Од понеделник почнува наплата на паркингот во Ист Гејт Мол


  Почнувајќи од понеделник, 9 октомври, трговскиот центар Ист Гејт Мол воведува систем за наплата на паркингот по речиси две години откако се отвори трговскиот центар. Првиот час е бесплатен, а потоа следните 2 часа чинат 30 денари. По изминатите 3 часа, паркингот ќе чини 20 денари секој започнат час. Иако се менува режимот на […]

Високите камати го забавија кредитниот раст


Домашниот финансиски сектор добро се справи со предизвиците и уште еднаш покажа дека е отпорен на шокови и има капацитет за справување со кризи, оценува оценува Советот на Народната банка во Извештајот за финансиската стабилност за 2022 година, усвоен на денешната седница. – Банкарскиот сектор ја задржа стабилноста на своите биланси. Остварувањата на пензиските фондови […]

Птица предизвикала испад во ТС Битола 2, снабдувањето со струја по половина час е нормализирано


Денеска во раните утрински часови дојде до испад во ТС Битола 2 инициран од птица која прелетала во делот на 110 kV собирница при што дошло до прескок со еден од порталите на истата собирница. – Испадот предизвика прекин во напојувањето со електрична енергија во траење од половина час, но со навремена реакција на вработените […]

Јаневски: Туризмот како никогаш досега им е потребен на економиите на земјите на Балканот


Туризмот како никогаш досега им е потребен на државните економии и неговото значење и моќ ќе бидат видливи во наредните години уште повеќе, фокусирајќи се на целите за 2025 година во која треба да се надминат 3,7 милиони ноќевања и повеќе од 600 милиони долари туристички промет во македонската економија, истакна директорот на Агенцијата за […]

Угостителските услуги во септември поскапи за 6,2 отсто во споредба со истиот месец лани


Цените на угостителските услуги во септември годинава, во однос на истиот месец лани, се зголемени за 6.2 %, соопшти Државниот завод за статистика Угостителските услуги во септември во споредба со август 2023 година, поскапеле за 0.1 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.1 % и Алкохолни пијалаци за […]

ЕУ фондовите се повеќе се злоупотребуваат, предупредуваат ревизорите


Трката за трошење на средствата на Европската унија пред истекот на рокот покажува дека има зголемување на бројот на земји кои неправилно трошеле пари, објави финансискиот надзорен одбор на ЕУ. Истрагите за 196 милијарди евра исплатени средства од буџетот на ЕУ во 2022 година откриле дека имало неправилности поврзани со 4,2 отсто, што е повеќе […]

Исклучени Блок 1 и Блок 3 во РЕК Битола


Проблем во трафостаницата на МЕПСО што се наоѓа во непосредна близина на РЕК Битола, рано утрово предизвика испад на Блок 1 и Блок 3 од електроенергетскиот систем, известија од ЕСМ. – Веднаш по инцидентот преземени се сите мерки и активности за санација на оштетените делови во РЕК Битола, по што започнаа операции за враќање во […]

Каматите за хипотеките во САД се искачуваат на 7,49 отсто, што штети на продажбата на домови


  Каматните стапки на хипотекарните кредити во САД се искачија уште повисоко оваа недела, достигнувајќи 7,49 отсто и туркајќи ја сопственоста на станови подалеку од дофат на потенцијалните купувачи. Тоа е повеќе од 7,31 отсто претходната недела, според податоците од Фреди Мек (Freddie Mac) објавени во четвртокот. Пред една година, 30-годишната фиксна стапка беше 6,66 […]

Економски форум „Од криза до решенија: Станавме ли поотпорна економија денес?“


 Економски форум „Од криза до решенија: Станавме ли поотпорна економија денес?“ денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Фајнанс Тинк. На форумот ќе бидат претставени резултатите од истражувањето за ефектите од кризата врз компаниите и општините и ќе се дискутира за можностите за справување со ваков тип на кризи во иднина, и плановите […]

Поскапуваат над 1.000 артикли, стартува стапката на ДДВ од 10 отсто


Од утре трговците ќе треба да ја применат новата стапка на Данокот на додадена вредност од 10 отсто, наместо најниската од пет отсто, за голем дел од прехранбените производи. Списокот што го добиле трговците, се наоѓаат и брашното, џигерот, сладоледот. потоа сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата,  а 10 отсто ДДВ ќе […]

