Ексминистерката Нина Ангеловска повторно на чело на Асоцијацијата за е-трговија


Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска, повторно е на чело на Асоцијација за е-трговија на Македонија, објави таа на Фејсбук. „По стапувањето на функцијата министер за финансии, сите тековни ангажмни кои ги имав беа ставени во мирување. Една од нив беше и водењето на Асоцијација за е-трговија на Македонија. Со задоволство и подеднаква пасија и […]

Угостителите најавуваат откази заради новото ограничување на работното време


Независната угостителска комора (НУК) предупредува дека најновиот предлог на Комисијата за заразни болести за ограничување на работата на угостителските објекти до 21 часот ќе ги принуди да направат рационализација на вработувањата што, пак, би довело до масовно напуштање на работните места од страна на самите вработени. – Оваа нова препорака од Комисијата за заразни болести – […]

Барањето за финансиска поддршка за плати ќе се поднесува до УЈП преку системот е-Даноци


Владата во рамките на четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19 го усвои пакетот кој, меѓудругото, предвидува директна финансиска поддршка на приватниот сектор и стимулирање на компаниите за враќање и задржување на работниците на работните места, посочи Управата за јавни приходи (УЈП), во пресрет на донесување на Законот за финансиска […]

Финансискиот систем успешно одговори на првичниот удар од ковид-кризата, оцени Комитетот за финансиска стабилност


Финансискиот систем успешно одговори на првичниот удар од ковид-кризата и е подготвен да се справи и со натамошни предизвици. Финансиските регулатори внимателно ги следат состојбите и одвивањето на ковид-кризата, со подготвеност да ги приспособуваат своите политики, гарантирајќи за финансиската стабилност. Ова е еден од заклучоците од вчерашната седница на Комитетот за финансиска стабилност, на којашто […]

Србија ќе биде европски центар за мотори за електрични возила – јапонска компанија ќе инвестира 2 милијарди долари


„Нидек“ планира фабрика за електрични возила од 2 милијарди долари во Европа. Српската фабрика ќе произведува до 300.000 мотори годишно до 2023 година Јапонската компанија „Нидек“ (Nidec) ќе потроши околу 200 милијарди јени (1,9 милијарди долари) за изградба на фабрика за мотори за електрични возила во Србија, дознава порталот „Никеи“, бидејќи компанијата сака да го […]

Фајнанс тинк за економските мерки: Ниската реализација ја поткопува довербата кај инвеститорите


Четвртиот пакет не придонесе кон враќање на довербата на инвеститорите во македонската економија. Пазарот негативно го оцени првиот пакет економски мерки, но оптимистички реагираше на вториот, докажувајќи дека формата и големината на мерките беше соодветна за поттикнување на економијата. Инвеститорите беа резервирани по објавите на третиот и четвртиот пакет мерки, веројатно затоа што веќе ја […]

Оштетените штедачи на Еуростандард банка со иницијатива до Уставниот суд


Здружението на оштетените штедачи од Еуростандард банка до Уставниот суд поднеле иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста на членот 163 став 3 од Законот за банки со кој се дава предност за целосна наплата од стечајна маса на Фондот за осигурување на депозити. Со овој член од Законот за банки, како што […]

Пратениците треба да гласаат за вториот ребаланс на Буџетот годинава


Собранието денеска треба да ја продолжи 20-тата седница на чиј дневен ред е Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2020 година, односно вториот ребаланс за годинава, за кој пратениците расправаа во изминатите четири дена. Расправата во Собранието по ребалансот, според собранискиот Деловник трае пет дена, а токму денеска истекува тој рок. Во […]

Над 400 компании ќе бидат поддржани со мерката за финансиска поддршка на конкурентоста


Над 400 компании што инвестирале или ќе инвестираат во зголемување на конкурентоста за време на ковид и пост-ковид периодот ќе добијат финансиска поддршка од државата, потврди министерот за економија Крешник Бектеши. За поддршка на бизнисот од оваа мерка која беше дел од третиот сет мерки на Владата, како што кажа министерот, ќе бидат распределени од […]

Битиќи: По ребалансот ќе има и нови мерки, никој нема да биде занемарен


Чекаме да помине ребалансот на Буџетот и ќе излеземе со нови мерки. Сега ќе зборуваме дали нови компании треба да се вклучат во мерките, порача вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и потврди дека парите за четвртиот пакет мерки се обезбедени, а недостатокот по ребалансот, во износ од 100 милиони денари, ќе се обезбеди […]

