УЈП: Организаторите на зелените пазари до 31 декември да поднесат извештај за тековната состојба на корисниците на тезги за наредната година


Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува организаторите на зелените пазари дека до 31 декември имаат обврска до УЈП да поднесат Извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk./ureg/login.seam. – Извештајот ПДД-И/ЗП се поднесува посебно за секој одделен зелен пазар. Доколку во текот на годината настане промена на бројот на корисници на […]

Сметките за струја ќе се зголемат од 57 денари месечно за домаќинствата во првиот блок, до 900 денари за „трошаџиите“ од четвртиот


Сметките за електрична енергија од 1 јануари идната година ќе се зголемат од 57 денари месечно за домаќинствата што трошат само во првиот блок, до 900 денари за „трошаџиите“ кои влегуваат и во најскапиот, четврти блок. Ова денес на прес конференција го соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, кој објасни дека оваа […]

Славески: Инфлацијата е стабилизирана, а девизните резерви се на сигурно ниво


„Инфлацијата во земјава е стабилизирана и инфлациските очекувања се закотвени, додека девизните резерви се на високо ниво и обезбедуваат силна гаранција за стабилноста на девизниот курс“, порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во гостување во емисијата „24 анализа“. Гувернерот истакна дека трендовите кај инфлацијата во изминатите месеци укажуваат на јасна стабилизација, при што во […]

Муцунски најавува нова фаза во економските односи со Обединетите Арапски Емирати


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека со Обединетите Арапски Емирати се води активен дијалог помеѓу нашето и нивното министерство за постигнување два договори – договор за стратешко партнерство, кој ќе ги олесни меѓусебните инвестиции и договор за слободна трговија. Тој во синоќешното гостување во емисијата „360 степени“ на МТВ 1, […]

Се рехабилитираат 15 километри кај Пресека, работите ќе завршат до февруари


Интензивно работиме на рехабилитација на превојот Пресека и очекувам до месец февруари целиот патен правец да биде завршен и да ја подигнеме безбедноста во сообраќајот, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Вицепремиерот Николоски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, пратеникот Ѓорѓи Сајкоски и градоначалниците од Кичево […]

Ревизија на ДЗР во НОМАГАС: Магистралните гасоводи за кои се вложени над 143 милиони евра се уште не се ставени во употреба


И покрај вложените над 143 милиони евра за изградба на трите магистрални гасоводи, тие се уште не се ставени во употреба, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР) во ревизијата на усогласеност на АД за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост за 2024 година во која изрази неповолно мислење […]

Трансферирани две транши од Буџетот кон Развојната банка во износ од 14,2 милиони евра


Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата на две нови транши кон Развојната банка за поддршка на домашните компании. Имено, исплатени се транша во вредност од 305 милиони денари и транша од 568 милиони денари, односно вкупно 873 милиони денари или 14,2 милиони евра. Со исплатата на овие транши вкупната поддршка на државата кон домашната […]

Како ЕУ за 15 години стана „Должничка Унија“ со долг од 670 милијарди евра


Брисел – Минатиот петок во раните утрински часови, нешто пред три часот, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во објава на Икс обелодени дека лидерите на земјите членки на ЕУ постигнале договор за начинот на финансирање на Украина за 2026 и 2027 година. – Имаме договор. Одлуката за обезбедување поддршка од 90 милијарди евра за Украина […]

Битката со „Нетфликс“ не е завршена: Лари Елисон го става личното богатство на коцка


„Парамаунт“ ја засили својата непријателска понуда за преземање на „Ворнер брос Дискавери“ (WBD), објавувајќи во понеделник дека Лари Елисон, основачот на Oracle и татко на извршниот директор на Paramount, Дејвид Елисон, лично ќе гарантира десетици милијарди долари за финансирање на трансакцијата. Семејството Елисон, исто така, им даде на акционерите увид во финансиите на нивниот семеен […]

Најголемата нуклеарна централа во светот е рестартирана


Јапонија го одобри рестартирањето на најголемата нуклеарна централа во светот, која е надвор од употреба повеќе од една деценија по катастрофата во Фукушима. Овој потег е клучен чекор во напорите на Јапонија да ја намали зависноста од фосилни горива за енергија, објавува CNN. И покрај загриженоста на многу локални жители, префектурното собрание Ниигата, каде што […]

