Семејните трошоци повисoки од просечната плата


Минималните месечни потреби на едно четиричлено семејство во Македонија се повисоки од просечно исплатената нето плата.

Според податоците што вчера ги објави Државниот завод за статистика, месечната нето плата во јуни изнесувала 24.203 денари, а минималните месечни потреби на четиричлено семејство во истиот месец, според ССМ, изнесувале 32.658 денари.

Синдикалната минимална кошница што ја изработува Сојузот на синдикатите на Македонија покажува дека најмногу пари се трошат за храна и пијалоци и за комунални услуги и одржување на домот. Најмалку пари остануваат за облека и обувки, здравствени услуги и за културни активности.

Така, во јуни за исхрана и пијалоци биле потребни 13.609 денари, за комунални услуги 10.491 денар, за превоз 2.349 денари, а за лична хигиена и за одржување на хигиената во домот требало да се одвојат минимум 2.308 денари.

Вредноста на синдикалната кошница во јуни е за 162 денари повисока од синдикалната кошница во јули кога, според ССМ, биле потребни 32.496 денари за основните месечни потреби.