Бритиш ервејз и Ер Франс ги запираат летовите за Иран


Англија- Авиокомпаниите Бритиш ервејз и Ер Франс денеска најавија дека следниот месец че ги запрат  летовите кон Иран, со образложение дека тој лет не е „комерцијално одржлив”. Повторното воведување санкции на САД кон Иран предизвика пад на вредноста на иранската валута, риал, што на граѓаните на Иран им го отежна патувањето во странство, пренесува Би-Би-Си. Британската […]

Тевдовски: Капиталните инвестиции се ниски поради наследените проблеми


Капиталните инвестиции се ниски, но сите останати макроекономски фундаменти се со одлични движења, истакна вечерва министерот за финансии Драган Тевдосвски во интервју за телевизија Канал 5 коментирајќи го проектираниот раст на Бруто домашниот производ за 2018 година од 3,2 проценти. – Индустриското производство расте со пет проценти, имаме многу силен раст на извозот од 13 […]

Раст на царинските приходи за 11%


До 22 август приходите од царини, ДДВ и акцизи се зголемени за 11 проценти во однос на минатата година што е директен доказ за зголемената економска активност, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на денешниот состанок со директорот на Царинската Управа, Ѓоко Танасоски. На состанокот, соопшти Министерството за финансии, беа дискутирани клучните придобивки од новите […]

Владата ги намали критериумите за евтини летови


Владата ги спушти критериумите што треба да ги исполни авиокомпанијата за да добие финансиска поддршка за евтини летови. Со новата уредба, субвенционираната авиокомпанија има обврска до 10 јануари 2019 да воспостави или да одржи база од најмалку еден авион на еден од аеродромите, во период од три години. Дали на скопскиот или на охридскиот аеродром, […]

Лозарите ќе блокираат патишта поради ниските цени на грозјето


Лозарите од Тиквешко одлучија да протестираат против ниските цени кои винарите ги нудат за грозјето. Претседателот на Здружението „Напредни лозари“, Трајче Кулев утринава на прес-конференција соопшти дека се бара масовна поддршка од производителите на грозје и доколку ја добијат, ќе се организираат протестите. „Нема напредок во преговорите со винарите околу цените. Ние сме во загуба. […]

„Бенетон“ изгуби две милијарди долари по трагедијата во Џенова


Италија– Edizione Holding, во сопственост на Benetton, поседува третина од акциите во компанијата Атлантиа чија  подружница Autostrade per l’Italia е концесионер на кобниот мост. По трагедијата и заканите од Владата дека на Аутрострада ќе и биде одземена концесијата и ќе биде казнета, акциите на Атлантиа паднаа за 26% на најниско ниво во последните четири години. […]

И Ставрески правеше буџетски пренамени без ребаланс


Министерството за финансии не работи на ребаланс на буџетот. Ова е официјалниот одговор на ресорот што е задолжен за промени во државниот план за приходи и расходи. Прашањето за ребалансот овој пат е актуелно поради дилемата како да се одвојат и да се трошат буџетските пари за референдумската кампања. Поаѓајќи од Законот за референдум, носител […]

Семејните трошоци повисoки од просечната плата


Минималните месечни потреби на едно четиричлено семејство во Македонија се повисоки од просечно исплатената нето плата. Според податоците што вчера ги објави Државниот завод за статистика, месечната нето плата во јуни изнесувала 24.203 денари, а минималните месечни потреби на четиричлено семејство во истиот месец, според ССМ, изнесувале 32.658 денари. Синдикалната минимална кошница што ја изработува […]

Германија бара европски платежен систем за да може да тргува со Иран


Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас денеска повика на создавање на европски платен систем независен од САД, со цел да може да продолжи трговијата со Иран наспроти американските санкции. На барање на претседателот Доналд Трамп, САД се откажаа од нуклеарниот договор со Иран, кој беше потпишан од Русија, Кина, Британија, Франција и Германија, и […]

