ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандман ДДВ-то за пелетите да остане 5 отсто


Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека со покачувањето на ДДВ за пелетите од 5 на 18 отсто секое домаќинство ќе треба да издвои плус 6.000 денари месечно во претстојната грејна сезона и најавува дека неговата пратеничка група ќе поднесе амандман да остане постојното решение за ДДВ-то за пелетите. -Владата прво го покачи ДДВ за […]

Твитер изгуби половина од приходите од реклами откако го презеде Маск


  Твитер изгуби речиси половина од приходите од реклами откако беше купен од Илон Маск за 44 милијарди долари минатиот октомври, откри неговиот сопственик. Тој рече дека компанијата не забележала зголемување на продажбата што се очекуваше во јуни, но додаде дека јули е „малку повеќе ветувачки“. Маск отпушти околу половина од 7.500 вработени од Твитер […]

Руската одлука ги зголеми цените на пченицата на берзата во Чикаго


Цените на пченицата денеска на берзите експресно пораснаа откако Русија се повлече од учеството во Иницијативата што гарантираше безбеден извоз на житарки преку Црното Море, наведуваат трговците. На берзата во Чикаго, фјучерсите на пченицата поскапеа за 3,4 отсто на 6,84 долари за бушел. Цените на пченката, исто така, се зголемија, за два отсто, на 5,16 […]

Бензинот поскапува за 1,5 денари, дизелот со иста цена


За 1,5 денари поскапуваат малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, додека пак на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) цената останува иста. Цената на Мазутот М-1 НС исто така се зголемува за 0,6 денари и ќе чини 42,4, а зголемување од 1,5 денари има и кај Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) кое ќе чини 71,5 денари, […]

Ангел Димитров од „Мода“ Свети Николе, добитник на награда за долгогодишна коморска активност


  Стопанската комора на Северна Македонија му додели награда за долгогодишна коморска активност на Ангел Димитров, познат стопанственик и претседател на одборот на директори на АД „МОДА“ Свети Николе по повод годишнината на Комората. Како што се вели во образложението за наградата, Ангел Димитров, претседател на Одборот на директори на АД „Мода“ Свети Николе“, долги […]

Отворањето на рудникот Иловица за некои од жителите е шанса, не трагедија


Рудникот Иловица-Штука е предуслов за опстанок на општините Ново Село и Босилово, сметаат жители кои го поддржуваат отворањето на рудникот зашто велат дека на тој начин ќе се задржат младите луѓе во краевите кои веќе се запустуваат, пишува во репортажа порталот Југоинфо. Никола Стаменов од Штука, поранешен претседател на Федерацијата на фармери на Македонија, смета дека […]

Селаудин Арифи- трговец, градежник, акционер, донатор и сват на Ахмети


Кичевската мелничко пекарска индустрија „Жито Караорман“ го менува сопственикот – по берзанска трансакција преминува во рацете на досега малцинскиот акционер Селаудин Арифи, кој има амбиција целосно да ја преземе фирмата, пишува порталот „Пари“ во денешната анализа. Веројатно, двете ценовно чувствителни информации објавени преку Македонска берза би минале без поголема гласност, доколку оваа бизнис зделка нема […]

Владата утре ќе ја преиспитува одлуката за спојување на концесиите за рудникот во Иловица


Владата утре на седница ќе ја преиспитува одлуката за спојувањето на концесиите за рудникот во Иловица и ќе разгледа поопширна информација од министерот за економија Крешник Бектеши и вработените во Министерството за економија надлежни за доделување на концесиите, најави денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.  Одговарајќи на новинарски прашања, Тренчевска рече дека […]

Стапи во сила Одлуката на ЕУ за макрофинансиска помош за земјава


Одлуката на ЕУ за обезбедување макрофинансиска помош за Северна Македонија во износ до 100 милиони евра за справување со последиците предизвикани од руската агресија врз Украина, стапи во сила, откако денеска официјално е објавена во Службениот весник на Европската Унија. Одлуката што Советот за општи работи (ГАК) на Унијата едногласно ја одобри на минатиот понеделник, […]

Хаос на пазарот: Никогаш помалку мајстори, сè повеќе измамници


Недостигот од мајстори на различни профили ги принудува луѓето на кои им се потребни да го пронајдат на различни начини, од упатувања до реклами или на социјалните мрежи. „Врз основа на медиумските наслови за појава на „лажни мајстори“ на пазарот, препорачуваме внимателност и проверка на избраните изведувачи или услуги. Пред да склучите зделка потребно е […]

