Се продаваат „Ледо“ и „Фриком“, досега дошле неколку понуди

 

Откако прими неколку необврзувачки понуди за преземање на компаниите „Ледо плус“, „Ледо читлук“ и „Фриком“ групацијата Фортен одлучи да продолжи со следната фаза на постапката за продажба.

„Со тестирање на пазарот потврдено е дека меѓу потенцијалните инвеститори постои силен интерес за нашата дејност со замрзната храна. Сите квалификувани необврзувачки понуди доаѓаат од комапнии со извонредни инвестициски и оперативни достигнувања во минатото. Среќни сме што во постапката на длабинско снимање ќе влеземе со неколку многу силни потенцијални партнери“, рече Џејмс Пирсон, главен финансов директор на групацијата Фортен.

Крајната цел, покрај максимизирање на вредноста, останува одбирање стратешки партнер кој ќе даде најголем придонес на понатамошниот развој на Деловната група за замрзната храна.

„Иако влегуваме во фаза на длабинско снимање, завршувањето на процесот и понатаму зависи од пронаоѓањето партнер кој ќе ја препознае полната вредност и потенцијалот на оваа стопанска гранка и нејзините луѓе“, рече Фабрис Перушко, извршен директор и член на Упоравниот одбор на групата Фортен.

„За проактивно да ја постигнеме целната капитална структура со намалување на задолжувањето на комапнијата, групата Фортен подготвена е да продаде само еден сегмент од основната дејност, кој потенцијално би била Деловната група за замрзната храна. Очекувам дека постапката на длабинско снимање ќе биде довршена до крајот на оваа година , а своите луѓе и пазарот ќе продолжиме да ги известуваме навремено за понатамошниот развој на настаните“, заклучи Перушко.