Продолжен трендот на намалување на каматите на кредитите


Каматната стапка накредитите во мај просечно изнесува 4,83 отсто и претстаува продолжување на трендот на намалување од 0,03 процентни поени на месечно и 0,37 процентни поени, покажуваат објавените податоци на Нарoдната банка. Кај депозитите просечната каматна стапка изнесува 1,10 отсто и забележа месечен пад од 0,01 процентен поен, а на годишно 0,31. Според објавените податоци, […]

Виз Ер: Обновени рутите од и до Македонија, достапни 34 дестинации


Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер објави дека со повторното отворање на рутите од аеродромите во Скопје и Охрид, на кои од вчера се опслужуваат патнички летови по пауза од 3,5 месеци поради мерките за пандемијата со КОВИД-19, патниците можат да резервираат карти за 34 различни дестинации. Авиокомпанијата денеска соопшти дека моменталните рути што ги опслужуваат  од […]

Најдобрите дигитални решенија во три области може да добијат награда по 10 илјади евра


Регионалниот совет за соработка (РСС) распиша конкурс за најдобри идеи за дигитални решенија во три области кои ќе бидат наградени со по 10 илјади евра, понудени од компании или поединци од Западен Балкан. – Конкурсот ќе трае до 12 јули, а се бараат иновативни идеи за предлог решенија во главните сегменти од туризмот, потоа за […]

Заев: Да купуваме домашни производи, да им помогнеме на економијата и компаниите


Претседателот на СДСМ и носител во Четвртата изборна единица Зоран Заев денеска апелираше граѓаните да купуваат домашни производи особено сега бидејќи на таков начин, како што рече, ја помагаат домашната економија и ги помагаат нашите вредни производители на македонски производи и на македонска квалитетна храна. – Преку третиот пакет мерки пуштивме во оптег 355 милиони […]

ФАО: Во јуни, првпат годинава, се зголеми цената на храната


Цената на храната во светот, во јуни, се зголеми по првпат годинава и покажуваа мала стабилизација по остриот пад предизвикан од пандемијата на коронавирус, соопшти денеска Агенцијата за храна и земјоделство при ООН (ФАО). Индексот на ФАО на цената на кошничката со основни прехранбени производи се зголеми за 2,4 проценти во јуни во однос на претходниот […]

Чакрабарти заминува од функцијата претседател на ЕБРД


Претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Сума Чакрабарти, денеска ја напушта таа позиција, завршувајќи го својот втор целосен мандат на должноста, онолку колку што е дозволено според прописите на таа институција. – Европската банка за обнова и развој сега е незаменлива развојна банка, рече Чакрабарти во обраќањето по повод заминувањето, објавено на […]

Димковски: Буковската пипер да биде регистрирана во Брисел како оригинален производ од битолското село Буково


Буковската пипер што се произведува во битолското село Буково сакаме да биде регистрирана во Брисел, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. Димковски денеска го посети Буковово каде ги информираше жителите за јавниот повик со кој ќе се финансираат елаборати и спецификации за регистрација и заштита на називот на земјоделските прехранбени производи. -Министерството […]

Би-Би-Си укинува уште 450 работни места во своите регионални канцеларии во Англија


Англија – Би-Би-Си денеска соопшти укинува 450 работни места во својата филијала во Англија со цел да ги намали трошоците и да ги преструктуира своите локални редакции. Според главниот британски синдикат на новинари, овие намалувања на вработените ќе имаат сериозно влијание врз покривањето на локалните вести. Укинувањето на 450 места од вкупно 3.000 во филијалата на […]

Угостителите се прашуваат кога ќе почнат со свадби и  прослави


По донесувањето на Уредбата со која се дозволи одржување концерти, угостителите кои организираат свадби и прослави очекуваат наскоро да почнат со работа. Но, како што соопштија денеска, ако не се усвојат препораките за нивно отворање, ќе го искористат своето право на протест. Угостителите кои располагаат со големи сали за одржување прослави веќе пет месеци не […]

„Индустри сервис“: И малите семејни фирми што инвестираат во технологија може да остварат високи стандарди


Кујна со најсовремени стандарди, најмодерна во регионот на Западен Балкан, која дневно подготвува 10.000 оброци и чиј таргет се странски компании. Ова е проектот што изминатите две години го реализира „Индустри сервис“ од Скопје со сопствени средства и минимални 5,5 проценти поддршка од државата. „Индустри сервис“ е семеен бизнис, еден од речиси 450-те проекти што […]

