Вирусот на намалување на цените се шири низ регионот, но не ја намалува инфлацијата


  Вирусот на намалување на цените што го зафати регионот започна од Црна Гора, пред 20 дена пристигна во Србија, а потоа ја зафати Хрватска, се прошири во Република Српска, а од минатата недела и во Македонија. Сè се прави со намера да им се помогне на граѓаните да го надминат поскапувањето на храната, но […]

И „Мудис“ најави намалување на кредитниот рејтинг на САД


  Потенцијалното „исклучување“ на американската влада би му наштетило на кредитниот рејтинг на САД, предупреди рејтинг агенцијата „Мудис“. Предупредувањето дојде еден месец откако „Фич“ го намали рејтингот на САД за еден степен поради кризата за усогласување на плафонот на долгот. Доколку Конгресот не обезбеди средства за фискалната година која започнува на 1 октомври, односно доколку […]

На Германија ѝ недостасуваат десетици илјади келнери и готвачи – ресторан нуди 11.000 евра плата


Дури 11.000 евра месечно би можел да заработи готвач или келнер кој ќе се вработи во ресторан во Содерсторф (Долна Саксонија) во Германија. Ова е платата што ја нуди ресторанот од споменатото место. Според Der Spiegel, ресторанот очајно се обидува да го пронајде персоналот што му недостасува. Ретко која друга индустрија во Германија претрпе толку […]

Невработените кумановци и работодавaчи да се пријават за мерката обука на работно место со субвенционирано вработување


Кумановскиот центар за вработување денеска ги повика заинтересираните работодавачи и невработени лица да се пријават за мерката – обука на работно место со субвенционирано вработување. Финансиска поддршка добиваат и невработените и работодавачите од Куманово, појаснуваат од Центарот. – Со мерката предвидено е да се обучат невработените за конкретно работно место, работодавачите да добијат обучен кадар […]

„Мои работнички права“, нова дигитална алатка на ССМ


Сојузот на синдикатите на Македонија денеска ја организира завршната конференција за користење на новите дигитални алатки на Синдикатот преку процесот на дигитализација на синдикализмот во насока на тоа да се спречи кршењето на работничките и социјалните права на работниците преку новата дигитална алатка „ССМ – мои работнички права“ и нејзината надградба со нови можности на […]

Предлог одлуката за прераспределба на Буџетот пред Комисијата за финансирање и буџет


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да расправа за Предлог одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. Комисијата за финансирање на одделна седница ќе дебатира и за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, […]

Владата ќе одлучува за поевтинување на пијалаците


 Владата денеска треба да донесе одлука за намалување на цените на пијалоците. До крај на неделава се очекува да биде завршена  анализата со владините мерки да бидат опфатени и хигиенските производи. За непочитување на гарантираните цени на прехранбените производи, што е во сила од минатата недела, веќе се затворени маркети.  Како што најави министерот за […]

Бектеши во Тирана на Форум на министри за економија во рамки на Берлинскиот процес


Министерот за економија Крешник Бектеши ќе учествува и ќе се обрати на Форумот на министри за економија насловен „Заеднички регионален пазар – чекор кон единствен пазар на ЕУ“ во рамки на Берлинскиот процес што денеска се одржува во Тирана, Република Албанија. На форумот со фокус на унапредување на заедничкиот регионален пазар, за поттикнување на економскиот […]

ЕК усвои мерки за ограничување на употребата на микропластиката


Европската комисија усвои нови правила за ограничување на намерното додавање на микропластика во производите што се продаваат во ЕУ, како уште еден чекор кон заштита на животната средина во Унијата. Како што соопшти ЕК, новите правила треба да спречат исфрлање како отпад на околу половина милион тони материјали и препарати со микропластика и со нив […]

Данокот на солидарност од 90 милиони се „стопи“ на 50 милиони евра


  Законот за данок на солидарност денеска беше објавен во „Службен весник“, а поради сите оддолжувања кои го следеа неговото донесување во Собранието, компаниите наместо до денес, ќе мора да се „отчетаат“ пред Управата за јавни приходи до 10 октомври со цел да се утврди нивната даночна обврска. Се стопија и очекуваните приходи во Буџетот […]

