Штедачите во Комерцијална банка препознаваат партнер за сигурна и вредна финансиска инвестиција

Штедењето во банка е темелот на финансиската сигурност на граѓаните, кој во исто време им обезбедува и атрактивна инвестициска можност за вишокот парични средства со кои располагаат. Оваа доверба ние во Комерцијална банка длабоко ја негуваме и ги цениме штедачите како еден од најзначајните членови на бројното семејство клиенти на Банката


(Фото: Борис Грданоски)

Во пресрет на Светскиот ден на штедењето понудата на штедни производи со атрактивни каматни стапки е забележителна и истата во Комерцијална банка продолжува до крајот на ноември оваа година, вели Марија Стојановски, раководител на Одделението за штедење во Комерцијална банка АД Скопје.

Октомври традиционално е месец на штедењето, кој банките низ целиот свет го одбележуваат со години. Штедењето годинава е актуелна тема од повеќе причини – зголемени камати од една страна, а висока инфлација и економска криза од друга страна. Како реагираат граѓаните?

Во период на последователни економски кризи и нестабилно опкружување, граѓаните одлучија голем дел од своите заштеди да ги чуваат во банките. Растот на депозитите на ниво на банкарски сектор во земјава е резултат на целокупната доверба на граѓаните во банките, која во контекст на актуелните случувања ги донесе во банките и заштедите кои граѓаните вообичаено ги чуваат дома. Сепак, банките се столб на финансиската стабилност во нашата држава и тоа граѓаните го препознаваат.
Секако, зголемувањето на каматните стапки на депозитите во неколку наврати во текот на оваа година беше дополнителен стимул за граѓаните да ги одберат банките како чувар на нивните заштеди. Тие се темелот на нивната финансиска сигурност, кој во исто време им обезбедува и атрактивна инвестициска можност за вишокот парични средства со кои располагаат. Оваа доверба ние во Комерцијална банка длабоко ја негуваме и ги цениме штедачите како еден од најзначајните членови на бројното семејство клиенти на Банката.

 

После подолг период на ниски каматни стапки, тие почнаа да се зголемуваат. Комерцијална банка во неколку наврати ги зголеми каматните стапки за орочените заштеди во денари и во евра. Дали ова беше атрактивно за клиентите и дали ги зголемија штедните влогови?

Токму така. Оваа година Комерцијална банка во неколку наврати ги зголеми каматните стапки на депозитите. Тоа беше дополнителен мотив граѓаните да ги орочат своите заштеди во банка или, пак, да ги зголемат веќе постоечките штедни влогови.
Во штедните производи на Комерцијална банка клиентите препознаа одлична можност за сигурна инвестиција со значителен принос. Велам значителен затоа што приносот од каматата, особено кај долгорочното штедење, навистина претставува атрактивна инвестициска можност што обезбедува зголемување на финансиската благосостојба на сопствениците на штедните влогови. Комерцијална банка, покрај редовните каматни стапки за орочени депозити, им нуди на граѓаните и стимулативни каматни стапки за повисоки износи на влогови, кои достигнуваат и до 4,7 % за денарски депозити, односно 3,6 % за депозитите во евра. На овој начин граѓаните си обезбедуваат долгорочна и вредна заштеда, која им гарантира безгрижна финансиска иднина и вредно наследство за идните поколенија.

Исто така, како атрактивна опција би го истакнала и семејното штедење, кое претставува вредна и сигурна инвестиција за членови на потесно семејство, бидејќи им овозможува да користат привилегии на повисока каматна стапка од редовната, откако нивните поединечни депозити ќе добијат третман на „семеен депозит“.
Би сакала да истакнам дека граѓаните во земјава стануваат финансиски пообразовани, благодарение и на заложбите на банките, кои навистина се трудат да го издигнат нивото на финансиска писменост во земјава затоа што тоа носи обострана корист. Токму финансиската свесност и неизвесноста што секогаш ја носи иднината за секоја индивидуа ги стимулираат граѓаните уште повеќе да ги користат можностите и поволностите што им ги нудат банките за посигурна и побезгрижна финансиска иднина.

Комерцијална банка, покрај редовните каматни стапки за орочени депозити, им нуди на граѓаните и стимулативни камати за повисоки износи на влогови: Марија Стојановски (Фото: Борис Грданоски)

Како штедат македонските граѓани, односно кој период и која валута им се најомилени? Може ли да ни направите профил на еден македонски штедач?

Оваа година се забележува прелевање на депозитната база од краткорочно кон долгорочно штедење. Атрактивните каматни стапки, кои се воедно и највисоки кај долгорочното штедење, предизвикаа интерес кај штедачите да ги преорочуваат своите заштеди на подолг рок и да добијат повисок принос за истиот износ на средства.
Во однос на валутата во која се штеди, тука клиентите се поделени. Оние клиенти кои на штедењето во банка гледаат како на инвестиција, се одлучуваат за опцијата која носи максимален принос, а тоа е штедење во денари. Орочените депозити во денари имаат највисоки каматни стапки, кои се движат во распон од 1,5% до 4,7%, во зависност од износот и рокот на орочување. Од друга страна, пак, голем дел од штедачите своите заштеди ги орочуваат во евра, иако штедењето во евра носи помал принос. Штедењето во останатите валути е застапено, но не е толку атрактивно.
Во Комерцијална банка имаме различни профили на штедачи, но сите имаат една заедничка карактеристика, веруваат дека Комерцијална банка е најстабилниот партнер на кого би му ја довериле својата заштеда.
Имаме клиенти кои редовно издвојуваат дел од своите месечни приходи и ги орочуваат заради постигнување на некоја финансиска цел во иднина. На други клиенти единствено им е важно нивната стекната заштеда да биде во „сигурни раце“ и достапна во кое било време. Но, имаме и голем број клиенти со објективно високи износи на штедни влогови кои нашиот производ (орочениот депозит) го избрале како најсоодветна инвестиција за сопствениот капитал.