Жетвата на пченицата почнува, но откупот е неизвесен, предупредуваат фармерите


Националната федерација на фармери (НФФ) предупредува дека жетвата на пченицата почнува, но откупот е неизвесен. Годинава, велат, се очекува квалитетен род, а пресметките на земјоделците, зависно од регионот, покажуваат дека просечната производна цена изнесува девет до 12 денари за килограм. Федерацијата ја следи ситуацијата, а подготви и препораки за нејзино ублажување. – Минималната цена за […]

Нема потреба од нов ребаланс, Буџетот може да одговори и на дополнителен шок, вели Ангеловска


Во моментов нема потреба од дополнителен ребаланс на Буџетот. Тој е скроен да одговори на кризата, во кој се вградени мерки за поддршка од трите сета, има скратено непродуктивни трошоци, има реалоцирано средства и да се финансираат дополнителните евентуално зголемени потреби на здравството, да тече непречено социјалната заштита, пензиите, социјалната помош, платите, и секако здравствената […]

Вината „смедеревка“ и „розе“ на „Тиквеш“ отсега и во полулитарска амбалажа


Најпопуларните вина од сегментот на традиционални вина на винарницата „Тиквеш“ – „Смедеревка“ и „Розе“ добија нова атрактивна амбалажа од 0,5 литри, а на љубителите на виното им се достапни на полиците на продажните места и во угостителските објекти од почетокот на месецов, соопштија од ВВ „Тиквеш“. Со лансирањето на новата амбалажа на овие две вина, […]

Ангеловска е против „чепкањето“ во ДДВ


Министерката за финансии Нина Ангеловска смета дека во овој период не се потребни интервенции кај Данокот на додадена вредност како што тоа го направија некои земји кои ги намалија даночните стапки за да го заживеат стопанството. „Треба да бидеме многу внимателни за било какви промени кај Данокот на додадена вредност. Зборувам и од економска страна, […]

Од 13 јули „Кроација ерлајнс“ воведува линија Загреб-Скопје


Хрватската национална авиокомпанија „Кроација ерлајнс“ објави распоред за летови за јули, според кој од средината на овој месец ќе воведе линија од Загреб кон Скопје. Линијата Загреб-Скопје повторно се воведува од 13 јули со два лета неделно, секој понеделник и петок, а од 22 јули уште две поаѓања неделно, секоја среда и недела, пренесува SeeBiz. […]

Стапката на невработеност во Еврозоната се зголеми на 7,4 проценти


Стапката на невработеност во еврозоната се зголеми за 0,1 процентни поени во мај, што се должи на рестриктивните мерки поради пандемијата на коронавирус, јави ДПА. Бирото за статистика на Европската унија, Евростат, денеска соопшти дека невработеноста во 19-члената евро-зона се зголемила на 7,4 отсто во мај – од 7,3 отсто во април. Стапката на невработеност […]

Заживува ли стопанството – минусот во Буџетот помал од очекуваниот


Вкупните приходи во Буџетот во јуни беа пониски за 9,6 отсто во однос на јуни минатата година, а во сценариото бевме подотвени за пад од 20 проценти, вели министерката Нина Ангеловска     Реализацијата на вкупните приходи во буџетот е подобра од очекувањата. Во јуни таа е пониска за 9,6 отсто во однос на јуни […]

Џеф Безос го зголеми богатството, сега вреди рекордни 171 милијарда долари


Најбогатиот човек во светот – извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос стигна до нов, историски рекорд со својата финансиска состојба од 171,6 милијарди долари, објави „Блумберг“. Така, претходниот рекорд, постигнат на 4 септември 2018 година кога богатството на Безос изнесуваше 167,7 милијарди долари, сега е надминат. Тоа се случи благодарение на скокот на вредноста на […]

Во август ќе им се врати ДДВ на граѓаните што скенирале сметки


Управата за јавни приходи извести дека е заокружено второто тримесечје за поврат на ДДВ кај физичките лица. -Во ова тримесечје за април, мај и јуни 2020  регистрирани се нови 24.974 корисници на апликацијата мој ДДВ,  а скенирани се вкупно 41.650.814 фискални сметки, направен промет од 21.414.380.426,00 денари, а вкупниот поврат изнесува 334.556.243 денари односно 5.440.000 евра. Повратот на 15% од искажаниот […]

УНЦТАД: Јамајка, Тајланд и Хрватска со најголеми загуби во БДП поради туризмот


Хрватска се наоѓа на трето место меѓу 15 земји во светот чиј БДП би можел најмногу да настрада од загубите во туризмот, се наведува, меѓу другото во најновиот извештај на Конференцијата на ОН за трговија и развој (УНЦТАД). Според извештајот на главниот орган на Генералното собрание на ОН кое се занимава со трговија, инвестиции и […]