„ОпенАИ“ го ангажираше поранешниот извршен директор на „Твич“, Емет Шир, да ја води компанијата


 

„ОпенАИ“ го именуваше поранешниот шеф на „Твич“, (Twitch) Емет Шир за нов извршен директор, потврди Си-Ен-Би-Си.

Овој потег доаѓа два дена откако „ОпенАИ“ го отпушти Сем Алтман во објава која ја шокираше Силиконската долина.

Вработувањето на Шир е најновиот пресврт во хаотичниот викенд во еден од најистакнатите стартапи на планетата. Одборот на директори на „ОпенАИ“ доцна во петокот објави дека го отпушта Алтман и привремено го заменува со главниот технолошки директор Миро Мурати. Во соопштението се вели дека Алтман „не бил постојано искрен во неговата комуникација со одборот“.

Вработувањето на Шир претходно беше објавено од The ​​Information и Bloomberg. Веста за Си-Ен-Би-Си ја потврди лице запознаено со ова прашање, кое побара да остане анонимно бидејќи дискусиите се доверливи. Портпаролот на „ОпенАИ“ не одговори веднаш на барањето за коментар.

Набргу по објавувањето на одборот во петокот, група истакнати инвеститори, вклучувајќи го и „Мајкрософт“, Tiger Global, Thrive Capital и Sequoia Capital почнаа да работат за да го сменат тој потег. Ниту една од тие компании нема место во управниот одбор, а одлуката на управниот одбор ги фати неподготвени.