 

Дали секогаш каматните стапки се пресудни за граѓаните да одлучат да штедат и за изборот на банката во која ќе штедат?

Каматните стапки имаат големо влијание врз носење одлука за штедење, но не се пресудни. Во нашата држава постои култура на штедење и таа навика опстојува дури и во периоди на ниски каматни стапки на депозити. Сведоци сме дека и во изминатите години, кога нивото на каматните стапки на депозитите беше пониско од сегашното, немаше одлевање на штедни влогови од банките. Ние во Комерцијална банка веруваме дека тоа е воспоставена взаемна доверба, која претставува вредно наследство како за банката, така и за сите нејзини партнери, но и за целокупната економија во земјава.
Висината на каматните стапки, исто така, не е секогаш најважна ниту при изборот на банката во која ќе се штеди. Досегашното искуство ни покажува дека Комерцијална банка е првиот избор на најголем број штедачи во земјава. Банката во континуитет ја зголемува својата депозитна база благодарение на исклучителната доверба што ја ужива кај населението.
За нас претставува големо задоволство фактот што штедачите ја согледуваат сигурноста и знаат кој е нивниот прв избор за нивните заштеди, и затоа сме им благодарни на довербата која ни ја укажуваат.

За нас претставува големо задоволство фактот што штедачите ја согледуваат сигурноста и знаат кој е нивниот прв избор за нивните заштеди: Марија Стојановски (Фото: Борис Грданоски)

Интересно е дека Комерцијална банка ги учи граѓаните да штедат и преку создавање на оваа навика од мали нозе. Традиционално подарувате детска штедна книшка „Верверичка“ со депозит од 5.000 денари на децата што ќе се родат на 31 октомври, познат и како Светски ден на штедењето. Дали може да се каже дека граѓаните во земјава сакаат и знаат да штедат?

Граѓаните покажуваат интерес за штедење и знаат како да штедат, се разбира секој во рамките на своите можности. Сепак, штедењето е најбезбеден начин да остварите некоја финансиска цел во блиска или подалечна иднина и добар начин за да си обезбедите поголема финансиска независност во иднина.
Но, тоа е можно само доколку штедите. Штедењето е корисна и вредна навика, особено ако се негува од рани години. Тоа значи доволен период за обезбедување на навистина вредна заштеда. Ние тоа го знаеме и сакаме да им го пренесеме на што поголем број граѓани. Штедењето дефинитивно може да го намали стресот поврзан со финансиските потреби во иднината.
Како општествено одговорна компанија, Комерцијална банка преку својот производ детско штедење „Верверичка“ ги стимулира и им помага на родителите да им обезбедат на своите деца здрава финансиска иднина, но и да ги научат на здрави финансиски навики кои ќе им користат цел живот. Ние ги учиме децата на штедење, нешто што веројатно многу малку го учат во другите процеси низ кои растат и се развиваат. Со оваа традиција продолжуваме и годинава и со нетрпение очекуваме на 1 ноември да ги посетиме родилиштата низ земјава за да им ги поделиме подароците на новороденчињата.
Со нашата традиција да подаруваме детски штедни книшки „Верверичка“ на сите новороденчиња на 31 октомври сакаме да ги потсетиме родителите дека никогаш не е рано да се започне да се штеди. Или поточно кажано, колку порано почнат да штедат (за) нивните деца, толку подобро. Со постепено вложување мали износи на овие детски книшки родителите можат да обезбедат доволно средства за школарина, за прв автомобил на нивните деца и за многу други слични потреби.

 

Поради високото ниво на инфлација, Народната банка континуирано ја зголемува референтната каматна стапка, а се зголеми и ЕУРИБОР-от, што беше сигнал и за деловните банки да го сторат истото. Дали очекувате овој тренд да трае подолго и како тоа ќе се одрази врз каматите на депозитите? Може ли да очекуваме уште повисоки камати на штедните влогови?

Првата половина на оваа година беше обележана со континуиран раст на референтните стапки на домашниот и странскиот финансиски пазар. Како одговор на високото ниво на инфлација и неизвесно окружување, централните банки во развиените држави во светот, како и Народната банка во нашата држава, ги користеа своите монетарни инструменти во насока на затегнување на монетарната политика, а банките соодветно реагираа на овие сигнали и интервенираа во каматните стапки на депозитите и на кредитите.
Во третиот квартал од годинава веќе се забележува делумно забавување во овој раст на референтните стапки, што води кон очекувања за постепена стабилизација на каматните стапки. Ова забавување на растот, најпрвин се одрази на каматните стапки на новоодобрените кредити за население, а зависно од идните движења на реферетните стапки ќе следи и соодветно прилагодување на каматните стапки на штедењето.
Значајно е да се одбележи дека во пресрет на Светскиот ден на штедењето понудата на штедни производи со атрактивни каматни стапки е забележителна, и истата во Комерцијална банка продолжува до крајот на ноември оваа година.