Од утре поскап бензинот „ЕуроСупер 95“


Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден. и ќе изнесува 83,00 ден/литар. Малопродажните цени на бензинoт ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат.

Мицкоски: Општините парите за проекти нема да ги трошат за плати и стари долгови, ќе ги добиваат на наменска сметка


Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека средствата од Буџетот што ќе бидат наменети за општините ќе им бидат префрлени на локалните самоуправи откако тие ќе достават проекти и точно ќе се знае за кој проект, колку средства ќе бидат наменети. – Средствата ќе бидат префрлени до општините откако претходно општините ќе …

Мицкоски: Општините парите за проекти нема да ги трошат за плати и стари долгови, ќе ги добиваат на наменска сметка Read More »

„ЕИУ“: Виена е најпогоден град за живеење за 2024 година


Главниот град на Австрија, Виена трета година по ред е прогласен за најпогоден град за живот, од страна на „Економист интелиџенс јунит“ (Economist Intelligence Unit). Годишниот извештај, со топ-листата најдобри градови за живеење, годинава испитува 173 места ширум светот врз основа на 30 показатели поделени во пет области: стабилност, здравствена заштита, култура и животна средина, …

„ЕИУ“: Виена е најпогоден град за живеење за 2024 година Read More »

Светска банка: Македонија треба брзо да воведе цена на емисии на ЦО2, може да собере 730 милиони евра годишно


Северна Македонија, како и останатите земји од Западен Балкан, се соочува со сѐ поголеми предизвици од природни опасности кои влијаат на животите, го попречуваат растот и ги оптоваруваат јавните финансии. За да се подготви за овие закани поврзани со климатските промени и да продолжи со пристапувањето во Европската унија, земјата треба да преземе низа на …

Светска банка: Македонија треба брзо да воведе цена на емисии на ЦО2, може да собере 730 милиони евра годишно Read More »

Бобан Николовски ја презеде функцијата директор на Царинска управа


Бобан Николовски денеска ја презеде функцијата директор на Царинска управа од својот претходник Стефан Богоев, кој на оваа позиција беше од јуни минатата година. „Спроведување реформски мерки и политики за постигнување висок и одржлив економски раст, борба со криминалот и сузбивање на корупцијата и сивата економија, предвидливо даночно и регулаторно опкружување и намалување на парафискалните давачки за …

Бобан Николовски ја презеде функцијата директор на Царинска управа Read More »

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП


Елена Петрова денеска формално ја презеде функцијата директор на Управата за јавни приходи од заменик-директорот Мевљудин Синани. -Елена Петрова е професионалец со долгогодишно работно искуство во УЈП, која во моментот на назначувањето беше Раководител на Секторот за наплата и управување со долгови, соопштија денеска од УЈП. Директорката Елена Петрова изјавила дека нејзина долгорочна и стратешка …

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП Read More »

Договорот за слободна трговија Србија – Кина стапува од денеска на сила


Белград – Договорот за слободна трговија меѓу Србија и Кина стапува денеска во сила чија цел е да се овозможи повластен пристап до кинескиот пазар за производи од српско потекло, јавија српските медиуми. Преференцијалниот пристап на производите од српско потекло на пазарот со повеќе од 1,4 милијарди жители ги става компаниите од Србија во многу …

Договорот за слободна трговија Србија – Кина стапува од денеска на сила Read More »

Од денеска струјата по нова, минимално зголемена цена


 Сметките на потрошувачите на електрична енергија на регулираниот пазар, односно на домаќинствата и на малите потрошувачи, од денеска до крајот на годинава, за најголем дел од потрошувачите, ќе бидат повисоки за 0,4 отсто. Одлуката за минималното зголемување на цената во четвртокот ја донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).  Како што посочи претседателот на РКЕ Марко …

Од денеска струјата по нова, минимално зголемена цена Read More »

Стопанската комора организира бизнис дружење со најуспешните членки


Стопанската комора на Северна Македонија, на иницијатива на претседателот на Комората Бранко Азески,  денеска во Скопје, организира пикник насловен „Бизнис дружење со најуспешните членки“. Целта, како што наведуваат од Стопанската комора, е преку неформално дружење и пријатна атмосфера, да се разменат искуства, дилеми, предизвици со кои се соочуваат компаниите. 

Ја предвиде светската економска криза во 2008 година, сега најавува нова. „Ќе биде најлошото во историјата“


Следната глобална економска криза ќе се случи во 2026 година и ќе биде најлоша во историјата, тврди британскиот автор, економист и деловен консултант Фред Харисон врз основа на сопствениот модел на економски циклус од 18 години. Неговите тврдења имаат особена тежина бидејќи 80-годишниот Харисон беше еден од ретките аналитичари кои навреме ја предвидеа последната финансиска …

Ја предвиде светската економска криза во 2008 година, сега најавува нова. „Ќе биде најлошото во историјата“ Read More »

Италија и Гугл на суд?