Николовски: Извозот на вино годинава над 40 милиони евра, продолжуваме со поддршката и инвестициите


Во 2022 година Северна Македонија е 13 земја во светот за извозот и вредноста на македонското вино, а само до денеска, оваа година извозот на вино достигнува над 40 милиони евра, а она што особено го потенцираме е падот на вредноста на извозот на наливно и зголемувањето на вредноста на извозот на флаширано вино, истакна […]

Раст од 1,8 отсто, инфлацијата 9,1 отсто: Светска банка бара фискална консолидација и структурни реформи


Економскиот раст во Македонија годинава ќе изнесува 1,8 отсто, а инфлацијата ќе се одржи на високи 9,1 отсто, прогнозира Светска банка во најновиот регионален Економски извештај за Европа и Централна Азија, објавен денеска.  Како што посочува Светска банка во делот посветен за нашата земја, економскиот раст забавува бидејќи инфлациските притисоци остануваат постојани, а јавните финансии […]

Цените на становите во Скопје со раст од 11 проценти во третиот квартал


Цените на становите во Скопје во третиот квартал годинава бележат раст од 2,9 проценти во однос на претходниот квартал, а на годишно ниво од 11 проценти, објави денеска Народната банка. Во првиот квартал годинава цените на становите забалежаа раст од 18,8 проценти на годишно ниво, односно од 1,3 отсто на квартално ниво, а во второто […]

Во јубилејната година „Нелт“ со зголемени приходи и остварени нови партнерства


Компанијата Нелт СТ, членка на регионалниот конгломерат Nelt Grupа, во 2023 година, кога одбележува јубилејни 25 години работа на македонскиот пазар, ќе оствари промет од над 60 милиони евра, притоа остварувајќи раст од 15% во однос на претходната година. Новите партнерства во дистрибуцијата и логистиката, со вработување на 70 нови колеги, отвораат простор за понатамошен […]

Јоковиќ: Сите во регионот правиме напори да ја намалиме инфлацијата и притисокот врз стандардот


Сите во регионот правиме напори во рамки на своите можности да им помогнеме на граѓаните, да ја намалиме инфлацијата и притисокот врз животниот стандард, изјави денеска црногорскиот вицепремиер и министер за земјоделство Владимир Јоковиќ, кој учествува на настан во Скопје по повод Светскиот ден на вранецот. Одговарајќи на новинарски прашања како Црна Гора се справува […]

„Денови на мед“ во Куманово


Мед, матичен млеч, прополис, мелеми и други пчелни производи се нудат на кумановци на манифестацијата „Денови на мед“, која денеска беше отворена на градскиот плоштад. Манифестацијата, која се организира по 23-ти пат ја организира здружението „Пчела“. Оваа година има 27 пчелари излагачи. – Оваа година имаме најголем број изложувачи, добивме поддршка од локалната власт. Наша […]

АСОМ: Тендерот на Државна лотарија е дискриминаторски за домашните компании, нема да учествуваме


Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) бара да се поништи владината одлука за отпочнување на постапка за формирање на три нови друштва за приредување на игри на среќа преку интернет. Претседателот на АСОМ Васко Илиевски денеска во изјава за медиумите пред Владата, рече дека ниту една членка на АСОМ нема да учествува на тендерот, кој, е […]

Дизелот поскап од бензинот: Еве ги новите цени на горивата


Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ  поевтинува за 2,5 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за три денари, а нема промени на цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 83,50 денари, а 85,5 денари ќе […]

На патот кон Брисел малите и средните претпријатија имаат голема улога


Потенцијалот на микро, малите и средните претпријатија (МСП) во регионот и поддршката од ЕУ за нивниот раст се во фокусот на регионалниот хибриден настан на тема „Open4Business – Made in the Western Balkans – Supported by EU” организиран од Европската комисија во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија и Инвестицискиот фонд за Западен Балкан […]

Бислимоски: Енергетската криза го зголеми темпото на енергетска транзиција


Енергетската криза го зголеми темпото на енергетска транзиција и инвестиции во обновливи извори со што се намали значајно цената на електрична енергија преку ден и се создадоа услови за домаќинствата да може да користат поевтина електрична енергија преку ден посочи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски на трилатералниот состанок на […]