Повторно товарен железнички сообраќај Скопје -Гевгелија, патничкиот без преместување на патниците


Заврши санацијата на Железничкиот мост на река Црна во близина на археолошкиот локалитет Стоби и од 14 часот попладне повторно ќе биде во функција товарниот  железнички сообраќај Скопје-Гевгелија, што беше во прекин од средината на ноември поради оштетувања на мостот. Воедно  патничкиот кој се одвиваше и за време на санацијата, а беше комбиниран со воз […]

„Тесла“ повлекува 1,6 милиони автомобили во Кина


 „Тесла“ одлучи да повлече повеќе од 1,6 милиони електрични автомобили продадени во Кина меѓу август 2014 година и декември минатата 2023 година, по препорака на Државната администрација за регулатива на пазарот. Проблемот се однесува на функциите на автопилотот и заклучувањето на вратите, велат од агенцијата.  Увезените „Модел С“, „Модел Икс“ и „Модел 3“, заедно со […]

Царинска управа: Кривичните пријави во 2023 година зголемени за 60 проценти


Кривичните пријави во 2023 година се зголемени за 60 проценти во однос на претходната година – резултати во сузбивање на криминалот има, истакна директорот Стефан Богоев на брифинг со новинари. Меѓу пријавите се кривични пријави за криумчарење, неовластено производство и пуштање во промет на наркотици, даночно затајување, фалсификување пари, царински измами, фалсификување на исправа, избегнување […]

Волстрит: Насдак потона петти ден по ред


Берзанскиот индекс Насдак композит (Nasdaq Composite) падна по петта сесија по ред во четвртокот – нејзината најдолга серија на загуби од октомври 2022 година. Технолошкиот богат Насдак композит падна за 0,56 отсто и заврши на 14.510,30 поени. Од затворањето на 27 декември, индексот изгуби речиси 4 отсто. S&P 500 падна за 0,3 отсто четврти ден, […]

Врие од лажни огласи за работа во странство!


Со секојдневното развивање на технологијата и глобализацијата, така се зголемува и бројот на луѓе кои бараат работа во странство. Интернетот е еден од најпопуларните извори за пронаоѓање на вакви огласи, но исто така е и место каде може да се сретнете со многу измами и лажни ветувања, пишува denar.mk. Како да ги препознаете и да […]

Намален бројот на чевларски компании во Куманово


 Намален е бројот на фирми од чевларската индустрија во Куманово. Ако пред пандемијата во градот функционираа над 60-тина мали и средни претпријатија, сега бројката на фирми од овој сектор е намалена на околу 15. – Тешко се опоравуваме од негативните последици на кризите – пандемската, енергетската, а сега и војната во Европа и на Блискиот […]

Унгарија привлече рекордни 13 милијарди евра инвестиции


Во 2023 година Унгарија привлече инвестиции во износ од рекордни 13 милијарди евра, објави денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто. Според него, светската економија се соочила со „многу сериозна криза“ бидејќи нивото на светските инвестиции паднало за 12,5 отсто од 2021 до 2022 година, а во првата половина на 2023 година […]

„Бизнисот“ на Трамп додека беше претседател заработил 7,8 милиони долари од странство


Вашингтон – Деловната империја поврзана со поранешниот републикански претседател на САД, Доналд Трамп, добила најмалку 7,8 милиони долари странски исплати од 20 земји за време на неговиот четиригодишен мандат во Белата куќа, покажа истрагата на Конгресот. „Овие земји трошеа, честопати раскошно, на станови и хотелски престој во имот во сопственост на Доналд Трамп, лично збогатувајќи […]

Дури 18 бродски компании го заобиколуваат Црвеното Море, цените на превозот ќе бидат најмалку двојно зголемени


Група од 18 логистички компании го заобиколува Црвеното Море поради напади на трговски бродови и ги пренасочува кон алтернативна рута околу Африка, објави Меѓународната поморска организација (ИМО). Значителен број компании веќе ги пренасочија бродовите на рутата околу Ртот Добра Надеж „за да ги разблажат нападите и, се разбира, да го ублажат (нивното) влијание, особено врз […]

Околу 20 000 вработени не добиле плата за ноември лани


Според податоцит на Управата за јавни приходи обработени на втори јануари 2024 година, за ноември минатата година прифатени и неплатени конечни пресметки има за 10 921 вработено лице, а неприфатени пресметки има за 9 680 лица. Тоа, истакна на прес-конференција директорката на УЈП Сања Лукаревска, значи дека околу 20 000 лица не добиле плата за […]

