Ангеловска: 55 илјади граѓани веќе активно ja користат Домашната платежна картичка


Педесет и пет илјади граѓани веќе ги имаат добиено платежните картички и активно може да ги користат и да купуваат домашни производи и услуги. Вкупно 320 илјади граѓани треба да добијат домашна платежна картичка. Испечатени се 220 илјади картички. Банките интензивно работат и секојдневно издаваат по илјадници картички. Ова го соопшти министерката за финансии Нина …

Ангеловска: 55 илјади граѓани веќе активно ja користат Домашната платежна картичка Read More »

Туристичките агенции за 100 дена имале приход „нула“, бараат помош од државата


И покрај отварањето на границите, туристичките агенции од земјава велат дека за нив оваа сезона ќе биде многу тешка. Со оглед дека од јули треба да почнат со работа, уште еднаш бараат помош од државата. Поддршка, сметаат, треба да добијат и превозниците. Агенциите повторно јавно апелираат до министерствата за економија и финансии да ги разгледаат …

Туристичките агенции за 100 дена имале приход „нула“, бараат помош од државата Read More »

Асоцијација за Е-трговија и МБА ќе соработуваат за развој на е-трговијата во земјава


Македонската банкарска асоцијација  и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија ќе соработуваат за развој на електронската трговија во земјава. За таа цел двете асоцијации потпишаа меморандум за соработка кој ја постави основата за размена на информации од заеднички интерес, споделување тековни и нови искуства,  креирање и земање учество на настани од областа за е-трговија и финансиска …

Асоцијација за Е-трговија и МБА ќе соработуваат за развој на е-трговијата во земјава Read More »

Нови правила на аеродромите во Скопје и Охрид, да се пристигне најмалку три часа пред лет


Патниците ќе треба да пристигнат на аеродромот најмалку три часа пред нивниот лет, да носат заштитна маска постојано, да одржуваат физичко растојание и висок степен на лична хигиена, се дел од новите правила за патување на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Свети Апостол Павле Охрид кои  стартуваат со патнички летови од 1 следниот месец,  по …

Нови правила на аеродромите во Скопје и Охрид, да се пристигне најмалку три часа пред лет Read More »

Фондацијата „Ставрос Ниархос“ со 6.9 милиони евра им се заблагодарува на лекарите во Грција за битката со Ковид-19


Грција – Практично, со 6.9 милиони евра, Фондацијата „Ставрос Ниархос“ одлучи да им се заблагодари на над 4.600 лекари, болничари и хигиеничари во болниците за Ковид-19 во цела Грција за нивната битка со новиот коронавирус, јави дописничката на МИА од Атина. Од Фондацијата соопштуваат дека финансиската поддршка ќе биде еднакво распределена на сите вработени во Одделите …

Фондацијата „Ставрос Ниархос“ со 6.9 милиони евра им се заблагодарува на лекарите во Грција за битката со Ковид-19 Read More »

Лозарите бараат најмалку 11 денари за килограм „смедеревка” и 13 денари за „вранец”


Минимум 11 денари за килограм „смедеревка” и 13 за „вранец”, плус дополнителни субвенции од државата, бара регионалното Здружение „Напредни лозари” од Кавадарци кое ги застапува лозаропроизводителите од Тиквешкиот регион. -Овие цени се однесуваат на 17 единици шеќер „смедеревка” и 19 малигани кај „вранец”. Како расте шеќерноста, така да растат и цените. Според досегашните сознанија од …

Лозарите бараат најмалку 11 денари за килограм „смедеревка” и 13 денари за „вранец” Read More »

Акционерите на „Фершпед“ ќе поделат помала дивиденда за 2019 година


„Фершпед“ соопшти дека неговите акционери донеле одлука за 2019 година компанијата да исплати дивиденда од 550 денари по акција, што е значително помалку во споредба со дивидендата за минатата година која изнесуваше 1.780 денари. Компанијата информира дека за исплата на дивиденда ќе одвои 8,97 милиони денари од лански профит. „Фершпед“ лани оствари профит од 28,27 …

Акционерите на „Фершпед“ ќе поделат помала дивиденда за 2019 година Read More »

Од вчера продолжија да течат роковите за ИПАРД 2 програмата


Компанијата „Којаконеја“ е пример дека со користење на мерките и средствата од ИПАРД програмата сериозно се влијае на развојот не само на домашната економија и на модернизација на претпријатието, туку и на развојот на руралните средини и на отворање нови работни места. Ова го истакна директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот …

Од вчера продолжија да течат роковите за ИПАРД 2 програмата Read More »

Стапката на невработеност во Хрватска највисока во изминатите 15 месеци


Стапката на регистрирана невработеност во Хрватска се зголеми за 0,1 процентни поени во мај во однос на април, на 9,5 проценти, што е највисоко ниво во последните 15 месеци, според објавените официјални податоци. Растот на стапката на невработеност на почетокот на туристичката сезона не е вообичаен во споредба со претходните движења на хрватскиот пазар на …

Стапката на невработеност во Хрватска највисока во изминатите 15 месеци Read More »

Автомат клубовите „Астра“ донираа медицинска опрема во вкупна вредност од 20.000 евра на Општа болница во Охрид


ЈЗУ Општата болница во Охрид доби 10 електрични кревети како донација, во износ од 20.000,00 евра од автомат клубовите „Астра“. Оваа донација е дел од  хуманитарната акција на компаниите од Групацијата НОВОМАТИК во Македонија . Станува збор за акција каде членките на групацијата НОВОМАТИК донираат потребна медицинска опрема на здравствени установи во државата кои се …

