Економски форум „Од криза до решенија: Станавме ли поотпорна економија денес?“


 Економски форум „Од криза до решенија: Станавме ли поотпорна економија денес?“ денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Фајнанс Тинк.

На форумот ќе бидат претставени резултатите од истражувањето за ефектите од кризата врз компаниите и општините и ќе се дискутира за можностите за справување со ваков тип на кризи во иднина, и плановите за претстојните мерки и потребата како да станеме поотпорна економија.

На настанот меѓу другите најавено е учеството на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.