Тевдовски: Граѓаните мора да сфатат колку е важно да се плаќаат даноците


Посериозен пристап на инспекциските контроли, целосно воведување пополнета даночна пријава од страна на УЈП до јануари 2019 година и подобар информатички систем за поефикасна наплата на даноците, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски. Одговорајќи на новинарски прашања во врска со вчерашните препораки на Светска банка, Тевдовски напомена дека граѓаните мора да сфатат колку е […]

Откупени првите количини тутун, просечната цена 200 денари


Изминативе два дена, откако почна откупот на тутунот, преземени се 100 тони по просечна цена од околу 200 денари. – Откупот почна на 15 ноември кога тутун откупуваше фирмата „Пашовски“, а вчера во кампањата се вклучија вкупно шест од деветте фирми, меѓу кои Прилепскиот утунски комбинат, Сокотаб од Битола, Алијанса од Кавадарци и „Секе“. Откупот […]

Доделени наградите за најдобри млади вина произведени во домашни услови


Здружението на винари на Македонија синоќа во Кавадарци ги додели наградите за најдобри млади вина произведени во домашни услови, во рамките на манифестацијата посветена на младото вино, која се одржа по четврти пат. „Гран при“ на натпреварот освоија Стојан Илиев за розе виното од сортите „сирах“ и „мускат хамбург“ и Зоран Којчев за „вранец“. Претседателот […]

Тевдовски: Осигурителниот сектор ќе се хармонозира со ЕУ


Сигурност и стабилност на осигурителниот сектор како во земјите членки на ЕУ, ќе добие Македонија со новиот закон базиран на директивата Солвентност 2, рече денеска министерот за финансии Драган Тевдовски. На завршниот настан од проектот кој овозможи Македонија да го изготви законот со помош на шпански експерти, Тевдовски напомена дека Македонија како земја кандидат за […]

Укинувањето на радиодифузната такса ќе го чини Буџетот 19 милиони евра догодина


За вршење на радиодифузната дејност и работите од јавен интерес во областа на радиодифузијата следната година од Буџетот планирани се средства во износ од 1,19 милијарди денари или околу 19 милиони евра. Тоа значи дека укинувањето на радиодифузната такса ќе го чини Буџетот околу 19 милиони евра следната година. Овие средства ќе бидат обезбедени преку […]

МЗШВ: Дополнителна субвенција за лозарите, стопроцентно обештетување за јазлеста кожа


Лозарите ќе добијат дополнителни два денара субвенција за килограм предадено грозје во регистрирани винарии. Одлуката е донесена на вчерашната седница на Владата. За оваа дополнителна субвенција, барањата ќе може да се поднесуваат до 25 декември. На вчерашната владина седница донесена е и одлука за обештетување на сточарите кои претрпеа штети од угинатите говеда поради болеста […]

УПОЗ ќе бара амандмански да се интервенира во Предлог буџетот за платите во администрација


Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) ќе достави амандмани до Собранието на  Македонија во врска со предлог буџетот за 2018 година кои се однесуваат на регулирањето на платите во јавната администрација. Од УПОЗ бараат од Владата, Министерството за финасии и од пратеничките групи да има претставници на Синдикатот кога […]

Зголемена работата на македонските градежници во Холандија


Во периодот јануари – септември годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2.303.553.000 денари, што е за 16,6 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во првите девет месеци од годинава, градежната оператива од Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност […]

Врховен одлучи: Основниот суд Велес останува надлежен за стечајната постапка за ФЕНИ


Основниот суд Велес останува надлежен за водење на стечајната постапка на „ФЕНИ индустри“ АД Кавадарци. Ваквата одлука вчера ја донесе Врховниот суд на Република Македонија откако го одби како неоснован предлогот на „ФЕНИ индустри“ за определување друг месно надлежен суд за водење стечајна постапка. Судот во Велес на крајот на октомври поведе претходна постапка за […]

Започна откупот на тутунот, родот помал од побарувачката, тутунарите очекуваат повисока цена


Тој денеска го посети градскиот откупен пункт на Тутунскиот комбинат- Прилеп заедно со директорот на комбинатот Кире Станкоски и со претседателот на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија. – Денеска и официјално е прв ден на почетокот на тутунот од годинашнава реколта. Овде сме во просториите на Тутунски комбинат-Прилеп. Од девет откупни компании кои имаат […]

