарма. Руските сили стрелаа со проектили „Град“ и куршуми на неговата земја на почетокот на март, бришејќи ги зградите, машините и половина од неговиот добиток – оставија само трага од уништување кога конечно се повлекоа од …

Украинските фармери на линијата на фронтот се борат да го нахранат светот Read More »

Руската филијала на Гугл поднесе барање за банкрот


Руската филијала на Гугл објави дека има намера да поднесе барање за банкрот бидејќи не може да ги исполни своите финансиски обврски, се вели во материјалот објавен на веб-страницата на рускиот Единствен државен регистар на правни лица. – Гугл ДОО, застапуван од извршниот директор Дејвид Мунро Снедон, со ова ја објавува својата намера да поднесе барање за несолвентност (банкрот), …

Руската филијала на Гугл поднесе барање за банкрот Read More »

Македонија и Србија ќе прават брза железница на Коридорот 10


  Премиерите на Македонија и на Србија, Димитар Ковачевски и Ана Брнабиќ, денеска најавија модернизација на железничката пруга долж Коридорот 10. Ковачевски истакна дека мора да се инвестира во железничката инфраструктура на Коридорот 10 заради зголемување на капацитетот и зголемување на брзините на транспорт, додека Брнабиќ потенцира дека еден од следните приоритети на српската влада …

Македонија и Србија ќе прават брза железница на Коридорот 10 Read More »

Бензините поскапуваат за 2,5 денари по литар


Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,8 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 94,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе …

Бензините поскапуваат за 2,5 денари по литар Read More »

За инвестиции во „капка по капка“ и бунари ќе бидат склучени 322 договора вредни 75 милиони денари


Вкупно 322 договора вредни 75 милиони денари ќе бидат склучени по Јавниот повик за набавка на системи за наводнување „капка по капка“ и за конструкција на бунари од Програмата за рурален развој. Договорите чие доделување беше организирано денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе ги потпишат земјоделски стопанства и земјоделци од сите општини …

За инвестиции во „капка по капка“ и бунари ќе бидат склучени 322 договора вредни 75 милиони денари Read More »

Земјоделците да ги заштитат културите од силниот ветер


Влажниот бран што ја зафати земјава е предуслов за развој на болести, штетници и плевели во земјоделството, а силниот ветер кој се очекува некаде да надмине и 60 километри на час, може да предизвика сериозни штети, предупредуваат агрометеоролозите. Според нив, поради малиот број врнежи и високите надпрочени температури, житните култури заостануваат во развојот, а тоа …

Земјоделците да ги заштитат културите од силниот ветер Read More »

(Видео) Ковачевски на Самитот „Македонија 2025“


 Во Скопје почна Самитот што го организира „Македонија 2025“ на кој присуствуваат креатори на политики, лидери на компании, претставници на дипломатскиот кор, меѓународни организации, академската и граѓанската заедница. Фокусот на годинашниот самит е ставен на она што може да се направи за да се избегнат кризите и да се подобри животниот стандард на граѓаните и …

(Видео) Ковачевски на Самитот „Македонија 2025“ Read More »

Како работеа енергетските компании додека дивееја цените на струјата?


Есента 2021 година ќе биде запаметана по енормниот скок на цените на електричната енергија, и според сите предвидувања, високи цените и понатаму ќе се задржат. Растот на цените на берзите го запали алармот за зголемување на домашното производство на секаков можен начин. Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) пак, испорачуваа струја по веќе договрена цена со …

Како работеа енергетските компании додека дивееја цените на струјата? Read More »

„Зелен навигатор“ ќе обезбеди фонд за зелени проекти на Западен Балкан


 Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски и потпретседателот проф. д-р Орце Симов остварија посета на Покраинската влада на Војводина, каде беа дел од настан на високо ниво за претставување на асоцијација „Зелен навигатор на Западен Балкан“.  Ангелоски е член на Управниот одбор на „Зелен навигатор“ кој е воспоставен како единствена иницијатива …

„Зелен навигатор“ ќе обезбеди фонд за зелени проекти на Западен Балкан Read More »

Самит на Македонија2025 во Скопје


Невладината „Македонија2025“ денеска и утре во Скопје ќе го одржи 11-тиот Самит на кој ќе се обратат околу 40 говорници меѓу кои и премиерот Димитар Ковачевски и неговата српска колешка Ана Брнабиќ кои ќе учествуваат на панелот „Градење на просперитетна иднина: Улогата на регионалната соработка“. Според организаторот, фокусот на Самитот ќе биде кон се она …

