Нафтата поевтини откако Трамп изјави дека се малку веројатни нови напади врз Иран


Цените на нафтата се намалија денеска откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е многу малку веројатно да нареди нови напади врз Иран додека напредуваат разговорите за прекин на конфликтот. Но, новите напади врз бродови во Ормуската Теснина продолжија да предизвикуваат загриженост во врска со понудата, јавија британски медиуми. Нафтата Брент падна за 1,27 проценти […]

На обвинувањата од СДСМ за Алта банка Битола, ВМРО-ДПМНЕ одговара со случајот Еуростандард банка


Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до медиумите реагираше на обвинувањата до СДСМ за Алта банка Битола, повикувајќи се на случајот со Еуростандард банка, на која пред неколку години во време додека СДСМ беше на власт, Народната банка ѝ ја одзеде дозволата.  Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за […]

Златото и среброто бележат раст на светските пазари


Цените на благородните метали бележат позитивно движење на светските пазари, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст. Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се […]

СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?


Опозициската СДСМ денеска во соопштение до медиумите повторно се навраќа на темата за Алта банка Битола при што прашува дали во трезорот и во документите на банката има 80 милиони евра, како и во кое својство преговарал премиерот Христијан Мицкоски во врска со продажбата на битолската банка. Од СДСМ посочуваат на случуавњата во Србија, каде […]

Германците ќе работат повеќе од 8 часа на ден? „Три дена по 12 часа и тоа е тоа“


Осумчасовниот работен ден, кој Германија го воведе во ноември 1918 година, е доведен во прашање по 108 години. Но, три недели откако канцеларот Фридрих Мерц ја прогласи реформата на законот за работно време за „задоцнета“ бидејќи требаше да биде на сила досега, нацртот сè уште не стигнал до владата. Коалицијата на демохристијаните и социјалдемократите сè […]

„Нвидија“ проверува дали нејзиниот извршен директор бил цел на странска шпионажа


Американската технолошка компанија „Нвидија“ (Nvidia) проверува дали нејзиниот извршен директор, Џенсен Хуанг, бил цел на странска шпионажа. Претходно медиумите објавија дека директорот на водечката американска технолошка компанија имал вонбрачна врска со кинеска бизнисменка, за која подоцна се дознало дека е кинеска шпионка. Во писмо до вработените во „Нвидија“, Хуанг признал дека ѝ бил неверен на […]

Зошто странски фирми заминуваат од Србија: Во три града се загрозени 2.000 работни места. „Моделот на евтина работна сила е исцрпен“, велат економисти


Странските компании како „Дрексел мајер“ и „Астер текстил“ ја напуштаат Србија, што директно загрозува околу 2.000 работни места во неколку градови. Главните причини за заминувањето на инвеститорите се зголемувањето на трошоците за работна сила во Србија, економската криза во Европа и конкуренцијата од другите земји со поевтина работна сила, пишуваат српските медиуми. Српската економија деновиве […]

Цените на гасот за претприемачите: Како изгледа споредбата во Европа?


  Цените на природниот гас за претприемачи во Европската Унија се намалија за 6,7 проценти на годишно ниво во првата половина од 2026 година, според најновите податоци на Евростат, а Хрватска се издвојува со еден од најниските удел на даноци и давачки во цената на гасот, пренесува регионалниот бизнис портал СЕЕбиз. Во првата половина од […]

Нов европски економски тигар: Привлече илјадници германски компании, станаа шампиони на економскиот раст


Додека Германија со години се бори со економска стагнација, нејзиниот источен сосед Полска доживува силен раст и сè повеќе се етаблира како една од најуспешните европски економии. Земјата, која со децении се сметаше за посиромашен дел од Европа, денес привлекува германски инвеститори, компании, но и работници кои сè повеќе одлучуваат да ја напуштат Германија и […]

Глобални пазари: Распродажба на акции од технолошкиот сектор по победата на демократите


Синиот бран, победата на демократите на среднорочните избори во САД, прво беше придружена со силен раст на индексот Дау Џонс, а ден подоцна и со силна распродажба, особено во секторот за вештачка интелигенција. Имаше (претеран) страв дека демократите ќе ја забават изградбата на центри за податоци. Индексот Dow Jones минатата недела падна за 0,9 отсто, […]

