ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги излажа земјоделците – пропаѓаат 20.000 тони сливи


СДСМ ги излажа земјоделците. Зоран Заев ветуваше дека кога ќе дојде на власт откупот на земјоделските производи ќе биде загарантиран, а откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да откупи. Сега нема само што не се тепаат кој повеќе да откупи, туку целото земјоделско производство скапува по нивите, а земјоделците не знаат како ќе преживеат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„20.000 тони слива скапува по нивите, а власта не презема ништо. Илјадници семејства  чиј единствен извор на приходи е производството на  слива не знаат како ќе ја преживеат годината. Над 20.000 тони слива ќе пропадне, затоа што власта навремено не интервенирала. Илјадници семејства едвај  ќе  ја преживеат годината“, се вели во партиското соопштение.

Според ВМРО-ДПМНЕ, доколку ништо не се преземе во најкраток можен рок илјадници земјоделци ниту ќе можат да ги покријат трошоците за производство, ниту ќе имаат пари за  годината која следи, ниту за да го продолжат производството.