Царинска управа: Кривичните пријави во 2023 година зголемени за 60 проценти


Кривичните пријави во 2023 година се зголемени за 60 проценти во однос на претходната година – резултати во сузбивање на криминалот има, истакна директорот Стефан Богоев на брифинг со новинари. Меѓу пријавите се кривични пријави за криумчарење, неовластено производство и пуштање во промет на наркотици, даночно затајување, фалсификување пари, царински измами, фалсификување на исправа, избегнување плаќање давачки со прикажување лажни податоци.

Минатиот месец кривичнa пријавa беше поднесена за лице за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по член 215 од Кривичниот законик.
Случајот во кој беа запленети прекурзори за производство на дроги, што како што рече директорот Богоев неодамна, било дел од посериозна мрежа што имала и лабораторија на територија на државата а која со акцијата е разбиена.

Претходно беа поднесени кривични пријави против сторители за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло, а кое било транспортирано во две товарни моторни возила – цистерни.