Копаоник, Боровец и Банско остануваат атрактивни за зимување, годинава интерес и за Врњачка и Соко бања


Копаоник во Србија и Банско и Боровец во Бугарија остануваат најпривлечни за зимување меѓу македонските граѓани, но годинава има голем интерес и за Врњачка бања и Соко Бања во Србија.  Туристичките агенции што ги контактираше МИА велат дека и оваа зима најпродавани се аранжманите за топлите бањи и хотелите со спа и базени. Поради добрата […]

Имаме капацитет сами да го изградиме Чебрен, потребен е закон, вели Константин Димитров


Здружението на инженери ќе покрене иницијатива да се донесе закон со којшто ќе почне да се гради Чебрен со македонски сили, најави вечерва Константин Димитров, кој е дел од ова Здружение.  Димитров за централниот дневник на телевизија „Сител“ изјави дека имаме капацитет сами да го изградиме Чебрен и дека ова е проект којшто треба да […]

Тонат акциите на „Епл“, причината е „ајфон“


  На европските берзи изутринава се тргува претпазливо, како и претходниот ден, додека инвеститорите чекаат нови вести и економски показатели, кои би можеле да влијаат на насоката на пазарот. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше речиси непроменет во 9:30 часот. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,15 отсто, на 7.735 поени, додека франкфуртски […]

Минималната плата во Хрватска се зголемува на 830 евра


 Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека од 1 јануари ќе стапат на сила девет нови даночни закони, со кои минималната плата ќе се зголеми на 830 евра, јави хрватската национална телевизија ХРТ. „Кога почнавме (нашиот прв мандат во 2016 година), просечната плата во Хрватска беше 749 евра. Денес просечната плата во Хрватска е 1.178 […]

Пропадна тендерот за „Чебрен“, банкарската гаранција не е активирана


  Пропадна и најновиот, 14. по ред тендер за изградба на хидроелектраната „Чебрен“, откако грчката компанија „Архиродон“ не ја продолжи банкарската гаранција која беше со важност до 31 декември 2023 година. Државата не ја активирала гаранцијата, бидејќи тоа било можно само доколку компанијата предвреме се повлекла од процесот, што фактички не го сторила, информира денес […]

Австралиската компанија ЕМАПТА отвора деловен простор во Скопје и 850 вработувања


  Мултинационалната водечка компанија за аутсорсинг услуги ЕМАПТА ќе отвори деловен простор од 6.000 метри квадратни во ТИРЗ „Скопје 1“ и планира да вработи 850 млади луѓе во наредните пет години или над 10.000 за една деценија. До крајот на инвестицискиот период само за плати компанијата најавува дека ќе вложи над 15 милиони евра годишно. […]

(Видео) Ковачевски и Деспотовски ја презентираат првата странска инвестиција во 2024 година


Во Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) денеска ја презентираат првата странска инвестиција за 2024 година.   Дирекцијата по овој повод организира брифинг со новинарите на кој, покрај директорот Јован Деспотовски, ќе бидат присутни и премиерот Димитар Ковачевски, како и претставници на компанијата инвеститор. Деспотовски во вчерашното интервју за МИА рече дека се работи […]

(Во живо) Шукова информира за ХЕЦ „Чебрен“ и актуелни прашања поврзани со животната средина


Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска ќе одржи брифинг за прашања поврзани со ХЕЦ Чебрен и за други актуелни прашања повразни со животната средина.  ППЦ-Архиродон на 14 септември 2023 година беше избран за најповолен понудувач на 14. тендер за изградба на реверзибилната хидроцентрала ПАХЕ „Чебрен“. Подоцна имаше забелешки на јавниот повик […]

Денеска почнува исплатата на декемвриските пензии


Минатиот четврток од Министерството за труд и социјална политика информираа дека пензионерите нема да добијат пензија на 1 јануари во 2024 година, а причина за тоа е, неработниот ден по повод Новата година. „Ве информираме дека бевме известени од ПИОМ дека ПИОМ ќе ги исплати пензиите за месец декември на 3 јануари, 2024 година. Во […]

Турската лира падна на најниска вредност во однос на доларот


Турската лира го достигна своето најниско ниво во однос на американскиот долар и вчера се тргуваше за 29,70 лири за долар. Економистот Алатин Акташ изјави за дневниот весник „Џумхуриет“ (Cumhurriyet) дека се очекува годинава курсот на доларот да порасне на околу 40 лири за долар. Инфлацијата во Турција во ноември достигна 61,98 отсто, објави Фена. […]

