Ковачевски: Брашното нема да поскапи, имаме најнизок ДДВ во регионот


Премиерот Димитар Ковачевски, го искажа својот став околу одлуката да се покачи ДДВ-то за луксузни производи, меѓу кои е донесена одлука за некои продукти на пример лутеницата исто така да биде покачен данокот. „Прво имаше многу детален брифинг од Министерството за финансии за одлуката, која одлука доаѓа како дел од даночната реформа. На неа работеа […]

МФ: Добрите макроекономски политики го потврдија кредитниот рејтинг „ББ+“ со стабилен изглед од Фич


 Република Северна Македонија го задржа кредитниот рејтинг „ББ+“ со стабилен изглед, што е потврдено во најновиот извештај на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“. Задржувањето на кредитниот рејтинг е резултат на спроведувањето правилно дизајнирани, кредибилни и кохерентни макроекономски и финансиски политики, конзистентни со долго одржуваниот фиксен девизен курс. Резултатот е особено значаен, ако се има предвид глобалното […]

„Грин машинс“ на „Брако“ на Саем во Тексас


Софистицираните и најсовремени возила за одржување на хигиена во урбани средини на БРАКО од линијата Грин Машинс се претставија на „111-та годишна конференција и саем“ во организација на Лигата на општини во Тексас, која се одржа во Далас. Стручниот тим од американската филијала на Грин Машинс во САД, во соработка со тим од IDS – една од најголемите компании во Тексас за снабдување со комунална опрема, пред претставниците на општините од втората по големина сојузна држава ги претставија најновите верзии на електричните модели 500 ze и […]

Русија делумно ја укина забраната за извоз на нафта


Руската влада денеска соопшти дека ја укина забраната за извоз на дизел што се испорачува по цевковод до поморските пристаништа. Како што е наведено на веб-страницата на Владата на Русија, забраната за овој вид извоз е укината под услов производителот на дизел да испорача најмалку 50 отсто од произведеното гориво на домашниот пазар. Во соопштението […]

И Светска банка констатира дека бавното носење закони во Собранието го забавува растот, вели Бесими


Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека внимателно се следат извештаите од меѓународните финансиски институции за состојбата во нашата економија и се прават проекции на буџетот за следната година со продолжување на финансиската консолидација и поддршка на растот. Коментирајќи го вчера објавениот Извештај на Светска банка во кој се прогнозира дека економскиот раст на државава […]

Бесими: Околу 1.600 производи остануваат на пет проценти ДДВ, околу 1.000 одат на 10 проценти


Пристапено е многу внимателно во однос на заштитата на стандардот при подготовката на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ, што стапи во сила денеска. Нема никакви промени во однос на минималниот стандард и не ги опфаќа основните прехранбени производи од потрошувачката кошничка, оцени денеска министерот за финансии […]

Таки Фити: Во овие три сфери земјата е соочена со многу сериозни проблеми


Академикот Таки Фити денеска на јавната расправа во собраниската Комисијата за економски прашања истакна дека треба да се направат големи напори во иновативноста, продуктивноста и конкурентноста за да може економијата да се развива побрзо и подинамично и да постигнуваме поквалитетни резултати. Тој на расправа на тема „Иновативна и конкурентна економија“ истакна дека иновативноста, продуктивноста и […]

Ацевски: Треба посоодветно и поквалитетно да се грижиме за управувањето со капиталните инвестиции


Секојдневно сме оптоварени со одредени информации кои упатуваат на несоодветно користење на јавните средства, каде што како последица на тоа доаѓаме до кратење на одредени буџетски средства за одредени капитални инвестиции. Се испоставува дека имаме потреба посоодветно и поквалитетно да се грижиме за управувањето со капиталните инвестиции, изјави денеска Главниот државен ревизор, Максим Ацевски. Тој […]

Ајварката на штипскиот пазар достигна 40 до 60 денари за килограм


Порасна цената на црвената пиперка за ајвар и корнишоните за 10 до 20 денари. Ајварската пиперка синоќа на градскиот пазар во Штип се продаваше по цена од 30 до 45 денари, а од утринава од 40 до 60 денари. Драган Ангелов, производител на црвена пиперка за ајвар и корнишони од село Зрновци вели дека причината […]

Бектеши: Производите опфатени во Одлуката за намалување на цените ќе останат со ДДВ од 5 проценти


Министерството за економија целосно стои зад Одлуката за намалување на цените на основните прехранбени производи која ја донесовме пред две недели. Најмалку до 30 ноември, до кога е на важност оваа одлука, отстапување од нејзе нема да има. Сите производи кои се опфатени во Одлуката за намалување на цените на Министерството за економија ќе останат […]