Самит на Македонија2025 во Скопје Read More »

Владата ги усвои четирите нови јавни огласи за 4.294 хекатри државно земјоделско земјиште


Нови четири јавни огласи за дополнителни 4 294 хекатри државно земјоделско земјиште, до три хектари, во сите 31 регион во државата, поминаа денеска на владина седница. Како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, земјиштето е за сите намени – долгогодишни насади (лозја, овоштарници), оранжерии, маслинарнции, пчелни семејства,…. Николовски најави и дека …

Владата ги усвои четирите нови јавни огласи за 4.294 хекатри државно земјоделско земјиште Read More »

Николовски: Дополнителни три денари за откупот на јаболка и ориз


Владата на денешната седница одлучи со дополнителни три денари да го помогне откупот на јаболка и ориз. Како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, со овие средства ќе се излезе во пресрет за да се надминат проблемите при откупот. -На денешната седница се донесоа и мерки кои треба да помогнат во пробпемите …

Николовски: Дополнителни три денари за откупот на јаболка и ориз Read More »

Николовски: 2,8 милиони евра грант поддршка од KfW за добри практики во земјоделството


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска одржа состанок со претставници на КfW, а во фокусот на разговорите, како што соопшти преку својот фејсбук профил, биле идните заеднички потфати и завршувањето на активностите на проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар од втора фаза. -На состанокот со нашите стратешки партнери и …

Николовски: 2,8 милиони евра грант поддршка од KfW за добри практики во земјоделството Read More »

Битиќи: Создаваме добри економски политики што може да ни помогнат во градењето атрактивна деловна средина


Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска се обрати на конференцијата за Југоисточна Европа на тема „Човечки капитал, миграција и како да ја обликуваме иднината заедно“, што се одржува во Париз, во организација на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Заедно со вицепремиерот Битиќи на …

Битиќи: Создаваме добри економски политики што може да ни помогнат во градењето атрактивна деловна средина Read More »

Инфлацијата во Бугарија стигна до 14,4 отсто


Месечната инфлација во Бугарија во април била 2,5 отсто, а годишната е 14,4 проценти, соопшти Националниот статистички институт. За време на викендот, министерот за финансии Асен Василев предвиде дека инфлацијата ќе се смири, а нејзините највисоки вредности во Бугарија веќе се поминати. Тој извести дека тоа најсилно го чувствуваат крајните корисници преку цените на храната …

Инфлацијата во Бугарија стигна до 14,4 отсто Read More »

„Џонсон Мети“ се вклучи во одбележувањето на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора


Британската амбасадорка во Северна Македонија Рејчел Галовеј и директорот на „Џонсон Мети“ во земјава Боријан Борозанов присуствуваа на засадување дрво пред зградата на компанијата во Скопје. „Џонсон Мети“ со оваа акција учествува во иницијативата за засадување 70 дрвја на национално ниво по повод платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора. Според Борозанов, ова ја нагласува посветеноста …

„Џонсон Мети“ се вклучи во одбележувањето на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора Read More »

Се одржа DevCon 2022: Вмрежување и споделување на знаење од ИТ заедницата за ИТ заедницата  


Викендов во Скопје се одржа ИТ конференцијата DevCon 2022 под мотото “од ИТ заедницата за ИТ заедницата” на која присуствуваа повеќе од 150 професионалци од различни области во развојот на веб и мобилните технологии. „После 2 години пауза поради пандемијата, среќни сме што успеавме повторно да го вратиме DevCon со настан во живо и освен одличните предавања што …

Се одржа DevCon 2022: Вмрежување и споделување на знаење од ИТ заедницата за ИТ заедницата   Read More »

Saudi Aramco го престигна Apple – која е највредна компанија во светот?


Нафтениот гигант Saudi Aramco го престигна Apple и повторно стана највредна компанија на светот, благодарение на растот на акциите поттикнат од високите цени на нафтата. Aramco сега вреди 2.430 милијарди долари, во однос на пазарната капитализација од 2.370 милијарди долари на Apple.   Титулата „највредна светска компанија“, Aramco ја стекна после историската иницијална јавна понуда во 2019 година, …

Saudi Aramco го престигна Apple – која е највредна компанија во светот? Read More »