Инфлацијата во Бугарија стигна до 14,4 отсто

Месечната инфлација во Бугарија во април била 2,5 отсто, а годишната е 14,4 проценти, соопшти Националниот статистички институт.
За време на викендот, министерот за финансии Асен Василев предвиде дека инфлацијата ќе се смири, а нејзините највисоки вредности во Бугарија веќе се поминати. Тој извести дека тоа најсилно го чувствуваат крајните корисници преку цените на храната и градежните материјали.