Работници и механизација од РЕК Битола трет ден учествуваат во гаснењето на пожарите во Пелагонија


Работници, противпожарно возило и механизација на РЕК Битола трет ден учествуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија Пелагонија, соопштија рударско енергетскиот комбинат.

Десетина пожарникари од Службата за техничка сигурност на РЕК Битола, булдожери и грејдери во сопственот на комбинатот, ангажирани се за гаснење на пожарите, за дотур на вода и за правење на заштитни појаси кои ќе спречат проширување на огнената стихија.

Во соработка со Општина Новаци и Територијалната противпожарна единица од Битола, работници и механизација на РЕК Битола денеска интервенираат во атарот на селото Паралово.

Во текот на викендот, се правеше заштитен појас околу селото Грумази, а се гаснење во атарот на селата Скочивир, Брод, Балдовенци и Тепавци.

Противпожарното возило, механизацијата и работниците од РЕК Битола и понатаму ќе останат на терен и ќе интервенираат согласно можностите и барањата на надлежните инситуции.