ФТ: Србија им ветила литиум на европските производители на автомобили


Србија ветила дека нема да продава литиум на кинеските производители на автомобили и дека кога ќе развие едно од најголемите наоѓалишта на тој метал во светот, предност ќе имаат европските автомобилски компании како Мерцедес-Бенц, Фолксваген и Стелантис, пренесе Бета пишување на ФТ. Како што пишува Фајненшл тајмс, српскиот претседател Александар Вучиќ се обврзал на ова […]

„Мајкрософт“ ги испитува проблемите со услугите на клиентите


 Компанијата Мајкрософт соопшти дека презема „акции за ублажување“ на проблемите пријавени од корисниците, кои предизвикаа технички проблеми и прекини во функционирањето на компаниите и банките ширум светот. Компанијата истражува прашања поврзани со обезбедувањето на клауд услугите во САД, како и проблем што влијаеше на неколку нејзини апликации и услуги, се вели во соопштението. Во Австралија, […]

Нарoдната банка втора година по ред го поддржува нашиот тим за учество на Меѓународната економска олимпијада


Јакнењето на финансиската писменост на населението во нашата земја е приоритет за Народната банка, којашто презема едукативни активности за различни возрасни групи. Меѓу нив е и поддршката којашто втора година по ред ја обезбедува централната банка, преку подготовка на наши ученици, претставници на Меѓународната економска олимпијада.  Народната банка одржа серија предавања за учениците, наши претставници […]

Виетнам и Кина со најголемо зголемување на бројот на милионери, од Европа во првите десет се Малта и Монако


Најголем пораст на бројот на милионери во светот во последните десет години забележа Виетнам, од европските земји во првите десет влегоа Малта и Монако. Најголемо намалување на бројот на милионери има Нигерија од 48 отсто, а потоа Бразил и Русија со 28, односно 26 отсто. САД и покрај тоа што се на деветтото место со […]

Раст на заработката на Нетфликс во вториот квартал


 Вкупната заработка на конгломератот за стрим-услуги Нетфликс во второто тримесечје забележа раст којшто ги надмина проценките на „Волстрит“, според новиот извештај на компанијата. Така, долната линија на стрим-платформата достигна 2,15 милијарди долари или 4,88 долари по акција. Ова се споредува со 1,49 милијарди долари, или 3,29 долари по акција, за истиот период лани. Приходите на […]

На Волстрит цените на акциите паднаа втор ден по ред


  Вчера на Волстрит цените на акциите паднаа втор ден по ред, најмногу во технолошкиот сектор, бидејќи дел од инвеститорите се повлекуваат од пазарот по силниот раст на берзанските индекси од почетокот на годината. Индексот Дау Џонс се лизна за 1,29 отсто, на 40.665 поени, додека С&П 500 падна за 0,78 отсто, на 5.544 поени, […]

Жителите на Луксембург и САД земаат највисоки плати (инфографика)


  Постојат многу причини зошто платите варираат од земја до земја: економски развој, трошоци за живот, закони за труд и мноштво други фактори. Поради овие варијабли, може да биде тешко да се процени општото ниво на приход ширум светот. Visualcapitalist.com креираше инфографика за просечните годишни плати во 30 земји на ОЕЦД, приспособени за паритетот на […]

Турција најави реформи: За компаниите минимален данок од 10-15 проценти


Турција ги претстави плановите за реформа на нејзината корпоративна даночна структура, вклучувајќи минимална стапка од 10 отсто. Имено, креаторите на политиката се обидуваат да ја оладат економијата од билиони долари и да ги зголемат државните приходи. Партијата на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Таип Ердоган во вторникот испрати обемен пакет даночни реформи до […]

Исплатени платите на Македонски железници инфраструктура, Македонски железници транспорт и Македонски пошти


Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска на својот Фејсбук профил објави дека е исплатена плата на Македонски железници инфраструктура, Македонски железници транспорт и Македонски пошти. -Ветив дека 4400 вработени нема да ги оставам без плата! Плата е исплатена на Македонски Железници Инфраструктура, Македонски Железници Транспорт и Македонски Пошти. Повикувам […]

Топ 10 работни места за странци во Дубаи


Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) доживеаја брз развој во последниве години, што ја прави земјата атрактивна дестинација за живеење и работа за луѓето од целиот свет. Со платите без даноци, висок стандард на живеење и одлични можности за работа, ОАЕ се популарен избор меѓу професионалците, а ова се 10-те најбарани професии. Life Coach (лични и професионални […]