Светска банка ни прогнозира раст од 1,5 отсто годинава и 3,2 отсто догодина


Поради пролонгираната политичка криза, Светска банка проектира економски раст на Македонија до крајот на годинава од  1,5 проценти. Следната година проекцијата за растот е 3,2 процента, а за 2019 година 3,9 проценти, или во просек  3,5 проценти, во очекување да закрепнат инвестиците и потрошувачката, наведува Светска банка во редовниот есенски економски извештај за Западен Балкан. […]

Мерката за зелена нафта за земјоделците од следната година


Од следната година ќе се реализира мерката за зелена нафта за земјоделците, најавија денеска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Портпаролот на Минитстерството, Соња Јанковска изјави дека постои конзензус во Владата за ова прашање и оти во буџетот на Министерството за земјоделство има обезбедено средства за оваа намена. – Во Владата има консензус за […]

Министерството за финансии го објави Граѓанскиот буџет за 2018 година


Министерството за финансии денеска на својата веб страница го објави Граѓанскиот буџет за 2018 година во кој се претставени килучните информации од Предлог-буџетот на РМ за 2018 година,што Владата го достави до Собранието. – За разлика од обемниот и детален Предлог-буџет на нашата држава, Граѓанскиот буџет е направен да биде едноствен и разбирлив и за граѓаните […]

За 10 месеци 1,7 милиони патници поминале на македонските аеродроми


На двата аеродроми во Република Македонија забележан е рекорден број на превезени патници што е резултат на спроведувањето на политиките на Владата за развој на ависообраќајот во државата, информира Министерството за транспорт и врски. Од месец јануари до месец октомври 2017 година, вкупниот број на превезени патници од аеродромите „Александар Велики“ – Скопје и „Св. […]

Шапуриќ: Привилегиите за странските инвеститори да бидат достапни и за домашните


По повод Европската недела на претприемништво Министерот Зоран Шапуриќ се обрати на јавен настан во ЕУ инфо центарот организиран од Агенцијата за подршка на претприемништвото во Република Македонија. На овој настан се презентираше проектот „Воспоставување и промоција на менторските услуги за мали и средни претпријатија во Западен Балкан – Фаза 2“, поддржан од Јапонската Агенција […]

Вицепремиерот Анѓушев го претстави Планот за економски раст пред претставници на Светска банка


Мерките од Планот за економски раст нудат силна финансиска поддршка за фирмите што се ориентирани кон резултати, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на денешните средби во Вашингтон со Стефани фон Фриедебург, главен директор за информации и потпретседател на групацијата Светска банка и Џон Панцер, директор за макроекономија и фискално управување во Светска банка. […]

НБРМ: Постојната монетарна поставеност засега соодветна, ризиците сеуште постојат


Постојните економски и финансиски услови, како и постоечките ризици, укажуваат на тоа дека постојната монетарна поставеност засега е соодветна. Екстерната позиција гледана преку остварувањата кај тековната сметка на билансот на плаќања, генерално е во рамки на очекувањата и покажува задржување здрави економски фундаменти. Ова беше заклучено на вчерашната редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна […]

Наградени компаниите со најдобри општествени практики


Се зголемува бројот на компаниите во Македонија кои применуваат општествено одговорни практики, но тоа треба да стане општо прифатен стандард. Овој концепт на фирмите им донесе и профит и им ја зголемува конкурентноста, беше порачано денеска на доделувањето на 10.„Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2017 година“ – Радува фактот што се повеќе […]

Сугарески бара дополнителна поддршка од КФВ банка за локална патна инфраструктура


Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска на средба со претставници на КФВ банката, предводени од Кристоф Тискенс, директор за Југоисточна Европа и Турција, побарал дополнителна поддршка за проекти во локалната патна инфраструктура. – Министерството за транспорт и врски со КФВ банката досега има успешна соработка. Во таа насока, на денешниот состанок побарав дополнителна […]

Економската состојба во преработувачката индустрија поповолна, се очекуваат нови вработувања


Економската состојба на компаниите во преработувачката индустрија во октомври е поповолна во однос на септември и во однос на октомври лани, а се очекува и зголемување на бројот на вработени во овој сектор. Државниот завод за статистика денеска објави дека поповолна е состојбата со обезбеденоста на производството со порачки во октомври во однос на септември, […]