Средствата  од Законот за данок на солидарност ќе се трошат само за антикризни мерки


Средствата  од Законот за данок на солидарност ќе одат само за програма П1 во Буџетот за антикризни мерки, истакнува министерот за финансии Фатмир Бесими.  Законот за данок на солидарност, како што рече вечерва во гостување на ТВ 24, е објавен во Службен весник заедно со Правилникот, а од УЈП има известување на нивната веб страница. […]

ЕУ го намали увозот на енергија за 11,3 отсто


Европската унија и во вториот квартал го намали увозот на енергија за речиси 40 отсто, покажуваат податоците на Европската канцеларија за статистика, што е одраз на значително намаленото снабдување од Русија. Вредноста на увозот на енергија е намалена од април до јуни за 39,4 отсто во однос на истиот период лани, а обемот на увозот […]

Лего се откажа од рециклирана пластика


Данската компанија Лего го суспендираше проектот за производство на коцки од рециклирани шишиња за пијалоци наместо пластика врз база на масло. Лего се повлекува бидејќи тој метод ќе доведе до повисоки емисии на јаглерод во текот на животниот век на производот. Овој потег дојде откако најголемиот светски производител на играчки се фокусираше на истражување на […]

ЕЦБ: Каматните стапки ќе останат високи се додека е потребно


Шефицата на Европската централна банка Кристин Лагард соопшти дека каматните стапки ќе останат доволно високи за да ја ограничат деловната активност „колку што е потребно“ за да се скроти инфлацијата бидејќи ценовните притисоци „остануваат силни“ во 20-те земји што го користат еврото. Лагард рече дека „силното трошење за одмори и патувања“ и зголемените плати го […]

Пазарните инспектори без милост – клуч за непочитување на гарантираните цени


  Паднаа првите „жртви“ на одлуката за определување највисоки цени за 24 категории производи – по извршените контроли во саботата затворија пет синџири на маркети заради нечесни трговски практики, а седум маркети заработија казни заради непочитување на одлуката на владата. Како што предупредија денес премиерот Димитар Ковачевски, министерот за економија Крешник Бектеши и в.д. директорот […]

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечкиот капитал и да се сузбие сивата економија


Даночната и царинската политика на земјите од регионот, со фокус на Северна Македонија, Србија и Албанија, беа теми на денешната конференција „Регионална интеграција преку подобри даночни и царински системи на земјите од Западен Балкан“. Организатор е Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ, со пподдршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Како што информира ЗМАИ, за […]

ЕК го блокира купувањето на „еТравели“ од страна на „Букинг“


Европската комисија денеска донесе одлука да го блокира купувањето на „еТравели“ од страна на „Букинг“, од причина што со нивното спојување дополнително би се ја зајакнала доминантна позиција на „Букинг“ на пазарот на онлајн туристички агенции за хотелско сместување во ЕУ, соопшти денеска еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс.  – Спојувањето би довело до намален избор […]

Нема целосен регистар на лифтови во земјава, а најголем проблем е квалитетот на одржување


Нема целосен регистар на лифтови во земјава. Според проценките од околу 12-13 илјади, регистрирани се 5 илјади лифтови. Редовното сервисирање и проверка е на високо ниво кај правните субјкети, додека кај станбените, иако подобрување во последните години, сепак е на пониско ниво. Што се однесува до безбедноста на лифтовите во сеизмички услови, иако кај нас […]

Трговската размена со Полска е исклучително ниска, во 2027-ма се очекува раст на извозот до 150 милиони долари


Исклучително ниска е трговската размена на земјава со Полска. Засега извезуваме многу мала палета производи, но, со јакнење на соработката, до 2027 година се очекува пласманот да достигне 150 милиони долари, велат од Стопанската комора. Двете земји немаат отворени политички прашања, ниту меѓу нив постои каков било конфликт. Како што изјави извршниот директор на Комората, […]

За денар и пол поевтинуваат нафтените деривати


Од полноќ поевтинуваат за денар ипол Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Со тоа, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 89 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 91 денар за литар, додека цената на дизелот ќе биде 85,5 денари за литар.   Екстра лесното […]