Повеќе од 40 проценти од јапонските фирми ја отфрлаат вештачката интелигенција


Повеќе од 40 отсто од јапонските компании не планираат да воведат вештачка интелигенција (ВИ) во своето работење, покажа истражувањето на Ројтерс, кое го отсликува воздржаното прифаќање на новата технологија во третата по големина светска економија. Истражувањето беше спроведено за Ројтерс од Никеи Рисрч и постави низа прашања до 506 јапонски компании. Од нив одговориле околу […]

Битиќи: Власта манипулира, пензиите всушност ќе се зголемат само за 1.000 денари


  Во „Дневен клик“ на ТВ21 пратеникот на СДСМ, Фармир Битиќи рече дека новата влада манипулира со линеарното зголемување на пензиите, потенцирајќу дека пензионерите би имале секако покачување според методологијата за усогласување и дека разликата сега е само 1.000 денари.   „Дефинитивно ќе имаше покачување во септември, бидејќи ќе имавме усогласени пензии, јавно кажувам дека […]

Мицкоски: Транзитот на гас низ Македонија е во корист на Европа – работиме на изградба на интерконектори


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање на Самитот на европската политичка заедница, кој се одржа во Лондон, се осврна на енергетиката за која рече дека денес таа е важно прашање во светот во услови на руска агресија на Украина, соопшти владината прес-служба.  -Да се зборува за енергетика во […]

ЕЦБ ги задржа каматните стапки непроменети


Европската централна банка ги задржа каматните стапки непроменети, но ја остави отворена вратата за дополнителни намалувања оваа година, бидејќи инвеститорите го чекаат првото намалување на стапките на Федералните резерви од 2020 година. Централните банки ширум светот почнаа да ги намалуваат стапките или размислуваат да го сторат тоа во последниве месеци бидејќи инфлацијата се намали од […]

Македонија е на второ место во регионот по квалитет на услуги на продажни места, БиХ е на врвот


Македонија е втора во регионот според квалитетот на услугите на продажните места, покажува истражувањето „Регионален сервис-ГОСТ“ на агенцијата Хераклеа во соработка со агенции од регионот. Ова е 16-то истражување за квалитетот на услугите во регионот, спроведено од 1 до 30 јуни од Хераклеа во соработка со тајни трговски агенции од Босна и Херцеговина (БиХ), Црна […]

Замрзнатите средства за Гостивар-Букојчани биле за изградба на тунел, ДУИ длабоко разочарани


Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска преку соопштение изрази „длабоко разочарување“ поради одлуката на Владата да ја укине претходната одлука за изградба на патната оска Гостивар-Букојчани, која е дел од Коридорот 8, преку изградба на тунел што го поврзува Гостивар со Кичево наместо изградба на висински автопат. „Сакаме да нагласиме дека одлуката што ја изгласа […]

Пад на обемот на градежништвото во ЕУ во мај


Градежниот сектор во ЕУ во мај годинава бележи пад од 1,0 отсто споредено со претходниот месец, додека во Еврозоната се намали за 0,9 проценти, соопшти денеска Европската статистичка служба – Евростат. Во април 2024 обемот на градежништвото на Еврозоната на месечно ниво се намали за 0,4 отсто, а на ниво на цела ЕУ остана непроменето. […]

Лукаревска: Со 4,9 отсто дефицит и 68 отсто јавен долг, ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во финансиски амбис


  ВМРО-ДПМНЕ успеа за еден месец на власт да сруши стабилни економски политики коишто Социјалдемократскиот сојуз макотрпно ги градеше изминатите седум години во услови на економска и ковид криза, истакна пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска на денешната прес конференција посветена на ребалансот на Буџетот што Министерството за финансии го презентираше вчера. „Со буџетот се предвидува […]

Во ЕУ во јуни регистрирани речиси 1,1 милион нови автомобили


Во земјите на Европската унија во јуни се регистрирани 1.089.925 нови автомобили, што е за 4,3 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти денеска Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA). На повеќето големи европски пазари е забележан раст на продажбата на годишно ниво, во Италија за 15,1 отсто, Германија за 6,1 отсто, […]

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Институтот на сметководители и овластени сметководители потпишаа Меморандум за соработка


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Институтот на сметководители и овластени сметководители потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот го потпишаа ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова и претседателката на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС), Весна Прентоска, а неговата основна цел е воспоставување соработка на полето на […]