Народната банка започнува со објавување квартални податоци за финансиските сметки и состојби


 Имајќи ја предвид потребата од обезбедување навремени и сеопфатни податоци за финансиските средства и обврски на секторите во националната економија, Народната банка од октомври 2023 година за првпат ќе започне со објавување нови статистички податоци ‒ квартални податоци за финансиските сметки, состојби. Со тоа, како што наведуваат од НБ, се збогатува сетот на статистички податоци, […]

Индустриското производство во септември со раст од 4,5 отсто на месечно ниво


 Индустриското производство во септември годинава во однос на септември минатата година е зголемено за 4,5 отсто, а за 0,7 проценти во периодот јануари – септември годинава во однос на истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика.  Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2023 година, во […]

Каматната стапка кај кредитите во септември непроменета, кај депозитите мал месечен раст


Просечната каматна стапка на вкупните кредити во септември е непроменета во однос на август, додека кај вкупните депозити има месечен раст од 0,04 процентни поени, покажуваат податоците од Народната банка.  Просечната каматна стапка на вкупните кредити во септември изнесувала 5,49 проценти и на годишна основа бележи раст за 1,14 процентни поени, додека кај депозитите, каматната […]

(Во живо) Прес-конференција на Бислимовски за цената на парното


Новата цена на парното се објавува на прес-конференција, а според најавите од претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, парното нема да поскапи повеќе од 5 проценти, односно, како што вели, зголемувањето би се движело до максимум од 50 до 60 денари на месечно ниво.  

УЈП нема да биде солидарна кон оние кои не платиле солидарен данок, по 24 ноември ќе блокира сметки


Заклучно со денеска се уплатени 2.210.108.927 денари по основ на солидарен данок  од страна на 98 даночни обврзници од вкупно 150. Тие што не платиле ќе добијат писмена опомена на 6 ноември, а доколку во меѓувреме не ја исполнат обврската ќе им биде блокирана сметката на 24 ноември. Директорката на Управата за јавни приходи Сања […]

Евростат: Инфлацијата во октомври падна на 2,9 отсто, најниска од јули 2021 година


Според прелиминарната проценка, годишната стапка на инфлација во еврозоната во октомври паднала на 2,9 отсто од септемвриските 4,3 отсто, објави денеска Евростат. Инфлацијата во еврозоната сега е најниска од јули 2021 година. Евростат проценува дека цените на храната, алкохолот и тутунот во октомври пораснале за 7,5 отсто на годишно ниво, како и цените на услугите […]

ЕБОР го назначи Фатих Туркменоглу за нов Претставник во Северна Македонија


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го назначи Фатих Туркменоглу за нов претставник на оваа институција во Северна Македонија, соопштија од ЕБОР. Туркменоглу е со турска националност, и на Банката ѝ се приклучи во 2012 година како Главен банкар во тимот за Општинска и еколошка инфраструктура, во Истанбул, Турција. Во 2018 година е унапреден […]

35 години Жито Маркети, 35 – годишна традиција почната од мала семејна продавница


Во изминатите три и пол децении, Жито Маркети успеаа да изградат силна позиција на пазарот на една од најуспешните компании. Денес, компанијата располага со близу 80 маркети низ поголемиот дел од државата претставувајќи синоним за успех и традиција во која се втемелени вредности во активности поврзани со трговијата и малопродажбата, со силен тим од над […]

Деветгодишник најмлад денарски милионер, лани 28 граѓани оствариле приход од над 100 милиони денари


  Најмладиот денарски милионер во земјава има само девет година, а најстариот 97, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи, објавени денеска, врз основа на направената анализа од поднесените годишни даночни пријави за 2022 година. Во земјава се зголемува и бројот на граѓани кои оствариле приходи од над 1,6 милиони евра во текот на годината- […]

„Алкалоид“ со импресивни резултати: 191 ново вработување во земјава, извоз од над 141 милион евра, инвестиции 20,2 милиони евра…


Најголемата фармацевтска компанија во земјава, „Алкалоид“ АД Скопје и годинава има со што да се пофали во поглед на деловните резултати во периодот јануари – септември. Како што покажува т објавениот извештај за работењето, во овој период компанијата реализираше 191 ново вработување во земјава, продажбите достигнаа 202,7 милиони евра, извозот над 141 милион евра, а […]

