ЕК обезбеди 50 милиони евра макрофинансиска помош за земјава


Европската комисија обезбеди позајмици за Северна Македонија во износ од 50 милиони евра, како прва транша од тековната операција за макрофинансиска помош за земјата, јави дописникот на МИА од Брисел. Како што соопшти денеска Еврокомисијата, овие средства треба да обезбедат дополнителна поддршка за Северна Македонија, чија економија е сериозно погодена од енергетската криза предизвикана од […]

Ангеловска-Бежоска: Капитализираноста на македонскиот банкарски систем порасна двојно повеќе од ЦЈИЕ


И покрај шоковите од невидени размери, банкарските системи во регионот, вклучително и македонскиот, покажаа високо ниво на отпорност. Македонскиот банкарски систем не само што ја задржа стабилноста, туку и уште повеќе ја зголеми, порача гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“, што се одржа во Вилнус, Литванија.    -Резултатите од овие напори се […]

По шокантно лошата година, „Газпром“ почна да распродава згради во Москва


„Газпром“, енергетскиот гигант во срцето на руската економија, објави дека продава средства во Москва, седум дена откако објави рекордни загуби поврзани со намалувањето на снабдувањето во Европа поврзано со инвазијата на Украина. Компанијата во средата соопшти дека имотите вклучуваат канцелариски и нестанбени згради, паркинг во главниот град и хотел „Империал парк и спа“ и одморалиште […]

Дводневна промоција во „Лаб дизајн маркет“


Во изложбениот салон и заедница на македонски дизајнери и занаетчии „Лаб дизајн маркет“ денеска напладне ќе започне дводневна промоција на нови дизајнери. Покрај ова, дизајнерката Евгенија Зафировска ќе ја отвори својата архива на досегашни примероци од минатите колекции и ќе ги понуди на продажба. -Маркетот засега нуди приказ во една нова современа форма на традиционалните […]

Банката на Англија не ги намали каматните стапки, но тоа ќе го направи наскоро


Очекувано, британската централна банка, Банката на Англија и на овој состанок не одлучи да ја промени централната каматна стапка, која со тоа останува на 16-годишниот врв од 5,25 отсто. Банкарите се оптимисти за намалувањето, но истовремено потенцираа дека поради упорно високата инфлација се уште не е вистинското време за тоа. „Потребни ни се повеќе докази […]

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“


  НЛБ Групацијата ги објави трите најдобри регионални идеи за подобро општество од проектот „Рамка за помош“, кој четврта година по ред се спроведува на сите пазари каде е присутна Групацијата. За проектите одлучуваше интернационално жири составено од експерти со богато искуство во областа на претприемништвото и одржливоста, при што беа избрани оние проекти за […]

Кина повеќе не е главен трговски партнер на Германија


Соединетите Американски Држави ја престигнаа Германија во првиот квартал во трговијата со Кина и ја зазедоа позицијата на главен трговски партнер, пресмета Ројтерс врз основа на официјалната статистика. Вредноста на американско-германската трговија достигна 63 милијарди евра во периодот од јануари до март, покажуваат податоците на Дестатис. Кинеско-германската размена изнесува нешто помалку од 60 милијарди евра. […]

Шпанската влада го блокираше спојувањето на две домашни банки вредно 12,23 милијарди евра


Шпанската влада се противи на спојување помеѓу Банко Билбао (Banco Bilbao Vizcaya Argentaria – BBVA) и нејзиниот помал ривал Сабадел поради можното негативно влијание врз финансискиот систем, работниците и клиентите, изјави во четвртокот министерот за економија Карлос Куерпо. ББВА, втората по големина шпанска банка, во четвртокот на акционерите на Сабадел им претстави понуда за преземање […]

Бензините и дизелот остануваат со иста цена, поевтинува мазутот


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ).  Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,223 ден/кг и сега ќе […]

Јаневски на средба со лозарите: Вие нас ни требате, ние вас ви требаме


Вие нас ни требате, ние вас ви требаме. Во нас имате искрени пријатели и ние со вас ги споделуваме сите информации, околу тоа како да дојдете до производство на подобро грозје.  Единствена цел ние е да направиме што подобро грозје, подобро вино што ќе се продаде подобро. Со цел, да биде подобро за двете страни.  […]

СКСЗМ: Одлуката за осигурување на автомобили е еднострана и штетна за бизнис секторот и економијата во државата


Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија ја оквалификува одлуката на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност како неподдржувачка на бизнисот и економската благосостојба. -На многу бизниси им е потребно да се поддржуват на возила за извршување на нивните активности, како што се транспорт на стоки, услуги или вработени. Повисоки цени на полисите за осигурување на автомобили […]

Инфлација во Аргентина достигна околу 290 отсто


Цените во Аргентина пораснаа толку драматично во последните месеци што владата на претседателот Хавиер Милеи беше принудена петкратно да го зголеми износот на најголемата аргентинска банкнота, и таа сега изнесува 10.000 пезоси, што е приближно десет американски долари. Централната банка во вчерашното соопштение вети дека ќе им го олесни товарот на многу Аргентинци, буквално, кои […]

Во ЕУ разгледуваат нови санкции за Русија – таргет би бил секторот за течен природен гас


ЕУ разгледува потези за да ги прошири своите санкции против Москва поради војната во Украина и да го таргетира рускиот сектор за течен природен гас, изјавија дипломати на ЕУ. Целта е дополнително да се погодат приходите на Русија бидејќи расте загриженоста дека претходните санкции не и наштетуваат толку колку што сака ЕУ. Амбасадорите на ЕУ […]

Кои се највредните компании во секоја земја од Југоисточна Азија


Југоисточна Азија се појавува како економска сила во изминатата деценија. Сепак, постојат многу забележливи разлики во големината на најголемите корпорации со јавно тргување во земјите во регионот. Во оваа визуелизација, ја мапираме највредната компанија во секоја земја од Југоисточна Азија, според нивната пазарна капитализација во тековни американски долари од 18 април 2024 година, пишува Вижуалкапиталист. […]

Струјата од чисти извори стигна до 30 отсто на глобално ниво


  За прв пат, 30% од произведената електрична енергија ширум светот беше од чисти извори на енергија бидејќи бројот на соларни и ветерни фарми продолжи брзо да расте, пишува Асошиетед прес. Од видовите чиста енергија произведена минатата година, најмногу произвеле хидроелектричните брани. Тоа е исто како и во повеќето години. Сепак, сушите во Индија, Кина, […]

САД ги повлекоа лиценците на американските добавувачи на Хуавеи


Американските власти повлекоа повеќе лиценци кои им дозволуваа на компаниите како Интел и Квалком да извезуваат чипови за лаптоп и друга електроника на санкционираниот кинески гигант Хуавеи. Повеќе извори ја потврдија оваа информација за Ројтерс, а еден од нив истакна дека компаниите не биле информирани дека повлекувањето на лиценците и дозволите ќе стапи на сила […]

Ова е металот на иднината. Се очекува брутален раст на цените


Голем број експерти за стоки веруваат дека претстои „суперциклус“ за трговијата со бакар. Имено, за премин во климатско неутрална економија, потребна е пред сѐ една суровина – бакар, пишува DW. Долго време цената на бакарот на светските берзи само благо флуктуираше и не играше некоја голема улога за инвеститорите. Но, се чини дека тоа се […]

Обновливите извори се одговорни за 30 отсто од светската енергија


Обновливите извори на енергија сега сочинуваат повеќе од 30 отсто од глобалното производство на електрична енергија, според извештајот објавен во средата од тинк-тенк Ember. „Растот на соларната и ветерната енергија го виде светот над 30 проценти од обновливите извори на електрична енергија за прв пат во 2023 година“, се вели во соопштението на Ембер, енергетски […]

Зошто Корејците „полудеа“ по златни прачки?


Јужнокорејските продавници имаат во понуда нов популарен предмет – златни прачки. Најголемиот синџир продавници во земјата, CU, соработува со корпорацијата за печатење и безбедност на Кореја (KOMSCO) за да им понуди на клиентите мали прачки од злато – и тие се продаваат „како алва“. Различни златни шипки со големина на нокт со тежина од 0,1 […]

Бафет продаде акции на „Епл“ за 20 милијарди долари


Американскиот холдинг Беркшир Хатавеј објави рекордни 189 милијарди долари во готовина во првиот квартал од оваа година, благодарение на континуираната продажба на нејзините акции, вклучително и на „Епл“ (Apple), која е една од нејзините најголеми позиции. Бројките на холдинг-компанијата, на чело со Ворен Бафет, ги покажуваат тешкотиите на милијардерот и неговиот тим во обидот да […]