Во јули биле потребни 60.570 денари само за основните потреби на едно семејство


Минималните трошоци на едно семејство во јули изнесувале 60.570 денари и во споредба со јуни трошоците се зголемени за 245 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија. Според новата методологија на пресметување на синдикалната кошничка, со изнајмен стан од 60 кавдарати трошоците се зголемуваат на 75.945 денари. Вообичаено, најмногу пари се потребни за храна […]

Повеќето од најбогатите Швајцарци не го заработиле своето богатство


Најголемиот број богати Швајцарци го наследиле своето богатство, а само малцинство независно се збогатило, покажува најновото истражување. Само осум отсто од 300-те најбогати Швајцарци сами го стекнале своето богатство, покажуваат податоците од студијата објавена од Швајцарскиот институт за економски истражувања (КОФ), пренесува Swissinfo. Осум од десет богати Швајцарци го наследиле своето богатство, според истражувањето објавено […]

Кина ги намали каматните стапки за да ја поттикне економијата


Кина ги изненади пазарите со намалувањето на нејзината клучна краткорочна каматна стапка и нејзините референтни стапки за заеми во понеделникот, во обид да го поттикне растот на втората по големина економија во светот. Кратењата дојдоа откако Кина минатата недела објави послаби од очекуваните економски податоци за вториот квартал и откако нејзините највисоки претставници се состануваа […]

Чадеш: Производството на „е-панда“ е најзначаен датум за српската економија


Производството на електричниот автомобил „Фиат Гранде Панда“ во Крагуевац е еден од најзначајните датуми за српската економија во изминатите неколку децении, изјави денеска претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеш. Тој посочи дека со „електричната Панда“ во Србија доаѓа технологија, знаење и револуционерни чекори во секторот на и-мобилност (eMobility). – Ова е сериозна […]

Еве колку можете да заработите како сезонски работник во Германија, ова се условите


Одењето во Германија на сезонска работа сега е многу полесно отколку во претходните години, особено за студентите. Одамна е случај дека работната сила недостасува во речиси цела Европа. Германија е особено погодена од овој проблем, бидејќи во оваа земја недостигот на работна сила е присутен во речиси секој сектор. Неодамна, Германија воведе бројни олеснувања кога […]

Претседателката на ЕБОР Одил Рено-Басо во посета на Македонија


Претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо, денеска и утре ќе биде во посета на Северна Македонија. За време на нејзината втора посета на земјава, претседателката на ЕБОР, како што е најавено, ќе се сретне со владини претставници, претставници од бизнис секторот и од граѓанскиот сектор. – Со задоволство ја очекувам […]

Ребалансот на Буџетот во четврток на седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет


Ребалансот на буџетот во четврток ќе се најде на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Според информациите од веб страницата на Собранието, седницата на Комисијата е закажана во 11 часот. Ребалансот на буџетот се очекува да биде усвоен најдоцна до првата недела од август. Ребалансот беше усвоен на владина седница во вторникот, […]

Министерот Николоски најавува нови евтини авиолинии од двата аеродрома


Министерот за транспорт и врски Александар Николоски најавува нови евтини авиолинии од Скопскиот и од Охридскиот аеродром. Во видео обраќање, Николоски информира дека е формирана работна група која ќе ги испитува можностите за зголемување на бројот на летови од двата аеродрома. Новите летови, според Николоски, ќе го зголемат бројот на туристи и ќе им овозможат […]

Еве колку ќе чини електричната „панда“ што ќе се произведува во Крагуевац


Компанијата FCA Србија во понеделник ќе го одбележи воведувањето на нови линии за производство на електричниот модел „Fiat grande panda“ во фабриката Стелантис во Крагуевац. Прво ќе започне пробното производство на автомобилот, а сериското производство ќе започне за два месеци. Новиот модел е направен во две верзии – електрична и хибридна, а од Крагуевац прво […]

Подобрен кредитниот рејтинг на Турција, прв пат по повеќе од една деценија


„Мудис“ го зголеми кредитниот рејтинг на Турција, наведувајќи го подобреното владеење, построгиот став кон монетарната политика и напредокот во однос на инфлацијата, додека ја одржуваше перспективата на земјата како „позитивна“. Суверениот кредитен рејтинг беше подигнат за два степена, од „Б1“ на „Б3“, што ја означи првата надградба на „Мудис“ за Турција по повеќе од една […]

Од следната седмица ќе почне исплатата на повратот на ДДВ, УЈП ќе прави и контрола за одредени барања


