Просечната нето-плата во јули се искачила на 36.286 денари


Зголемување од 14,1 отсто на просечната нето-плата регистрирал Државниот завод за статистика во текот на јули 2023 година. Исплатената нето-плата во седмиот месец изнесувала 36.286 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (19,5 отсто), Образование (17,2 […]

Црногорските лозја ги берат сезонски работници од Индија


  Цногоската државна компанија „Плантаже“ ангажираше 40 сезонски работници од далечната Индија за потребите на бербата на грозје, која е во тек. Причина за ангажирање сезонски работници од Индија, што изненади многумина, е недостигот на сезонски работници од регионот, пишува „Дан“. „Досега делумно го решававме проблемот со работната сила со ангажирање работници од земјите од […]

„Тиквеш“ се вклучува во новото партнерство за развој на кадри во домашните компании


  Винарската визба „Тиквеш“, со своите ресурси и експертиза, активно ќе учествува во партнерството со кое приватниот сектор ќе се ангажира за развој на кадар во државата, во рамки на активноста која е кофинансирана од М6 Едукативен центар и Владата на Швајцарија, преку проектот „Образование за вработување“ спроведуван од „Хелветас“. Целта на Проектот е преку […]

Мицкоски за солидарниот данок: Во Македонија има даночни раеви каде фискалните сметки не важат


Има даночни раеви во Македонија каде што ниту фискални сметки важат, ниту било какви законски одредби, а има и делови во градот Скопје каде може да платите со европска валута и да ви вратат кусур исто така со европска валута, изјави претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски. На прес – конференција во Општина Новаци, […]

На почетокот на наредната година минималната плата ќе се зголеми за најмалку 10 отсто


На почетокот на наредната година минималната плата ќе се зголеми за најмалку 10 отсто, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Инфлацијата во делот на прехраната би требало да биде околу 5 – 6 отсто, а генералната, рече Бектеши, од 7 – 8 проценти. Според него, почнувајќи од јули годинава, зголемувањето на платите го надминува […]

„Хјундаи“ инвестира повеќе од 12 милијарди долари во САД


Јужнокорејскиот производител на автомобили Hyundai Motor Group објави дека ќе инвестира 12,6 милијарди долари во изградба на погони за електрични возила и батерии во САД. Hyundai ќе потроши 7,6 милијарди долари на фабрика во округот Брајан, Џорџија, која ќе вработи повеќе од 8.500 работници. Во соработка со SK Ona, компанијата ќе инвестира и пет милијарди […]

„Блу економи самит“ : Водата како ресурс може да овозможи економски развој


Во Скопје денеска се одржува „BLUE ECONOMY SUMMIT“ посветен на подобрата животната средина и водата како ресурс што може и треба да овозможи економски развој преку искористување на потенцијалот за создавање зелени работни места. Северна Македонија има одлична местоположба и клима, совршени идеи за развој на сината економија, но потребна е поголема институционална поддршка и […]

Грчката компанија инвеститор во Чебрен, треба да обезбеди дозвола за води па потоа ќе се потпише концесијата


Министерката за животна средина Каја Шукова денеска појасни дека хидроцентралата Чебрен ќе биде дадена под концесија, како и дека инвеститорот грчка компанија ќе инвестира во системот и нема да има свежи пари за државата. Грчката компанија понудувач, како што нагласи Шукова, прво треба да обезбеди дозвола за води, согласно Законот за води, а потоа ќе […]

Економски одлуки се носат за граѓаните, а не за лични интереси на одредени членови на коморите


– Ние не носиме одлуки за лични интереси на одредени членови во Стопанската комора, ние носиме одлуки за граѓаните и за одреден сектор, вклучувајќи ги трговијата или преработувачката индустрија. Сите решенија се донесени низ разговори и во консултација со коморите, над 90 отсто се предлози што произлегуваат од стопанските комори, и во делот на листата […]

Битиќи од Њујорк: Нашите национални политики имаат 83 отсто усогласеност со целите за одржлив развој, просек далеку над глобалниот


Овие денови, овде во Њујорк ја афирмиравме посветеноста на нациите во светот на остварувањето на 17. цели за одржлив развој, дефинирани во Агенда 2030. Постигнатиот консензус ветува дека ќе се изгради меѓудржавна солидарност, ќе се врати оптимизмот и ентузијазмот за обезбедување на развој и подобар квалитет на живот за секого и насекаде, вклучително и во […]