Автомат клубовите „Астра“ донираа медицинска опрема во вкупна вредност од 20.000 евра на Општа болница во Охрид Read More »

РЕК „Битола“: Нема зголемување на загадувањето, мерењата се за различни периоди


Од АД ЕСМ и Подружницата РЕК „Битола“ денес ги демантирааа наодите за зголемено загадување од македонската термолектрана за што алармираа вчера екологистите преку податоците објавени во Извештајот на мрежата Бенквоч. Од РЕК „Битола“ велат дека нема зголемено загадување, туку дека мерењата се од различни периоди. „Разликата во податоците од мерењата на емисиите помеѓу 2018 и …

РЕК „Битола“: Нема зголемување на загадувањето, мерењата се за различни периоди Read More »

НЛБ: Клиентите да ги ажурираат податоците со цел навреме да ги добијат платежните картички


НЛБ Банка ги повикува клиентите – корисници на домашни платежни картички за финансиска поддршка, со цел точна и навремена достава на картичките, во најкус можен рок да ги ажурираат своите податоци преку веб страницата на Банката на линкот:  https://nlb.mk/domasnaplateznakarticka.aspx -Поради актуелната кризна ситуација, а со цел избегнување на гужвите во експозитурите, НЛБ Банка се погрижи клиентите …

НЛБ: Клиентите да ги ажурираат податоците со цел навреме да ги добијат платежните картички Read More »

Проширена листата на продавници во кои ќе се плаќа со Домашната платежна картичка


Се проширува листата на продавници во кои може да се плаќа со Домашната платежна картичка. Новите дејности што беа додадени се: продавниците за текстил, обувки, предмети од кожа, спортска опрема, продавници за книги и продавници за мебел, осветлување, производи за домаќинства, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил. Како што наведува дека …

Проширена листата на продавници во кои ќе се плаќа со Домашната платежна картичка Read More »

„Соундси“ од „Георги Димитров“ – најдобра ученичка компанија


Ученичката компанија “Соундси” од Средното училиште „Георги Димитров“ од Скопје.е победник на Националниот натпревар на најдобра ученичка компанија за годинава. Оваа година на Националниот натпревар што трета година по ред го организира Џуниор Ачивмент Македонија, во рамките на програмата за ученички компании, се пријавија 25 ученички компании од 18 средни училишта од земјава Програмата на Џуниор …

„Соундси“ од „Георги Димитров“ – најдобра ученичка компанија Read More »

По изедначување на акцизата со дизелот поскапе екстралесната нафта


Регулаторната комисија за енергетика и водни (РКЕ) донесе одлука малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (Ел-1) да изнесува 51,5 денари за литар со што изврши усогласување со објавената измена на Уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба во Службен весник број 169 со која акцизата …

По изедначување на акцизата со дизелот поскапе екстралесната нафта Read More »

Велика Британија: За една недела исплатени 23 милијарди фунти за заштита од невработеност


И покрај тоа што Велика Британија најави олеснување на мерките и обнови работа на дел од бизнисите, зголемените расходи за поддршка на невработеноста на Лондон покажуваат дека економијата се уште се соочува со сериозни потешкотии. Компании на Островот побарале помош за заштита од невработеност за 100.000 лица во изминатата недела како дел од планот на …

Велика Британија: За една недела исплатени 23 милијарди фунти за заштита од невработеност Read More »

Семејните винарии конечно ќе можат да го градат својот бренд


Малите производители на вино конечно ќе можат да го градат својот бренд, очекуваме во деновите што следуваат да бидат регистрирани повеќе мини вински фамилијарни бизниси, откако во изминатиот период беа извршени неколку законски измени со кои се доближивме до европското законодавство во оваа сфера. Ова за МИА го истакна Горан Јаковлевски, претседател на Здружението „Тиквешки …

Семејните винарии конечно ќе можат да го градат својот бренд Read More »

Македонците лани во Грција потрошиле 114 милиони евра


Грција – Минатата година, Грција ја посетиле 948.000 македонски државјани, бројка што е за 20 отсто помала во споредба со туристите во 2018 кога имало 1.187 000, според официјалните податоци од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на приходите за Грција од туристите од Северна Македонија, лани достигнале до 114 …

Македонците лани во Грција потрошиле 114 милиони евра Read More »

Германската економија нема да закрепне пред 2022 година, смета Советот на економски експерти


Германските економски експерти проценуваат дека економските резултати во земјата нема да се вратат на старото ниво пред 2022 година, по годинашниот остар пад на економијата како резултат на пандемијата на коронавирусот. Петчлениот германски Совет на економски експерти соопшти дека во втората половина од годината ќе има благо зајакнување на економијата, што ќе биде проследено со …

Германската економија нема да закрепне пред 2022 година, смета Советот на економски експерти Read More »

Хотелиерите очeкуваат ваучерите за домашен туризам да придонесат за успешна сезона


Хотелиерите се надеваат на успешна туристичка сезона, иако се свесни дека ништо нема да биде како порано. Тие денеска, на средбата со вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и заменик-министерот за економија Кирил Колемишевски, истакнаа дека имаат нов начин на работа и структура на гости. -Се надеваме на успешна туристичка сезона, свесни сме дека нема …

Хотелиерите очeкуваат ваучерите за домашен туризам да придонесат за успешна сезона Read More »