МЗШВ: Дополнителна субвенција за лозарите, стопроцентно обештетување за јазлеста кожа


Лозарите ќе добијат дополнителни два денара субвенција за килограм предадено грозје во регистрирани винарии.

Одлуката е донесена на вчерашната седница на Владата. За оваа дополнителна субвенција, барањата ќе може да се поднесуваат до 25 декември.

На вчерашната владина седница донесена е и одлука за обештетување на сточарите кои претрпеа штети од угинатите говеда поради болеста јазлеста кожа. Износот за исплата е над 15 милиони денари, а се однесува за околу 240 сточари.

– Исплатата ќе започне веднаш откако Платежната агенција ќе ги подготви решенијата, а обесштетувањето ќе биде стопроцентно од проценетата вредност на угинато животно – истакна денеска портпаролот на Министерството за земјоделство, Соња Јанковска.