Барањето за 5 отсто ДДВ за ветеринарни лекови и услуги уште се разгледува


Уште нема одговор на барањето од Ветеринарната комора за намалување на данокот на ветеринарните лекови и услуги. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов вели дека иницијативата уште е актуелна и дека во моментов се прават проценки. „Проценките ќе бидат доставени до Комитетот за безбедност на храна во Министерството за земјоделство. Комитетот одлучува […]

Просечната плата во јуни пораснала за 6,1 отсто


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јуни 2018, изнесува 24.203 денари и бележи раст во однос на јуни лани од 6,1 проценти, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење на камен за 20,4 отсто, […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги излажа земјоделците – пропаѓаат 20.000 тони сливи


СДСМ ги излажа земјоделците. Зоран Заев ветуваше дека кога ќе дојде на власт откупот на земјоделските производи ќе биде загарантиран, а откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да откупи. Сега нема само што не се тепаат кој повеќе да откупи, туку целото земјоделско производство скапува по нивите, а земјоделците не знаат како ќе преживеат, велат […]

„Пепси“ ја купува израелската компанија „Сода стрим“ за 3,2 милијарди долари


Пепси денеска информираше дека ќе ја купи израелската компанија за домашни апарати за газирани пијалоци СодаСтрим, за 3,2 милијарди долари, јави новинската агенција ДПА. – Ова е важен чекор за нас, изјави директорот на СодаСтрим Даниел Бирнбаум. Компанијата произведува сифони за домашна употреба, кои можат да карбонизираат вода, како и голем број сирупи со кои […]

Турција се жали на американските царини пред СТО


Турција поднесе жалба до Светската трговска организација (СТО) откако САД воведоа двојно повисоки царини за увозот на турски челик и алуминиум. САД воведоа царини од 25 проценти за увозот на челик и 10 проценти за алуминиум за повеќето држави во светот, но по спорот околу апсењето на американскиот свештеник Ендрју Брансон во Турција, ги удвоија […]

Бензините поевтини, а дизелот поскап за половина денар


Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66, односно за 0,28 отсто. Новата малопродажна цена на бензините […]

Европејците трошат 428 милијарди евра за одмор, колку трошат Македонците?


Европејците на туристички патувања годишно вкупно трошат 428 милијарди евра, најмногу Германците 120 милијарди, Французите 71 и Британците 61 милијарда. Најмногу пари за одмор по жител, пак, трошат граѓаните на Луксембург, Малта и Австрија, покажуваат податоците на „Еуростат“, пренесува МИА. Луксембуржаните трошат во просек по 768 евра за туристички патувања, жителите на Малта по 646 […]

Турција е најевтиното место во светот за шопинг


Турција– Сајтот „Бизнис оф Фешн“ (Business of fashion) објави вест во која се вели дека производите на луксузните брендови во Турција се далеку поевтини отколку било кое друго место во светот. „Истиње Парк“ (Istinye Park Mall) е еден од најголемите молови во Турција, а токму таму се наоѓаат луксузните брендови, помеѓу кои и „Луј Витон“, […]

Нови цени на бензините


Регулаторната комисија за енергетика денеска се очекува да излезе со нови цени на нафтените деривати. Пред две недели согласно одлуката на Регулаторната комисија беше зголемена само цената на Еуросупер БС – 95 за половина денар, додека малопродажните цени на останатите нафтени деривати останаа непроменети.

Оперативниот план за вработување и Гаранција за млади – ефикасни во намалување на невработеноста 


Успешно се спроведуваат Оперативниот план за вработување 2018 и пилот-програмата Гаранција за млади. Тоа покажува дека создадовме ефикасни механизми за намалување на невработеноста во Македонија, а веројатно во наредниот период позитивните резултатите ќе се видат и кај младите кои се уште се без работа, соопшти министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. За мерките за […]

Два милиона евра грант за набавка на фотоволтаични системи за 35 општини


Градинки, училишта, општински згради и други јавни објекти во општините ќе може самите да произведуваат струја од фотонапонски системи, кои ќе им бидат доделени преку Проектот за подобрување на општински услуги на Министерството за финансии. Станува збор за два милиона евра грант средства преку ИПА-компонентата на Европската унија, коишто ќе бидат наменети за набавка на […]