Со поддршка на ЕУ обезбедуваме нова опрема за Ген банката при Институтот за тутун во Прилеп


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска го посети Научниот институт за тутун во Прилеп, една од најстарите научни институции на Балканот, која што следната година го слави својот 100. роденден. Институтот за тутун е важна научна институција во производството на тутун и сите овие години успешно ја извршува својата научна дејност, се […]

Проценетата штета од пожарите на Хаваите е меѓу четири и шест милијарди долари


Њујорк– Американската компанија Мудис, која се занимава со анализа на ризици од природни катастрофи, денеска објави дека проценетата финансиска штета од неодамнешните пожари на Хаваите е меѓу четири и шест милијарди долари.  Одделот за управување со ризици на оваа компанија во својот извештај наведува дека се очекува најголем дел од штетата да биде покриена со […]

Ковачевски на средба со делегација на „Хјундаи“: Одлична дестинација сме за странските инвеститори


Потенцијалот за странски инвестиции, како и владините политики за создавање на поволна бизнис клима за привлекување странски инвестиции, беа тема на разговор на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за одбрана Славјанка Петровска со делегација на Hyundai Motor Group, предводена од извршниот директор, Еуисун Чунг и јужнокорејскиот […]

Бесими-Милер: Ветерни и фотонапонски електрани и други енергетски проекти се приоритети за идна соработка со КвФ


  Паркот на ветерни електрани Миравци, две фотонапонски електрани во кругот на ТЕЦ Битола, модернизација и надградба на комплексот Енергетика и соларна топлификација Битола, се проектите за кои од КФВ банката изразија интерес за поддршка на реализација во нашата земја. На средбата помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими со директорот на Секторот за Југоисточна Европа […]

САД се премногу зависни од руското нуклеарно гориво


Вашингтон – САД прават неверојатни трошоци поради нивната преголема зависност од Русија за нуклеарно гориво. Со цел да се реши овој проблем, Америка планира да го зголеми производството на збогатен ураниум, наведува Блумберг. Советникот за нуклеарна енергија на Белата куќа, Пранај Вади и извршната директорка на „Уренко“, Карен Фили истакнаа дека не само САД туку […]

OКТА донираше фотоволтаична централа за градинката „Пепелашка“ во Општина Центар


  Како дел од активностите на компанијата во обележувањето на 45-годишниот јубилеј, ОКТА донираше фотоволтаична централа на детската градинка „Пепелашка“, лоцирана во скопската Општина Центар. Новата централа со вкупна инсталирана моќност од 20,5 kW (киловати) е поставена на покривот на градинката и ќе обезбеди нејзино снабдување со енергија од обновливи извори. „Во рамки на нашата […]

Од септември платите во АД ЕСМ повисоки за 15 отсто


На одбележувањето на Денот на рударите во РЕК Битола, генералниот директор на АД ЕСМ Васко Стефанов и претседателот на синдикалната организација Јове Смилевски потпишаа Спогодба за измена на Колективниот договор, со која платите на вработените им се зголемуваат за 15 отсто, почнувајќи од септемвриската плата. По повод одбележувањето на Денот на рударите во РЕК Битола, […]

(Видео) Во Албанија кај Берат пронајдено е големо количество висококвалитетен гас и нафта


Албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека во планината Шпираг кај Берат е пронајдено големо количество висококвалитетен гас и нафта. Тој на социјалните мрежи напиша дека по речиси десет години работа и достигнување на длабочина од 6.002 метри, веќе се подготвува конечниот тест за стабилноста на подземниот притисок за извлекување нафта и гас на површината, што […]

Албанска компанија ја тужи Северна Македонија во Арбитражниот суд и бара отштета од 110 милиони долари


Албанска компанија ја тужи Северна Македонија во Меѓународниот центар за разрешување спорови во Вашингтон, барајќи отштета од 110 милиони долари. -Станува збор за групацијата „Амадеус Груп“ во сопственост на стопанственикот Бесим Елшани и Елисабета Ѓони. Основата на спорот е изградбата на хотел и трговски центар во центарот на Скопје. Според тужбата, проектот е закочен, а […]

Нафтените компании им плаќаат милиони на инфлуенсерите во обид да допрат до младите луѓе


