СДСМ се пофали: Стартува Чебрен, од први декември ефтина струја и преку ден


И покрај некои синхронизирани критики, СДСМ повторно објави дека по 13 неуспешни тендери во изминатите 20 години, стартува реализацијат на најважниот енергетски проект, хидроелектраната Чебрен, инвестиција од над 1 милијарда евра. 

Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ на прес конференција порача дека државатасе сака  со реализирање на овие важни проекти. 

-Со овој огромен, многу значаен енергетски капацитет, ја зголемуваме енергетската независност на нашата држава и стабилноста на енергетскиот систем. Новиот енергетски капацитет од 333 мега вати задоволува целосно потреби на над 250 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на струја. Не само што ќе произведуваме, туку и ќе извезуваме струја. Придобивките од овој историски проект се големи, во делот на енергијата, но и земјоделието, за заштита од поплави, регулација на речното корито, водоснабдувањето. ДПМНЕ 11 пати објавуваше тендери за реализација на Чебрен и не успеа, СДСМ направи успешна постапка со што овој проект влегува во фаза на реализација. 

Со успешната постапка се заштедуваат 100 милиони евра, пари на граѓаните. Со промена на одлуката на Владата на ДПМНЕ од 2013 година, „ Тиквеш“ го внесуваме во заедничка компанија, три месеци по пуштањето со работа на ХЕЦ Чебрен. Целата инвестиција од над 1 милијарда евра е обврска на инвеститорот, државата и граѓаните нема да потрошат ниту денар за објектот. На крај се прави акционерско друштво во кое ЕСМ има 30% сопственост. 

Хидроцентралата Чебрен ќе игра клучна улога во енергетската транзиција, помагајќи во намалување на производството од јаглен и поддржувајќи обновливи извори на енергија. Енергетските факти се резултат на посветеност и работа, грижа за иднината на нашата држава, а ќе споменам дел од веќе оствареното: – за 140% е зголемена инсталираната моќност на капацитетите од обновливи извори за нецела една година во споредба со 2022-та – преполовен е увозот на струја од 30 на 15% благодарение на овие инвестиции – цената на електричната енергија во време на енергетска криза е стабилна – а од 1 декември повторно стартуваме со дневната евтина тарифа, се пофали Николовски.