Турција е најевтиното место во светот за шопинг


Турција– Сајтот „Бизнис оф Фешн“ (Business of fashion) објави вест во која се вели дека производите на луксузните брендови во Турција се далеку поевтини отколку било кое друго место во светот.

„Истиње Парк“ (Istinye Park Mall) е еден од најголемите молови во Турција, а токму таму се наоѓаат луксузните брендови, помеѓу кои и „Луј Витон“, „Шанел“, „Ермес“.

И покрај тоа што Турција е огромен пазар, Турците не се меѓу најактивните купувачи, нив речиси и да ги нема. Азијатите се на прво место заедно со Арапите, а потоа и Европејците.

„Турција во моментов е најевтиното место на светот за шопинг“, ќе изјави за „Бизнис оф Фешн“, 22-годишниот Орхан кој го чувал местото на двајца Кинези во редот за купување пред продавницата на „Луј Витон“.

Оригинална кожена чанта од Шанел (Classic Chanel Camera Case Bag) сега чини 18.500 лири, односно околу 2.877 долари, што е за речиси 25 проценти поевтино од цената во Европа, односно на сајтот на „Шанел“ за тој пазар.

Ова се должи да лошата економска состојба со која се соочува Турција во моментов. Како се вели во текстот, лирата во последните три недели паднала за 27 проценти во однос на доларот, а 21 процент само во последната недела.

Тамошните граѓани, па и странци што работат во Истанбул, велат дека ситуацијата не е добра ниту за компаниите, ниту пак за жителите на Турција. Но, за купувачите на луксузни брендови никогаш подобра.