Големите нафтени компании како што се американскиот „Ексон мобил“ и британската „Шел“ плаќаат милиони на инфлуенсерите и ПР компаниите за да допрат до помладата генерација, особено до милениумците. Како што пренесува Business Insider, повеќе од 100 инфлуенсери соработувале со големи нафтени компании од 2017 година. „Нафтените компании се обидуваат да ја освојат довербата на помладата […]

Како ќе изгледа глобалната економија според БДП во 2050 година (инфографика)


  Според неодамнешниот извештај на Голдман Сакс, рамнотежата на глобалната економска моќ се предвидува драматично да се промени во следните децении. Поконкретно, аналитичарите веруваат дека Азија наскоро би можела да стане најголемиот регионален фактор во светскиот БДП, надминувајќи ги традиционалните економски моќници групирани во категоријата развиени пазари.   На горната слика се претставени реални прогнози […]

Лебот нема да поскапи, ова е само шпекулација, тврдат мелничарите


Цената на лебот во однос на брашното ќе нема никакви поместувања, освен ако драстично не поскапат енергенсите или електричната енергија како минатата година, тврдат мелничарите. Но, во таков случај, тие очекуваат Владата да реагира навремено и да ги изрегулира на соодветно ниво цените на енергенсите или струјата за да не се повтори, велат, проблемот од […]

Европските нафтени компании не прават ништо за енергетската транзиција


Амстердам– Еколошката организација „Гринпис“ ги обвини европските компании за гас и нафта дека „не прават ништо“ за енергетската транзиција и дека „апсолутно ги игнорираат нивните климатски обврски“. Организацијата упати апел до владите да ги принудат да го прекинат производството на фосилна енергија за да ја спасат климата. Во извештајот на германскиот политиколог и експерт за […]

Пуштање во употреба на фотоволтаична централа во градинката „Пепелашка“ во Општина Центар


Фотоволтаична централа за потребите на градинката „Пепелашка“ во општина Центар, денеска ќе биде пуштена во употреба. Настанот ќе се одржи во кругот на градинката, а обраќање ќе имаат и главниот извршен директор на ОКТА Димитриос Пасхос и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Фотоволтаичната централа е донација на компанијата ОКТА АД Скопје.

Пченицата ја набавија двојно поевтино од лани: Николовски против најавите за поскапување на лебот


  Министерот за земјоделство Љупчо Николовски денеска на прес конференција остро ги нападна мелничарите кои најавуваат повисоки цени на лебот, посочувајќи дека годинава цените на суровините кои ги набавуваат се драстично пониски од ланските.  „Треба да одговорат кои се аргументите, зошто некој би барал зголемување на цената на лебот на грбот на граѓаните кога мелничката […]

Нови проблеми во банкарскиот сектор во САД: СиП го намали кредитниот рејтинг на неколку банки


  „СиП Глобал“ (S&P Global) во понеделникот го намали кредитниот рејтинг и ја ревидираше својата перспектива за неколку американски банки, по сличен потег на „Мудис“, предупредувајќи дека ризиците од финансирањето и послабата профитабилност веројатно ќе ја тестираат кредитната сила на секторот. СиП ги намали рејтинзите на Associated Banc-Corp и Vallei National Bancorp поради ризиците за […]

До сега реализирани 60 отсто од приходите во Буџетот планирани за годинава


Имаме добра реализација на планот за годинава кај Буџетот по сите основи и имаме поголема реализација за периодот јануари – август во споредба со минатата година, оцени денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Нагласи дека реализацијата на вкупните приходи во Буџетот за 2023 година досега е 60,04 отсто, кај данокот на личен доход е 61,7 […]

Бесими повикува да не се шпекулира со поскапувањата, нема основа за зголемување на цената на лебот


 Во време на криза не треба шпекулативно да се зголемуваат цените. Владата е подготвена да разговара со мелничката индустрија и да реагира соодветно за да ги заштити граѓаните. Но, секој носи дел од одговорноста, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими во врска со најавите во медиумите за поскапување на лебот. Според Бесими, најавите за […]

Европа има недостиг на контролори на летање


 Европа се соочува со недостиг на меѓу 700 и 1.000 контролори на летање, како резултат на недоволната заинтересираност на младите за оваа професија која ја каракреризираат постојани обуки и наобразби, нефлексибилно работно време и прекувремена работа. Според извршниот потпретседател на Меѓународната федерација на асоцијации на контролори на летање, Фредерик Дело, главна причина за недостигот на […]