Евростат: Инфлацијата во октомври падна на 2,9 отсто, најниска од јули 2021 година


Според прелиминарната проценка, годишната стапка на инфлација во еврозоната во октомври паднала на 2,9 отсто од септемвриските 4,3 отсто, објави денеска Евростат.

Инфлацијата во еврозоната сега е најниска од јули 2021 година.

Евростат проценува дека цените на храната, алкохолот и тутунот во октомври пораснале за 7,5 отсто на годишно ниво, како и цените на услугите – за 4,6 отсто, индустриските производи освен енергијата – за 3,5 отсто, додека цените на енергијата паднале за 11,1 отсто во однос на истиот месец лани.