Европејците во просек работат по 37,5 часа неделно


Вообичаената работна седмица за лицата на возраст од 20 до 64 години во земјите членки на ЕУ во 2022 година во просек изнесувала 37,5 часа, соопшти денеска Европската статистичка служба – Евростат.

Според овие податоци, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, најдолги работни недели има во Грција и тоа од 41 час, по што следува Полска со 40,4 и Романија и Бугарија со по 40,2 часа.

Од друга страна, најкратко се работи во Холандија, каде просечната работна седмица изнесувала 33,2 часа, по што следуваат Германија со 35,3 и Данска со 35,4 часа.

Должината на просечната работна недела се пресметува според бројот на часови што вообичаено се одработуваат неделно на главното работно место, вклучувајќи ги и дополнителните часови, без разлика дали се платени или неплатени, но го исклучува времето на патување од дома до работното место и назад, паузите за оброк и часовите минати на обуки што не се поврзани со работата. с