Интелигенција што живее со вас: Bespoke AI за современиот дом


Современиот дом денес е повеќе од место за живеење, тој е одраз на стилот, навиките и ритамот на живот. Токму тука започнува приказната на Samsung Bespoke AI – линија премиум апарати создадени да функционираат како интелигентен екосистем, каде дизајнот и технологијата работат во совршена хармонија. Овие уреди не се само дел од домаќинството, туку активни […]

Златото за прв пат надмина 4.400 долари за унца


Цената на златото денес за прв пат надмина 4.400 долари за унца (единица за маса на благородниот метал; 28,3 грама), поттикната од растечките очекувања за понатамошно намалување на каматните стапки во САД и силната побарувачка за инвестиции во безбедни засолништа. Среброто, исто така, го следеше примерот, достигнувајќи рекордно високо ниво. Достигна 69,44 долари за унца. […]

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста


Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден дена по литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените во просек за 1,18 отсто. […]

ЕСМ се задолжи 97 милиони евра, ќе гради фотонапонска електрана „Битола 3“ и ќе ги ревитализира хидроелектраните


Денеска, беа потпишани договорите за државна гаранција и договорите за заем во вкупна вредност од 97 милиони евра, наменети за два капитални енергетски проекти кои ќе ја трансформираат енергетската слика на државата. Од овие средства, вкупно, 87 милиони евра кон АД ЕСМ се наменети за најголемата фотонапонска електрана „Битола 3“, 50 милиони евра од КфВ […]

Кинеските царини за млечните производи од ЕУ се неправедни и неоправдани, оцени ЕК


 Европската комисија смета дека одлуката на Кина за воведување привремени „контра-давачки“ за увозот на млечни производи од Европската Унија е неправедна и неоправдана, изјави денеска заменикот главен портпарол на ЕК, Олоф Гил. Кина денеска соопшти дека воведува времени царини за увозот на некои млечни производи од ЕУ, вклучувајќи разни видови сирење, млеко и павлака, кои […]

Германскиот автомобилски сектор најмногу настрада во царинската војна со САД: Извозот намален за 14 отсто


 Извозот на германски автомобили во САД во првите три квартали од оваа година се намалил за речиси 14 проценти, што оваа германска индустриска гранка ја прави најтешко погодена во трговската војна што ја започна американскиот претседател Доналд Трамп, покажува анкетата објавена денеска од Ројтерс. Според договорот меѓу Вашингтон и Брисел, САД од 1 август воведоа […]

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут


Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут, рече денеска министерката за енергетика Сања Божиновска и информира дека барањето на ЕСМ за прогласување кризна состојба ќе се разгледува на утрешната владина седница. Како што информира Божиновска, одговорајќи на прашања по денешниот брифинг со новинарите, државните резерви ќе го снабдат ЕСМ со мазут. – […]

Нема договор за минималната плата, тешко дека ќе се постигне и до март идната година


  Работодавачите, синдикатите и Владата денеска на седница на Економско-социјалниот совет не се усогласија за вонредно зголемување на минималната плата на 600 евра, како што беше барањето на Сојузот на синдикати на Македонија. Наместо тоа, било договорено и натаму да се преговара, но според изјавите на учесниците на 5-тата седница на ЕСС тоа тешко ќе […]

Македонците секојдневно активни на интернет за социјални медиуми, но не и за онлајн купување, е-банкарство и плаќање


Според податоците презентирани во Прегледот на Е-трговијата во Западен Балкан, 2025 година изработен од Асоцијацијата за е-трговија, користењето на интернетот во Македонија бележи силен и забрзан раст, односно во 2024 година, дури 91,1% од граѓаните користеле интернет во последните три месеци, што претставува највисок раст во регионот (+6,8 процентни поени) и ја позиционира Македонија веднаш […]

Мицкоски е за поголема минималната плата, но во тоа да не се меша Владата


„Денешната седница на Економско-социјалниот совет ја потврдува нашата заедничка определба – клучните економски и социјални прашања да ги решаваме преку дијалог, партнерство и заемна одговорност. Овој Совет не е формалност, туку темел на социјалната кохезија и стабилност во државата, место каде што интересите на работниците, работодавачите и Владата се среќаваат со цел да се изгради […]