Банките даваат милијарди за финансирање на „јаглеродни бомби“


Банките испумпаа повеќе од 150 милијарди долари минатата година во компании чии џиновски проекти што преставуваат „јаглеродни бомби“ би можеле да ја уништат последната шанса за запирање на загревањето на планетата до опасни нивоа, открива Гардијан. Според дефиницијата дадена од Гардијан „јаглеродните бомби“ се „проекти за нафта или гас што ќе резултираат со најмалку милијарда […]

Ангеловска-Бежоска за Денот на штедењето: Депозитите на граѓаните се показател за високата доверба во банките и денарот


  „Депозитите на домаќинствата, од пандемијата досега, се зголемени за 20%. Во моментов граѓаните им имаат доверено 340 милијарди денари на банките. Кај штедењето на населението се забележуваат поволни структурни промени, при што учеството на денарските во вкупните депозити на домаќинствата има нагорен тренд и изнесува околу 48%. Растат и долгорочните депозити на домаќинствата и […]

Штедачите во Комерцијална банка препознаваат партнер за сигурна и вредна финансиска инвестиција


Во пресрет на Светскиот ден на штедењето понудата на штедни производи со атрактивни каматни стапки е забележителна и истата во Комерцијална банка продолжува до крајот на ноември оваа година, вели Марија Стојановски, раководител на Одделението за штедење во Комерцијална банка АД Скопје. Октомври традиционално е месец на штедењето, кој банките низ целиот свет го одбележуваат […]

Србија лани увезла 24 тони јаболка од Македонија во вредност од 3,1 милиони евра


Според податоците и анализите на Здружението за растително производство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Србија (ПКС), во текот на 2022 година од Северна Македонија увезени се најмногу јаболки, потоа домати, кромид, зелка, свежи пиперки и лубеници, јави дописникот на МИА од Белград. Според податоците и анализите на Здружението во 2022 година во Србија […]

РКЕ утре треба да ја објави новата цена на парното во Скопје


 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска на подготвителна седница треба да ја утврди новата цена на топлинската енергија во Скопје, што ќе се применува од задутре, 1 ноември. Новата цена  ќе биде објавена утре на прес-конференција, а според најавите од претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, парното нема да поскапи повеќе од 5 […]

Австрија влезе во рецесија


  Австриската економија влезе во рецесија во третиот квартал главно поради намалената потрошувачка на домаќинствата и државата, се вели во проценката на економскиот институт WIFO. Бруто домашниот производ е намален за 0,6 отсто во периодот од јули до септември во однос на претходните три месеци кога падна за 0,8 отсто, пресмета Институтот. Падот на БДП […]

Нафтените гиганти забележаа пад на профитот за 29,2 милијарди долари


Најголемите светски нафтени и гасни компании забележаа пад на профитот за 29,2 милијарди долари во однос на претходната година, што е последица на остриот пад на побарувачката за гас и пониските цени на нафтата, пишува магазинот на Националниот нафтен комитет на Србија, повикувајќи се на Алтиндекс. Според германската онлајн платформа Статиста, шест нафтени и гасни […]

Битиќи: Во Северно-источниот регион исплативме над 152 милиони денари финансиска помош


Само во Северно-источниот регион, најмалиот во земјава, Владата има потпишано вкупно 41 договори за финансиска помош за инвестиции во износ од над 600 милиони и 500 илјади денари, за што има исплатени над 152 милиони денари поддршка, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи, при посетата на компанијата „БЕНТОН-НИ“ во Куманово. Вицепремиерот Битиќи, соопштија од прес-службата на Владата, […]

До сега собрани 70 отсто од солидарниот данок


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи е задоволен од одѕивот на компаниите по однос на Законот за солидарен данок. Собраните средства по овој основ, како што изјави денеска, ќе бидат наменети за антикризни мерки и ќе одат кај најранливите категории на граѓани. – Одѕивот е соодветен. Мислам дека според последните информации околу 70 проценти е […]