Кинески производител на автомобили продаде повеќе возила од „Тесла“ во последниот квартал лани


Кинескиот BYD продаде повеќе електрични возила од „Тесла“ на Илон Маск во последните три месеци од 2023 година. BYD објави дека продала рекордни 526.000 возила на батерии во последниот квартал од минатата година „Тесла“ во вторникот соопшти дека испорача рекордни 484.500 електрични возила во последните три месеци од 2023 година и 1,8 милиони за целата […]

Саудиска Арабија официјално се приклучи на сојузот во кој се Кина и Русија


  Саудиската државна телевизија денеска објави дека Саудиска Арабија официјално влезе во меѓувладината организација БРИКС. Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија во август соопшти дека кралството ќе ги проучи деталите пред предложениот датум за пристапување на 1 јануари и ќе донесе „соодветна одлука“. Принцот Фајсал бин Фархан рече дека групата БРИКС е „корисен и […]

Вредноста на Икс падна за 71 отсто откако го купи Маск и го смени името Твитер


  Платформата за социјални медиуми Икс изгуби 71% од својата вредност откако беше купена од Илон Маск, според фондот „Фиделити“. „Фиделити“, кој поседува удел во „Икс холдингс“, соопшти дека ја намалила вредноста на своите акции за 71,5 отсто од купувањето на Маск, пренесе „Аксиос“. Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари во октомври 2022 […]

„Чебрен“ ќе чека нова шанса? Истече рокот за „Архиродон“ да стави потпис на договорот


  Грчката фирма „Архиродон“ требаше да стави потпис на договорот за проектот „Чебрен“ до крајот на минатата година, но како што стојат работите, тоа не е сторено, и повеќе од извесно е дека ќе пропадне и 14-от тендер за изградба на „Чебрен“. „Телма“ јави дека по налог на министерката за животна средина Каја Шукова, денеска […]

Бензините поевтинуваат половина денар, дизелот се намалува за еден денар


Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар за литар, а цената на дизел горивата се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,19 отсто. Новата малопродажна […]

Од 1 јануари задолжително назначување на даночен застапник, еве за кого


Од почетокот на годинава, странските лица кои немаат седиште или подружница на територија на државава, а вршат промет на добра и услуги кои подлежат на данокот на додадена вредност, ќе мора да назначат даночен застапник за ДДВ.  Оваа обврска, како што стои во информацијата објавена на веб страницата на Управата за јавни приходи, произлегува од […]

Цените на нафтата растат на почетокот на 2024 година


Цените на нафтата благо пораснаа на азиското тргување денеска. Цените беа најмногу погодени од тензиите во Црвеното Море, пренесува германската новинска агенција Дпа. Барел нафта од 159 литри за испорака во февруари беше 72,91 долар до попладне време по Сингапур, што е за 1,26 долари повеќе од петокот. Северноморската нафта „брент“ за испорака во март […]

Во изминатите 25 години, еврото покажа издржливост и покрај лошите предвидувања


  Валутата на Европската унија, еврото, и помага на Европа да остане самоопределена на глобално ниво, вели претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, во текстот по повод претстојната 25-годишнина на валутата. „Воведувањето на втората најважна валута во светот ни даде поголема независност во турбулентен свет“, напиша Лагард во заедничката статија со Урсула фон дер […]

Вработените во JYSK со зголемени плати за цели 23,5 отсто, а добија и солиден божиќен бонус


Вработените во JYSK, данскиот малопродажен синџир, се очекува да добијат просечно зголемување на приходите од 23,5 проценти во 2024 година, додека за некои зголемувањето ќе биде дури 36 проценти. Весна Кукиќ Лончариќ, директорка на JYSK Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија, истакна дека е горда на ова значително зголемување на приходите за вработените во […]

Деспотовски: Нова инвестиција во ТИРЗ, само за плати предвидува над 15 милиони евра годишно


Компанија од атрактивна технолошка дестинација од Југоисточна Азија е новата странска инвестиција со која Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) ќе ја почне 2024 година. Како што открива директорот на Дирекцијата Јован Деспотовски во интервју за МИА, инвестицијата ќе биде објавена утре, локацијата е ТИРЗ Скопје 1, а до крајот на инвестицискиот период само […]