Разговарав во две домашни банки за Алта банка Битола, вели Славески. Не исклучува и „екстремни“ сценарија

Гувернерот Славески на прес-конференција соопшти три нови олеснувања, кои се однесуваат на проширување на мрежата за исплата на готовина, зголемување на лимитите за користење на платежните картички и располагање со приливите од плати, пензии и социјални трансфери


За битолската Алта банка, која е под времена управа на Народната банка, интерес за купување пројавиле шест инвеститори, од кои две домашни банки со кои гувернеор Тракјско Слацески веќе остварил средба. Ова попладнево на прес конференција во НБМ го изјави гувернерот Славески, во одговор на новинарско прашање, без притоа да гпосочи конкретно за кои банки и инвеститори станува збор. Прес конференцијата беше главно посветена на олеснувањата околу исплатат ана заштедите и примањата на штедачите во Алта банка Битола, и мерките кои ќе следуваат во наредниот период. Славески, одговарајќи мна новинарски прашања исто така, рече дека продажбата на Алта банка Битоал е најдобрата и најпосакуваната опција, но не се исклучуваат и, како што ги нарече „екстремни“ сценарија, кои никој не ги посакува.

Запрашан за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски кој рече дека има две опции за Алта банка Битола, едната е нејзина продажба, а другата одземање на лиценцата и отворање постапка на стечај,  и дали НБМ како независна институција ја разгледува таа можност, како и што треба да се исполни за таквата опција да се активира, гувернерот Славески одговори:

„И премиерот и сите ние знаеме која е најдобрата опција, а тоа го знаат и банките и други финансиски институции кои што не се директно засегнати од оваа наметната состојба. Најдобрата опција е ова што го правиме, заштита на имотот и штедните влогови на граѓаните и продажба на банката. Секако, ние размислуваме и за алтернативи, за оние екстремни сценарија што никој од нас не го посакува“, одговори Славески.

Тој појасни дека НБМ бара купувач за банката.

„Има некои што сами се јавуваат со кои што се остварени контакти, а секако сме и проактивни. Тоа го најави и премиерот. Ќе видиме кои се интересите, затоа што станува збор за навистина здрава банка, банка во регион каде што е традиционално концентрирана со голем потенцијал на развој на земјоделството и индустријата, банка чија што продажна вредност дури и за средни банки не претставува некој предизвик од финансиска гледна точка. Но, ние не може да зборуваме во името на заинтересирани инвеститори“, рече Славески, појаснувајќи дека станува збор за шест заинтересирани инвеститори, како и дека имал средба со две домашни банки.

Славескине прецизира за бројот на државни комапнии и акциоенрски друшта во државна сопственост кои имале сметки во Алта банка Битола, но нагласи дека комуналните претпријатија од Битола имаат сметки во оваа банка уште од 2014, 2015 година, односно уште во претходната банка (Стопанска банка Битола).

Инаку во излагањето пред новинарските прашања, Славески фокусот го насочи кон олеснување на условите за располагање со средствата во АЛТА банка АД Битола, при што меѓу другот рече дека од понеделник се отвораат шалтерите и во Тетово и Струмица.

„Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на АЛТА банка АД Битола, со цел да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и непречено користење на банкарските услуги“, рече Славески.

Тој соопшти три нови олеснувања, кои се однесуваат на проширување на мрежата за исплата на готовина, зголемување на лимитите за користење на платежните картички и располагање со приливите од плати, пензии и социјални трансфери.

Така, од понеделник, 9 ноември, ќе бидат отворени шалтерите и во Тетово и Струмица, на кои граѓаните што немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари. На овој начин, како што појасни, клиентите од овие градови и околните населени места ќе можат да ги подигнат средствата без да патуваат до Битола. Воедно, Народната банка ќе им излезе во пресрет на граѓаните од околните градови во Битола, а тоа се Прилеп, Ресен и Охрид, ќе организира автобуски превоз до филијалата на Алта Банка АД Битола, со цел и тие да можат да си подигнат своите пензии и социјална помош.

Исто така, од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажни места со платежните картички на Банката се зголемува од 10.000 на 15.000 денари.

Третото олеснување се однесува на сите идни нови приливи од плати, пензии и социјални трансфери, коишто доаѓаат од институции или фирми кои имаат сметки во други банки  ̶  нив граѓани ќе можат да ги повлечат во целост, без ограничување на износот. Во таа смисла, клиентите на Банката немаат потреба од отворање платежна сметка во друга банка, бидејќи ќе може да располагаат со пристигнатите приливи врз овие основи во целосен износ, со користење платежна картичка или подигање готовина преку отворените шалтери на Банката.

Фото: Б. Грданоски

Инаку, како што истакна Славески, исплатите на клиентите досега се одвиваат според утврдениот распоред.

„Како што знаете, од вчера започна исплатата на средствата на граѓаните коишто немаат платежни картички. Исплатата продолжува и во следните денови. Филијалата во Битола работи во две смени, а ќе работи и во сабота, 7 ноември. Исплатата на средствата на корисниците на социјална помош започна од денеска. Денес, во експозитурата во Битола беа услужени  околу 660 клиенти.  Просечниот повлечен износ по клиент вчера беше  околу 19 илјади денари, а денес околу 16 илјади денари, што е очекувано поради пониските износи на социјални трансфери“, рече Славески.

Тој додаде дека АЛТА банка АД Битола продолжува да работи, како и дека не е во стечај и не ѝ е одземена дозволата за работа.

„Администрацијата е привремена мерка, која се применува до промена на сопственоста. Состојбата во Банката е добра, таа е ликвидна и висококапитализирана, со солиден квалитет на кредитното портфолио“, рече Славески.

Тој нагласди дека средствата на клиентите остануваат на нивните сметки, како и дека привремените ограничувања се однесуваат на начинот на располагање со средствата и се воведени со цел да се зачува ликвидноста на Банката и да се заштитат интересите на сите штедачи.

„Народната банка континуирано ја следи состојбата и ги приспособува мерките во согласност со нејзиниот развој, при што приоритет останува уредното опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката“, рече гувернерот Славески, повикувајќи ги граѓаните да ги следат информациите објавени преку официјалните канали на информирање на Народната банка.