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје


 Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ ќе бидат дел од годишната конференција на МАСИТ, која ќе ги отвори клучните прашања за примената на вештачката интелигенција во бизнисот, економијата и јавниот сектор. Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 18 ноември 2026 година, во Скопје, ја организира својата годишна […]

Ангел Анѓушев: За успех на странските пазари не е доволна само добра цена, туку и висок квалитет


За да бидат конкурентни на меѓународните пазари, македонските компании мора да понудат многу повеќе од добра цена. Квалитетот, современата технологија, стручниот кадар и ефикасното производство се предуслови за успешен извоз. Ова го истакна Ангел Анѓушев, оперативен директор на Green Machines и член на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија, на панел-дискусијата „Извоз без […]

ЕК ги започна преговорите за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“


Европската комисија ги започна преговорите со шесте партнери од Западен Балкан за нивно вклучување во европската шема „Роаминг како дома“, со која на граѓаните ќе им се овозможи да ги користат мобилните услуги во ЕУ без дополнителни трошоци за роаминг, соопшти Европската комисија. Преговорите ги опфаќаат Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора […]

Разговарав во две домашни банки за Алта банка Битола, вели Славески. Не исклучува и „екстремни“ сценарија


За битолската Алта банка, која е под времена управа на Народната банка, интерес за купување пројавиле шест инвеститори, од кои две домашни банки со кои гувернерот Трајко Славески веќе остварил средба. Ова попладнево на прес конференција во НБМ го изјави гувернерот Славески, во одговор на новинарско прашање, без притоа да посочи конкретно за кои банки […]

Поставен камен-темелник за новиот систем за наводнување „Страиште“ во општина Валандово


Камен-темелник за изградба на новиот систем за наводнување „Страиште“ беше поставен денеска во општина Валандово како дел од програмата за наводнување, што Владата ја спроведува преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со финансиска поддршка на германската влада и германската развојна банка КФВ. На настанот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, Борче Серафимовски, министер за земјоделство, шумарство […]

Унапредувањето на пензискиот систем да се темели на стручни анализи, посочува МАПАС


Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, со цел обезбедување точни, транспарентни и разбирливи информации за јавноста, укажува на значењето, начинот на функционирање и механизмите за заштита на средствата во капитално финансираното пензиско осигурување, како важен дел од пензискиот систем. Капитално финансираното пензиско осигурување, односно вториот пензиски столб, функционира на принцип на […]

Студија на ЕОС: Банкарството се менува, секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек


Долго време личното советување се сметаше за незаменлив дел од односот на банката со потрошувачите. Студијата EOS Banking AI Barometer – Како Европа навистина се чувствува во однос на ВИ во банкарството, покажува дека оваа слика се менува. Студијата испитува како европските потрошувачи ја оценуваат вештачката интелигенција (ВИ) во банкарскиот сектор. Од нив 46 проценти […]

ТИТАН Усје и ПМФ ја продлабочуваат соработката во поддршка на науката и образованието


ТИТАН Усје и Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој го зајакнуваат партнерството меѓу академската заедница и индустријата. Меморандумот е продолжение на повеќегодишната соработка насочена кон практична настава, размена на знаења и искуства и развој на идните стручни кадри. „Поддршката за академската заедница за нас е […]

Власта бара купувачи за Алта банка Битола, од СДСМ велат дека се врши притисок врз странска и домашна банка


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека заедно со гувернерот Трајко Славески и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, во наредните денови ќе имаат средби со потенцијални купувачи на Алта банка ад Битола, која е под управа на Народната банка, откако нејзината банка – мајка во Србија се најде во стечај. Наоѓањето нов инвеститопр во битолската […]

Нови 3,5 милиони евра од КФВ за Коморскиот Инвестициски форум


Германаката влада преку Германската банка за развој (KFW) ќе продолжи да го поддржува Коморскиот Инвестициски форум (КИФ) на шесте земји од Западен Балкан, соопшти Стопанската комора на Македонија. Како што се вели во соопштението до медиумите, Бранко Азески в.д. претседател на КИФ, добил известување преку Сојузното министерство за економска соработка (одделение за Југоисточна Европа), дека […]