Управата за јавни приходи известува дека од следната седмица преку Министерството за финансии ќе започне исплатата на повратот на ДДВ. Од УЈП велат дека веднаш по назначувањето на нов директор била формирана Комисија за унапредување на процесите за ДДВ. Од таму посочуваат дека поради тоа што УЈП нема воспоставено централизирано управување со повратот на ДДВ […]

Претседателката на ЕБОР Одил Рено-Басо утре во посета на Северна Македонија


Претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо, од утре ќе биде во посета на Северна Македонија. За време на нејзината втора посета на земјава, претседателката на ЕБОР, како што е најавено, ќе се сретне со Владини претставници, клиенти, претставници од бизнис секторот и претставници од граѓанскиот сектор. – Со задоволство ја […]

Анѓушев: Имаме решение за вишокот електрична енергија – смарт батериски систем за складирање и управување на струјата


Групацијата Феро Инвест извади на пазарот интегрирано решение за проблемот со вишокот електрична енергија од обновливи извори, а тоа се ,,батериски системи со интерактивен софтвер за паметно складирање и управување со енергијата”. Софтверското решението на Феро Инвест, кое е сопствено дело на инженерите на компанијата и е развивано по последните две години, во моментот претставува […]

Италијанскиот синџир супермаркети доаѓа во Македонија


„Конад“, еден од најголемите италијански синџири супермаркети, влегува на нови пазари на Балканот. Филијалата на „Конад“ во Албанија објави дека планира да го прошири синџирот на нови пазари и да влезе во Северна Македонија и Црна Гора. „Конад“ моментално работи со 40 модерни супермаркети опремени според највисоките светски стандарди и бележи позитивен раст на бизнисот […]

Речиси половина од Европејците стравуваат дека работните места ќе исчезнат поради вештачката интелигенција


Речиси половина од европските граѓани стравуваат дека вештачката интелигенција ќе ги згасне работните места, покажа истражувањето на осигурителната компанија Алијанц, спроведено во шест европски земји. Нешто помалку од половина од испитаниците, 46 отсто од нив, очекуваат дека вештачката интелигенција ќе го намали бројот на работни места, покажа истражувањето на Allianz Research. Само една третина од […]

Исплатени субвенциите за пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репа и афион, како и за предадено овошје


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски соопшти дека се исплатени субвенциите за мерките 1.3 и 1.10 од Програмата за 2023 година. Средствата, информира, од денеска веќе ќе им бидат на располагање на земјоделците. Според Трипуновски, денеска се исплатени 252.234.467 денари за мерка 1.3 кон 4 328 земјоделци за остварено производство на пченица, јачмен, […]

Која е компанијата поради која цел свет утрово гледаше во син екран


Американската компанија за сајбер безбедност „Краудстрајк“ (CrowdStrike) е најверојатниот виновник за сериозните проблеми со компјутерот и серверот што ги пријавија бројни компании ширум светот во петокот. Како што пренесува The Verge, „Краудстрајк“ објави неисправно ажурирање на софтверот што ги спречува компјутерите да се вклучат и нормално да работат на оперативниот систем Виндоус. „Краудстрајк“ објави дека […]

Го соборија системот, еве ги последиците: Паднаа акциите на „Краудстрајк“ и на „Мајкрософт“


Акциите на компанијата за сајбер безбедност „Краудстрајк“ (Crowdstrike) паднаа за дури 21 отсто во почетокот на тргувањето, откако големиот технички проблем ги прекина услугите на авиокомпаниите, банките и компаниите за финансиски услуги, ТВ и радио станиците и супермаркетите. За потсетување оваа компанија ја презеде одговорноста за технолошкиот неуспех. Извршниот директор на компанијата за сајбер безбедност […]

Исплатени 24 милиони денари за сончоглед од програмата ИПАРД


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја изврши исплатата за предаден сончоглед од реколта 2023. Исплатени се 389 лица со финансиска поддршка од близу 24 милиони денари. Средствата за оваа исплата се обезбедени од Програмата за интервентен фонд за 2024 година. Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства кои во производствената […]

Србија и ЕУ потпишаа Меморандум за разбирање за минералните суровини


ЕУ и Србија денеска во Белград потпишаа Меморандум за разбирање за стратешко партнерство за одржливи суровини, синџири за производство на батерии и електрични возила.  Меморандумот за разбирање беше потпишан во Палатата на Србија во рамки на Самитот за критични суровини во Белград од страна на српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ и […]