Министерство за финансии: Со 10 отсто ДДВ се оданочуваат производи кои не се за основна исхрана


Основните прехранбени производи, кои се дел од секојдневната употреба на граѓаните, и понатаму ќе се оданочуваат по најниска даночна стапка на ДДВ од пет отсто, како што е предвидено со Законот за данок на додадена вредност. Оданочувањето на основните прехранбени производи е поблиску дефинирано со Одлуката за определување на добрата и услугите, кои подлежат на […]

Станавме ли поотпорна економија: Во иднина мерките треба да бидат насочени кон поголема одржливост


Пакетот мерки за справување со енергетската криза тежи 760 милиони евра од кои 90 проценти се однесуваат на справување со енергетската криза, а само седум проценти одат во делот на справување со храна, покажуваат резултатите од мапирањето на мерките што го спроведе Фајнанс тинк. -Од вкупниот износ 12,6 проценти е наменет за поддршка на ранливите […]

Гацов: Во соседните земји листите на производи со ДДВ се многу појасни, тарифните броеви се за експерти


Во соседните земји листите на производи со ДДВ се многу појасни со опис точно така како што очекувате во маркетите да ги најдете. За жал Македонија ова го прави преку тарифни броеви во царинска тарифа што е работа за експерти, за граѓаните и оние кои работат во маркетите ќе биде сложено за примена, оцени претседателот […]

За осум месеци извезени производи за 5,5 милијарди евра, а увезени за 7,29 милијарди


Вкупната вредност на извозот на стоки од Северна Македонија, во периодот јануари – август 2023 година, изнесува 5,5 милијарди евра и бележи пораст од 2 отсто во однос на истиот период лани. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7,29 милијарди евра, што е за 7,6 отсто помалку во споредба со претходната година, соопшти […]

Зошто ајварот не е, а лутеницата е луксузен производ


Вицепремиерот Фатмир Битиќи смета дека е погрешно прочитана листата на производи, поради тоа што одлуката има два дела, првиот дел е продукти кои спаѓаат во повластената тарифа, односно повластената даночна стапка од пет посто. – Таму е дефинирано, за разлика од претходното дефинирање во Законот, до детали кои се продукти спаѓаат во повластената даночна стапка […]

По петти јубилеен пат обележан Светскиот ден на вранецот


  Светскиот ден на вранецот е манифестација која е востановена пред пет години по иницијатива на здружението „Вина од Македонија“, а во соработка со регионални здруженија и винарници. Главната цел на обележувањето на Денот на вранецот е да се интернационализира оваа регионално присутна автохтона сорта и да се промовираат нејзиниот квалитет и карактеристики на меѓународната […]

ФАО: Светските цени на храната стабилни во септември


Светските цени на храната не се променија значително во септември во однос на август, а растот на цените на пченката и шеќерот делумно е неутрализиран со падот на цените на растителното масло, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Светскиот индекс на цените на храната во септември изнесуваше 121,5 поени, додека […]

Со или без цевките под мостот „Беласица“ скопјани ќе имаат парно, уверува Бислимоски


Регулаторната комисија зе енергетика се уште чека цврсто уверување меѓу ЕСМ и Градот Скопје дека ќе почне поставувањето на цевките преку мостот „Беласица“ кои изгореа во големиот пожар , за да одреди цената на парното греење. И покрај тоа што до официјалниот почеток на грејната сезона има уште само девет дена, од РКЕ уверуваат дека […]

Евтината дневна тарифа стартува на 1 декември од 13 до 15 часот, најмногу ќе се израдуваат пензионерите


Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска потврди дека евтината дневна тарифа почнува со примена од 1 декември и ќе биде во периодот од 13 до 15 часот. Во првите десет дена од месец декември најголем дел од потрошувачите, најголем дел од домаќинствата ќе имаат пристап на евтината тарифа, уверува Бислимоски. „Нема […]

Големи светски брендови ќе зборуваат за редефинирање на е-трговијата со вештачката интелигенција во Скопје


Еминентни говорници од големите светски брендови  Нестле („Nestlé “), Мета („Meta“),  Заландо (“Zalando”), Алегро („Allegro“), Рибок („Reebok“), но и претставници од дел од најуспешните регионални е-трговци ќе бидат дел од годинашното издание на Конференцијата за е-трговија, која на 14 ноември по шести пат ќе се одржи во нашата земја, а веќе втора година со својот […]