Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра


 Девизните резерви на крајот на април годинава изнесувале 4.329 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 41,9 милиони евра, соопшти Народна банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (58,7%), по што следуваат валутите и депозитите (30,1%) и монетарното злато (11,1%).

Тркалезна маса: „Зелените“ иновации ќе станат нова реалност, а „зеленото“ образование секојдневие


Компаниите мора да работат на развивање зелени иновации, како и на создавање кадар со кој ќе може да го спроведат процесот на зелена трансформација. Но, за да се овозможи создавање стручен кадар, потребно е поврзување со образовните институции и успешно работење и создавање образовни центри за развивање зелени иновациски вештини. Компаниите мора да бидат активни […]

ССК за цените на автоосигурувањето: Сериозно општество не треба да си дозволи вакви екскурзии


Уште еден доказ за неорганизираност на нашето општество, за честото носење избрзани одлуки, без јасна предвидливост, непријатна ситуација од која сите ги чувствуваме последиците. Вака денеска претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК) Трајан Ангелоски ги оцени последните случувања околу цените за осигурување на возилата. Според него, треба точно да се знае која мерка е […]

Италија ќе забрани соларни панели на земјоделско земјиште


Италијанската влада усвои предлог-закон со кој се забранува поставување соларни панели на земјоделско земјиште, објавија министрите, но сигнализира зелено светло за фотоволтаични системи над полињата и виноградите. Како дел од пакетот мерки за заштита на земјоделството и рибарството, Владата забрани поставување на фотоволтаични системи на земјоделско земјиште. „Ја прекинавме практиката на неконтролирано поставување на фотоволтаични […]

Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри


Има промени во цените на житото на светските берзи, но засега, барем најмалку 1,5 до два месеца, цената на лебот и на останатите основни прехрабени производи во земјава нема да се промени, велат пекарите. Според нив, по месец-два повторно ќе се прави анализа со оглед на руско-украинскиот конфликт и турбуленциите на Блискиот Исток, како и […]

Бензините поевтинуваат за 1,5 денари за литар, еуродизелот за денар


Од утре малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/литар, одлучи денеска регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,829 ден/кг и […]

Самит на „Македонија 2025“ на 15 и 16 мај во Скопје, во фокусот како до повисоки стапки на раст


Над 400 гости, околу 50 панелисти поделени на 12 панели и три главни говорници ќе има на годинашниот Самит во организација на невладината „Македонија 2025“, што на 15 и 16 мај ќе се одржи во Скопје, на кој главен фокус ќе биде како да дојдеме до повисоки стапки на раст на економијата. -На Тринаесеттото издание […]

Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти


Цените на угостителските услуги во април во споредба со март се зголемени за 2,5 проценти, а во однос на истиот период лани има зголемување од 5,9 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување е забележано во групата Ноќевања за 13,5 проценти. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април […]

Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март


Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика. Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни […]

Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан усвоен во конечна фаза


Советот на ЕУ денеска во последна инстанца ја одобри Регулативата за формирање на Механизмот за реформи и раст за Западен Балкан, со што за да стапи во сила останува уште нејзино објавување на Службениот весник на Унијата, јави дописникот на МИА од Брисел.  Механизмот претставува нов финансиски инструмент за реализација на Планот за раст за […]

Германија од 1 јуни ги менува правилата за работници од Западен Балкан


  Граѓаните на Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија ќе уживаат привилегиран пристап до германскиот пазар на труд од 1 јуни 2024 година, според Регулативата за Западен Балкан. Тоа е затоа што Германија одлучи да го удвои бројот на визи што ќе ги добиваат граѓаните на овие пет земји за работа […]

Во 2023 година Грција ја посетиле над еден милион туристи од Северна Македонија


Минатата година Грција ја посетиле 1.128.000 туристи од Северна Македонија, бројка што е нешто помалку од двојно поголема споредбено со 2022 година, согласно податоците од Институтот на Асоцијацијата на грчки туристички бизниси (ИНСЕТЕ), јави дописничката на МИА од Атина. Во истражувањето „Кој каде оди? Колку долго останува? Колку троши?“, ИНСЕТЕ ги анализира официјалните податоци на […]

Групна тужба против АстраЗенека – дали влијаела врз болести и смрт


Правниот застапник на таткото кој тврди дека вакцината AстраЗенекаa му предизвикала оштетување на мозокот, изјави за Би-Би-Си дека фармацевтската компанија направила „значајна промена“ во својата правна позиција. АстраЗенека за првпат во судските документи призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика многу ретки несакани ефекти. Во колективна тужба фармацевтската компанија се соочува со бројни […]

ЕК одобри 25 милиони евра државна помош за проширување на терминалот за ЛНГ на Крк


 Европската комисија го одобри барањето на Хрватска за доделување 25 милиони евра државна помош за поддршка на проширувањето на терминалот за течен природен гас (ЛНГ) на хрватскиот остров Крк.   Согласно одлуката на ЕК, како што јави дописникот на МИА, проектот делумно ќе биде финансиран и преку Механизмот за закрепнување и отпорност на ЕУ.  Со […]

Авиопревозниците од поранешна Југославија во првиот квартал превезле над 1,1 милион патници


Трите преостанати национални авиокомпании од поранешна Југославија – Ер Србија, Кроација ерлајнс и Ер Монтенегро – превезоа вкупно повеќе од 1,1 милион патници во текот на првиот квартал од 2024 година. Бројката претставува зголемување од речиси 11 отсто во споредба со истиот период минатата година, известува Екс Ју авијација (Ex Yu aviation). Ер Србија сочинува […]

Почна исплатата на парите од „Мој ДДВ“


Започна исплатата на повратот на ДДВ на граѓаните. Имено од почетокот на месец мај се врши исплата на повратот на средства за периодот јануари, февруари и март, односно првото тримесечје од 2024, но со оглед дека имаше неколку неработни денови, исплатата се очекува да се врши од утре.

Цените на шеќерот на надолна траекторија


Цените на шеќерот на светските берзи веќе извесно време се на надолна траекторија. Најголемиот светски производител и извозник на шеќер, Бразил, во сезоната 2024/2025 година ќе има послаба од очекуваната жетва на шеќерна трска, која сепак е доволна за рекордно ниво на финално производство на шеќер. Бразил, исто така, ќе преработи 686 милиони тони шеќерна […]

Минималните плати во ЕУ – највисоки во Луксембург, најниски во Бугарија


Загарантираната минимална плата од оваа година во Хрватска е 840 евра бруто или приближно 677 евра нето. Владата редовно се фали со континуирани повеќегодишни зголемувања на минималната плата. Сепак, и по овогодинешното зголемување, Хрватска е во долниот дел од рангирањето на земјите од ЕУ кои пропишуваат национална минимална плата, пишува Даница.хр. Највисок минималесц има во […]

Значаен пад на цените на нафтата минатата недела


На глобалните пазари минатата недела цената на нафтата падна за околу 7 отсто бидејќи трговците се загрижени поради забавувањето на растот на најголемите светски економии, поради што слабее и побарувачката за „црното злато“. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела потона за 7,3 отсто, на 82,96 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот […]

Проекции на ММФ: Словенија ќе ја престигне Италија по куповна моќ до 2029 година


Според последните проекции на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), до 2029 година – со оглед на очекуваната разлика во стапките на економски раст – во однос на БДП по глава на жител во однос на куповната моќ, Словенија ќе ја престигне Италија и ќе се приближи многу повеќе до Обединетото Кралство и Франција. Според овој показател […]