НЛБ Банка по повод 35 годишниот јубилеј ja продолжува промотивна кампања за кредити


НЛБ Банка најави продолжување на тековната промотивна кампања за сите кредити за физички лица до крај на годината односно до 31.12.2020 година. Во рамките на промотивната кампања кредитите ќе се нудат по поповолни услови, без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка. „Земањето кредит претставува голема одлука за нашите клиенти, посебно во актуелните услови. […]

Се продаваат „Ледо“ и „Фриком“, досега дошле неколку понуди


  Откако прими неколку необврзувачки понуди за преземање на компаниите „Ледо плус“, „Ледо читлук“ и „Фриком“ групацијата Фортен одлучи да продолжи со следната фаза на постапката за продажба. „Со тестирање на пазарот потврдено е дека меѓу потенцијалните инвеститори постои силен интерес за нашата дејност со замрзната храна. Сите квалификувани необврзувачки понуди доаѓаат од комапнии со […]

Зголемен интернет сообраќајот во Европа во октомври, мрежите без поголеми метежи


Месечниот збирен извештај на Европското регулаторно тело за електронски комуникации (BEREC) за статусот на капацитетот на интернетот е ажуриран со нов преглед на моменталната состојба во Европа. Телото на регулатори за електронски комуникации (BEREC) каде што потпретседател е директорот на македонската Агенција за електронски комуникации Сашо Димитријоски, побара од националните регулаторни тела да го наведат […]

Малку работодавачи преземаат мерки за заштита на вработените од Ковид-19, предупредува КСС


Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска побара Владата и сите работодавачи да преземат конкретни мерки за заштита на вработените од корона вирусот и да ја ажурираат проценката на ризик на работните места, особено во компаниите каде веројатноста на изложеност на вирусот е поголема. – Несомнено е дека мал број од работодавачите, ги преземаат […]

Македонски телеком со раст во интернет и ТВ сегментот, позитивен тренд на ИКТ услугите


Македонски телеком соопшти дека во првите девет месеци од годинава бележи добри резултати во работењето и покрај предизвиците што ги наметна пандемијата на Ковид-19. Според финансиските податоци, компанијата бележи раст на бројот на корисници во делот на интернетот и телевизијата, а позитивен тренд има и во делот на ИКТ сегментот. – Базата на корисници со […]

Бензинот поевтин за половина, дизелот за денар


  Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите, намалени цени на горивата. Од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 1,95 отсто. Така, цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат по половина денар, па еден литар од овие горива ќе чини 58, односно 60 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се […]

Реализацијата на првите три пакети мерки е 54 проценти, тврди опозицијата


Пратениците денеска четврти ден расправаат за вториот ребаланс годинава со чија реализација е поврзан четвртиот пакет на мерки за поддршка на граѓаните и стопанството за излез од кризата предизвикана од Ковид-19. Опозицијата денеска повтори дека ребалансот е неплански креиран и оти Владата нема стабилна буџетска политика. Не веруваат дека четвртиот пакет мерки ќе ги даде […]

Забелешки за Предлог-законот за буџетите – потребно е подобро управување со јавните финансии


Јавна расправа за Предлог-законот за буџетите, како еден од клучните закони со кои се уредува раководењето со јавните финисии, нивното планирање и начинот на контрола на јавните пари организираа Фондацијата отворено општество – Македонија (ФООМ) и Здружението за истражување и анализи ЗМАИ (ЗМАИ), со цел за него да може да се произнесе стручната јавност и […]

Бизнисмените од регионот бараат од владите „зелени линии“ за деловни патувања


Заеднички, усогласени правила и протоколи, т.н. зелени линии, за патување на бизнисмените или нивни претставници и вработени во земјите од Западен Балкан заради непречено извршување на деловните активности и реализирање на соработката и во време на пандемија, бара Коморскиот инвестициски форум (КИФ) од владите на земјите во регионот. Според КИФ, ваквиот режим на „слободно“ движење […]

Директорот на ФАО порачува дека се потребни силни партнерства за трансформација на земјоделско-прехранбените системи


Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) ја одржува 32. сесија на Регионалната конференција за Европа, виртуелно, каде домаќин е Владата на Узбекистан, а членките на ФАО ќе имаат можност да ја продлабочат дискусијата за како да се трансформираат земјоделско-прехранбените системи за да се направат поотпорни, одржливи и инклузивни – и на регионално […]