Угостителските услуги во септември поскапи за 6,2 отсто во споредба со истиот месец лани


Фото: Б. Грданоски

Цените на угостителските услуги во септември годинава, во однос на истиот месец лани, се зголемени за 6.2 %, соопшти Државниот завод за статистика

Угостителските услуги во септември во споредба со август 2023 година, поскапеле за 0.1 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.1 % и Алкохолни пијалаци за 0.3 %.

Во периодот јануари – септември годинава, пак, во однос на истиот период лани, цените на угостителските услуги се зголемени за 11.1 %, а во споредба со декември 2022 година растот изнесува 3.7 %.