Германска компанија ја прекинува изградбата на 60.000 станови поради високи трошоци


Германската групација за развој на имот „Воновиа“ ги одложи плановите за изградба на 60.000 станови поради високите каматни стапки и трошоците за изградба, рече извршниот директор Ролф Бух. „Имаме планови за вкупно 60.000 станови во фиока“, изјави Бух за Funke Mediengruppe во средата. „Подготвуваме сè до фазата на добивање градежни дозволи. И се надеваме дека […]

Глобалниот долг достигна нов рекорд од 307 трилиони долари


Вашингтон– Глобалниот долг се зголеми за 10 трилиони долари во првата половина од годината и достигна нов рекорд од 307 трилиони долари, според Институтот за меѓународни финансии (IIF) со седиште во Вашингтон. Споменатата сума претставува 336 отсто од глобалниот БДП, наведува ИИФ. Во својот извештај за динамиката на глобалниот долг (државен, корпоративен, финансиски и домаќинство) […]

Колективна визија на македонските индустрии: 18 компании склучија партнерство за развој на кадрите


M6 Едукативниот центар и швајцарскиот проект „Образование за вработување – Е4Е“ на 20 септември 2023 година, на настан во Кавадарци, го најавија партнерството со кое приватниот сектор ќе се ангажира за развој на кадарот во државата. Ваквата соработка ја рефлектира заедничката заложба за развој на иновации, одржлив развој, како и економски и социјален просперитет на […]

„Макпетрол“ повикува заедно да кренеме глас против врсничкото насилство


Физичкото, вербалното, односно, психичкото, социјалното и сајбер-насилството се дел од животот на децата во Македонија, уште од најрана возраст. Ваквото секојдневие изминативе години е потврдено од низа истражувања, а случаите за кои што медиумите често известуваат, потврдуваат оти состојбата со овој проблем полека станува алармантна. Со цел да укаже на важноста на оваа горлива тема, […]

Во Србија изработен просторен план за гасна интерконекција со Северна Македонија и ставен на јавен увид


Во Србија е изработен и ставен на јавен увид планот за израдба на двонасочен гасовод долг 146 километри, кој ќе обезбеди меѓусебно поврзување со гасоводниот систем на Северна Македонија и предуслови за гасификација на градовите и општините во јужна Србија, јави дописникот на МИА од Белград. -Српското министерство за градежништво, транспорт и инфраструктура го стави […]

Средба Бесими-Агелер: Македонија да продолжи по патот за полноправно членство во ЕУ, поддршка од САД за реформите на тој пат


Министерот за финансии Фатмир Бесими се сретна со амбасадорката на САД во земјава Ангела Агелер. На средбата стана збор за актуелните политикички и економски случувања во земјата, како и за напорите што се вложуваат за имплементација на реформите во управувањето со јавните финасии, како и за борбата со корупцијата. „РС Македонија се наоѓа во значајна […]

Шукова: И ХЕЦ „Тиквеш“, заедно со ХЕЦ „Чебрен“ ќе дадеме да го оперира концесионерот


По изградбата на ХЕЦ „Чебрен, Македонија же добива 33 отсто од влогот, а 67 отсто одат за концесионерот, појасни денеска министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, по самитот за Сина економија. Исто така, поради близината и, всушност, затоа што се изградени на иста река, покрај ХЕЦ „Чебрен“, државата ќе го даде на […]

Анѓушев: Честитки за Денот на независноста на Малта


Почесниот конзул на Малта во Северна Македонија, проф. д-р Кочо Анѓушев, го честита Денот на независноста на Малта, која годинава одбележува 59 години независност од Обединетото Кралство, стекната во 1964 година. Почесниот конзул Анѓушев упатува желби за социјална и економска благосостојба до народот на Малта, а почесниот конзулат отворен во Скопје во 2021 година, е […]

Штрајк на синдикатите во Грција поради законот за работни односи


Поради владините реформи во законот за работни односи, синдикати на вработените во јавниот сектор (АДЕДИ) и на Комунистичката партија (ПАМЕ), како и работнички здруженија и федерации за денеска закажаа 24-часовен штрајк и протести пред грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Во штрајкот учествува Федерацијата на просветни работници, која повика училиштата да бидат затворени, […]

Во Дојран промоција на алтернативни видови транспорт


Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек, по повод „Европската недела на мобилност“, ќе престојуваат во работна посета на Општина Дојран. Бочварски и Закоњшек во Дојран ќе промовираат алтернативни видови на транспорт.