Светски берзи: Индексите растат, инфлацијата се намалува


На светските берзи цените на акциите силно пораснаа минатата недела бидејќи инфлациските притисоци во западните земји полека се намалуваат, што значи дека наскоро ќе заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на централните банки. На Волстрит, Dow Jones минатата недела порасна за 2,3 отсто, на 34.509 поени, додека S&P 500 скокна за 2,4 […]

ЗК „Пелагонија“ реагира на откупната цена на пченицата, смета дека е нереално ниска


ЗК „Пелагонија“ денеска реагираше на најавата за откупната цена на пченицата од годинашната реколта. „Во услови кога сточното брашно има цена од 12 денари за килограм, несватлива и нереална е најавата од млиновите во Македонија дека пченицата од годинешната реколта ќе ја откупуваат по цена од 9, 10 и 11 денари. Ваквата цена е нереално […]

Брзата пруга ќе го приближи Скопје до Белград и до Будимпешта


Премиерката на Србија Ана Брнабиќ денеска изјави дека во јуни се завршени преговорите за капиталниот проект, железничко поврзување на коридорот 10 преку како што нагласи, брза модерна пруга помеѓу Белград, Ниш, Прешево, односно граница со Северна Македонија, до Скопје и понатаму кон Грција. – Тоа е проект којшто ќе го финансира ЕУ и дел од бесповратните […]

Штрајкот на воздушниот сообраќај во Италија приземји речиси 1.000 летови, штетите се во милиони евра


Штрајкот во италијанскиот воздушен транспорт во саботата резултираше со откажување на речиси 1.000 летови, објави денеска новинската агенција АНСА. Според синдикатот кој го свика штрајкот, на него учествувале речиси сто проценти од вработените кои се очекуваше да штрајкуваат, наведува агенцијата. Неколку стотици летови беа откажани само на главните италијански аеродроми во Рим, Милано, Неапол и […]

Патарините во Македонија и во Србија електронски може да се плаќаат со еден уред


Поминувањето на патарините во Македонија и во Србија од сега ќе биде многу поедноставно и побрзо откако денеска на наплатната рампа „Прешево“, беше промовиран заедничкиот интегриран електронски систем за наплата како еден од проектите во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. За сега ваквиот начин на електронско плаќање со еден уред може да се користи во […]

(Во живо) Ковачевски и Брнабиќ го промовираат интегрираниот електронски систем за наплата на патарините


Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ го промовираат заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините. Станува збор за брзо и ефикасно плаќање на патарините во Северна Македонија и Србија со помош на посебен ТАГ уред за бесконтактно електронско плаќање на патарина, кој успешно функционира и овозможува […]

„Турфлација“? Како турнеите на Тејлор Свифт, Бијонсе и Брус Спрингстин може да ја зголемат инфлацијата


Бидејќи инфлацијата останува висока во многу земји низ светот, економистите размислуваат за изненадувачки потенцијален придонесувач: музичките концерти. Бијонсе моментално е на својата прва соло турнеја од 2016 година, „Ренесанс“, а Тејлор Свифт ги полни стадионите со нејзината турнеја „Ерас“ што предизвика бес за моќта на Тикетмастер и Лајв нејшн во врска со продажбата на билети […]

Бесими: Индексирањето со просечната плата во јавниот сектор е историска одлука


  „Владата никогаш не беше „спротивставена страна“ во преговорите за плата со синдикатите, туку менаџер во процесот кон утврдување на оптимален исход. Активно водевме преговори со синдикатите, но ни беше значајно и да понудиме соодветно решение пред ММФ, за да и тие согледаат дека предлогот има фискална издржаност и дека нема да направи притисоци врз […]

Илон Маск вели дека приходите од реклами на Твитер се намалени за 50 отсто, а готовинскиот тек е негативен


  Илон Маск во саботата на Твитер откри дека, поради 50 отсто пад на приходите од рекламирање и „големиот товар на долгови“, платформата сè уште има негативен готовински тек. Сопственикот – милијардер твитна во саботата, како одговор на деловниот совет од следбеник: „Треба да постигнеме позитивен тек на пари пред да го имаме луксузот од […]

„Брако“ ги проширува капацитетите, гради нова хала


  „Брако“ го шири производството и гради нови погони за да одговори на зголемената побарувачка од светот за возилата за чистење. Новата хала се простира на површина од над 4.400 метри квадратни, а со неа ќе се овозможи проширување на производството, како одговор на зголемената побарувачка. Вредноста на инвестицијата е 2,5 милиони евра, а „Брако“ […]