„Ова е дното“: Извозот на рускиот гас падна на нивото од 1985


  Обидот да се замрзне Европа за да се постигнат отстапки за Украина скапо го чинеше „Гаспром“. Откако го загуби најголемиот странски пазар, кој пред војната обезбедуваше 80 отсто од извозот и две третини од приходите на „Гаспром“, рускиот гасен монопол се врати назад речиси четири децении во минатото. На крајот на 2023 година, „Гаспром“ […]

По празниците УЈП ќе излезе со информација за компании од нафтениот сектор кои затајувале данок


По празниците се очекува Управата за јавни приходи (УЈП) да излезе со информација за компании од нафтениот бизнис кои затајувале данок.  Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска изјави дека до полноќ треба да заврши пописот во уште една бензинска пумпа и дека станува збор за мрежа во која се вклучени и три […]

„Гласен Текстилец“ има примено над 2.000 преставки за исплата или неисплата на К-15


„Гласен Текстилец“ до денеска  има примено над 2.000 претставки од работници во приватниот секор за нецелосна исплата или воопшто не им е исплатен регрес за годишен одмор или познато како К-15, за минатата година. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ вели дека до нив пристигнати се жалби во кои се опафтени  1.420 работници за исплата на […]

Големиот француски синџир „Карфур“: Повеќе не продаваме „пепси“ и чипс „лејс“


Францускиот синџир супермаркети „Карфур“ им порача на клиентите дека повеќе нема да ги продава производите на американскиот прехранбен гигант „ПепсиКо“, како што се газираните пијалоци „пепси“ и „7ап“ и чипсовите „лејс“, бидејќи тие станаа премногу скапи, што ја интензивира ценовна војна. На полиците каде што се наоѓаа производите на „Пепсико“ поставија посебни знаци Почнувајќи од […]

Не е реално пред избори да се очекува нов тендер за „Чебрен“, вели Бесими


Министерот за финансии Фатмир Бесими смета дека не е реалистично пред избори да се очекува нов  тендер за хидроелектраната „Чебрен“, а исто така и големите инвеститури сигурно би чекале почиста ситуација. Тој ова го истакна денес на брифинг во Министерството за финансии одговарајќи на прашање на новинарите. Во однос на дилемите дали да се гради […]

Лани биле реализирани капитални инвестиции во износ од 707 милиони евра, 97 отсто во однос на планираното


Највисока реализација на капитални инвестиции во однос на планираното во Буџетот е остварена минатата година. Реализацијата е на ниво од 97 проценти во однос на планираното, односно 707 милиони евра, соопшти денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. На заедничката прес-конференција со директорите на Управата за јавни приходи и Царинската управа, министерот Бесими посочи дека се […]

Бруто надворешниот долг на крајот на третиот квартал од 2023 година изнесувал 11,07 милијарди евра


На крајот на третиот квартал од 2023 година, бруто надворешниот долг изнесуваше 11,07 милијарди евра (или 78,3% од проектираниот БДП за 2023 година) и бележи квартално намалување од 323 милиони евра, додека бруто надворешните побарувања се намалија за 155 милиони евра и изнесуваат 6,9 милијарди евра (или 48,9% од проектираниот БДП), објави Народната банка. Поголемото […]

(Во живо) Прес – конференција на министерот за финансии, Бесими и на директорите на УЈП и Царина, Лукаревска и Богоев


Проследете ја прес – конференцијата на министерот за финансии Фатмир Бесими и директорите на Управата за јавни приходи и на Царинската управа, Сања Лукаревска и Стефан Богоев. 

Како Швајцарците го прават тоа: Драстичен потег за да ги намалат потрошувачките цени


Швајцарските власти ги укинаа царините за увоз на индустриски производи за да ги намалат високите потрошувачки цени. Тоа значи дека увозниците повеќе нема да плаќаат царини за производи за широка потрошувачка и за суровини, полупроизводи и машини. Остануваат на сила царините за увоз на земјоделски производи. Со овој потег државата ќе загуби околу 600 милиони […]

Годинава први приноси од граѓански и зелени обврзници, во најава емисии за развојната и проектната обврзница


Во годината што измина за првпат во земјава беа воведени граѓанската и зелената обврзница како нови финансиски инструменти, а првите приноси по основ на камата се очекува да бидат исплатени во текот на оваа година. За годинава, од Министерството за финансии најавуваат воведување и на развојната и на проектната обврзница.   Граѓанската обврзница, според најавите на […]