Италија бара од Гугл да плати милијарда евра неплатени даноци и казни, седум години откако американската компанија го реши големиот даночен спор со римските власти, пренесува Ројтерс повикувајќи се на три извори со директно знаење за ова прашање. Изворите велат дека италијанската агенција за приходи започнала процес со Гугл кој би можел да заврши или …

Италија и Гугл на суд? Read More »

Милијардерот Ричард Бренсон ги откри најлошите совети за кариера што некогаш ги добил


„Прави го она што го знаеш“ е вообичаен совет за кариера, но не сите се согласуваат дека тоа е мудар совет. Коосновачот на „Вирџин груп“ и милијардер Ричард Бренсон тврди дека тоа е најлошиот совет за кариера што некогаш го добил. Имено, во подкастот „Work Life“ со Адам Грант изјавил дека деловен успех го постигнал …

Милијардерот Ричард Бренсон ги откри најлошите совети за кариера што некогаш ги добил Read More »

Георгиева: ФЕД најверојатно нема да ги промени каматните стапки до крајот на годината


Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, во четвртокот изјави дека американскиот Федерален резервен систем треба да ги задржи тековните каматни стапки непроменети до крајот на оваа година. Во светлината на значителните нагорни ризици, таа предложи Федералните резерви да ги задржат своите клучни стапки на сегашното ниво „барем до крајот на 2024 година“, …

Георгиева: ФЕД најверојатно нема да ги промени каматните стапки до крајот на годината Read More »

Италија бара од „Гугл“ да го намири даночниот долг од една милијарда евра


Рим – Италија бара од американската технолошка компанија „Гугл“ (Google) да го намири даночниот долг и казните од една милијарда евра. Канцеларијата на државниот обвинител во Милано тврди дека „Гугл“ не плаќал данок на приход во Италија во периодот од 2018 до 2022 година. „Гугл“ соопшти дека соработува со италијанските власти. Ние ги почитуваме даночните …

Италија бара од „Гугл“ да го намири даночниот долг од една милијарда евра Read More »

Цената на електричната енергија во Турција од 1 јули ќе се зголеми за 38 отсто


Турција ги зголемува тарифите за електрична енергија за 38 отсто од 1 јули, објави турската телевизија НТВ, повикувајќи се на одлуката на Турскиот регулатор за енергетика. Со ова зголемување, сумата што ќе треба да се плати за потрошувачка од 100 kWh електрична енергија за домаќинствата станува 207,23 турски лири (5,9 евра). Регулаторот за енергетика во …

Цената на електричната енергија во Турција од 1 јули ќе се зголеми за 38 отсто Read More »

Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите низ европската авио индустрија последица на временските услови


Во изминатите неколку дена, европскиот воздушен простор беше сериозно погоден поради проблеми со управувањето со аеродромските места предизвикани од повеќекратни, истовремени временски настани што се случуваат низ цела Европа. Овие настани ги нарушија способностите на властите за контрола на летање и на Eurocontrol да управуваат со обемот на сообраќај низ целата индустрија, што доведе до …

Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите низ европската авио индустрија последица на временските услови Read More »

Поскапува мазутот, цените на другите горива остануваат исти


Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,208 денари за килограм, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,52 …

Поскапува мазутот, цените на другите горива остануваат исти Read More »

Кинеската банка го одобри вториот дел од кредитот за изградба на автопатот Кичево – Охрид


Последниот дел од кредитот од кинеската банка EXIM за изградба на автопатот Кичево – Охрид е одобрен и наскоро ќе бидат префрлени парите. Вториот дел од кредитот беше договорена во анексот 2018 година и истата е во висина од 211 милиони долари. Делницата од 57 километри се гради веќе 10 години, со две влади. Новиот …

Кинеската банка го одобри вториот дел од кредитот за изградба на автопатот Кичево – Охрид Read More »

Кои земји имаат највисок данок на добивка (инфографика)


По азиската финансиска криза во 1999 година, владините претставници од 20-те најголеми светски економии одлучија да се состанат неформално за да ја координираат трговската политика. Така започна Г20. Заедно, блокот сочинува повеќе од 85% од светската економија и е заслужен за обединета политичка акција како одговор на светските настани. Сепак, и покрај оваа заедничка припадност, …

Кои земји имаат највисок данок на добивка (инфографика) Read More »

Нето надворешниот долг 29,9 проценти од проектираниот БДП


Народната банка денеска излезе со најнови податоци за нето надворешниот долг. Според овие податоци, заклучно со 31 март нето надворешниот долг изнесува 4.350 милиони евра или 29,9 проценти од проектираниот БДП. – Нето надворешниот долг на земјата, во првиот квартал од 2024 година, е намален за 109 милиони евра, или за 2,4 проценти. Од аспект …

Нето надворешниот долг 29,9 проценти од проектираниот БДП Read More »