Петнаесет локални бизниси добија грантови од германското Министерство за надворешни работи


Грантови во износ од петстотини евра за набавка на стоки и материјали за започнување и развој на посточеки бизниси ќе се потпомогнат земјоделски, занаетчиски и други дејности во три општини. Со потпишување на договорите, денеска во Гостивар беше заокружено доделувањето на донација од економскиот пакет од проектот „Борба против ширењето и ублажување на најсериозните негативни […]

ЕИБ од 2022 година ќе престане да финансира производство на енергија со гас и нафта


Европа треба да сфати дека нејзината иднина веќе не е во фосилни горива, изјави денеска претседателот на Европската инвестициска банка Вернер Хоер, презентирајќи ги резултатите на банката за 2020 година. – Благо кажано, со гасот е завршено, рече доктор Хоер на прес-конференција за годишните резултати на ЕИБ. – Ова е сериозно отстапување од минатото, но без крај на […]

Во февруари исплата за скенираните фискални во четвртиот квартал лани, граѓаните ќе добијат 6,1 милион евра


Следниот месец на граѓаните кои скенирале фискални сметки во последните три месеци од 2020 година преку апликацијата МојДДВ ќе им бидат вратени 6,1 милион евра.  Управата за јавни приходи информира дека во текот на февруари ќе се врши исплата на дел од ДДВ на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ во четвртото тримесечје […]

Белгија лани со рекордно мал број на фирми во стечај


Во текот на изминатата година, 32 отсто помалку фирми отишле под стечај во 2020 во споредба со претходната година, соопштија белгиските судски власти. Само седум илјади приватни компании пропаднале во текот на 2020 година во Белгија, последен пат толку ниска стапка е регистрирана во 2005 година. Причината за ова се мерките за заштита на Владата […]

„Нептун“ и „LG“ со генијален предизвик за малите палавковци


Детството е незаменливо, а детската палавост уште повеќе. Никој не може да одолее и да ѝ замери на слатката детска насмевка, без разлика за каква палавштина се работи – милион истрчани километри во маало, модрици на колената, искршени играчки, одбивање на утринскиот појадок, врева додека се пејат најгласно новите песнички со другарчињата пред зграда и […]

Занаетчиите бараат да бидат опфатени во петтиот пакет мерки


Занаетчиите бараат од државата да бидат опфатени со петтиот антикризен пакет, да продолжи мерката за минимална плата која се движи од 17.410 до 21.700 денари, таа да биде безусловна и да нема нејзин поврат, како и да добијат еднократна финансиска помош за да ги покријат заостанатите индиректни трошоци. Ова, според Занаетчиската комора, ќе им помогне […]

Просечната плата во ноември 27.588 денари


Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесува 27.588 денари и е за 7 отсто повисока во споредба со истиот месец од претходната година. Просечната бруто плата, пак, изнесува 41.141 денар и е за 7,4 отсто повисока во однос на ноември 2019 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето […]

Народна банка: Крајот на 2020 донесе поповолни движења во економијата


Поумерени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност и поповолни движења во домашната економија се забележани во последниот квартал од 2020 година, во однос на претходниот квартал, оценува Народната банка врз основа на расположливите високофреквентни податоци  за последниот квартал од 2020 година. Во објавената месечна информација наведуваат дека во третиот квартал од 2020 година […]

НУК: Битиќи итно да го прецизира терминот за средба ако Владата има сериозна намера да помогне


Наместо како одговор да добиваме „ќе” видиме и „ќе” разговараме, го замолуваме вицепремиерот Битиќи итно да го прецизира терминот за работна средба доколку навистина Владата има сериозни намери со петтиот сет мерки да донесе мерки за разумна помош и поддршка за угостителската индустрија во рамки на возможното. Ова е денешната реакција на Независната угостителска комора […]

Угостителите ќе работат до 21 часот, бараат мерки за директна помош


Рестораните и угостителските објекти  од денеска ќе работат до 21 часот, со што престанува да важи одлуката што беше во сила во изминатиот месец за работа до 18 часот, по препорака на Комисијата за заразни болести за да се спречи групирање во празничкиот период и ширење на вирусот Ковид-19. Следната недела ќе се разгледа можноста […]

Која екс-Ју држава има најповолни даночни стапки?


Регионалниот бизнис портал СЕЕбиз донесува интересна споредба за висината на даноците во земјите од поранешна Југославија, чиј автор е даночниот советник Жељко Турудиќ. Даночните стапки, вклучително и придонесите за задолжително социјално осигурување често се споменуваат како еден од клучните фактори врз основа на кои странските инвеститори одлучуваат да инвестираат во одредена земја. Дали е тоа […]

Словенија: Минималната бруто плата годинава ќе се зголеми на 1.024 евра


Министерот за труд на Словенија, Јанез Циглер, по денешната средба со претставниците на словенечките синдикати објави дека годинава минималната плата ќе се зголеми од сегашните 941 на 1.024 евра бруто. Ова се смета за втора најважна од осумте мерки во законот за економска помош за време на епидемијата на корона вирусот во Словенија, пренесува СТА. […]

Светската економска елита годинава во онлајн издание на Форумот во Давос


Овогодинешниот 51-и Светски економски форум (СЕФ), кој традиционално се одржува во швајцарскиот ски центар Давос, ќе се одржи во виртуелен формат поради пандемијата на корона вирусот, од 25 до 29 јануари, објави основачот и извршен директор на СЕФ Клаус Шваб на прес-конференција. Шваб посочи дека клучните задачи на сите светски економии се надминување на тековната […]

Компаниите опфатени со првата мерка од Пакетот 5 се ослободени од царинските давачки за суровини и репроматеријали во висина од 7,1 милиони евра


Владата соопшти дека со првата мерка од Пакетот 5 компаниите од метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија се ослободени од царинските давачки во висина од 7,1 милиони евра за суровини и репроматеријали. Како што се наведува во денешното соопштение, на вчерашната 40-та седница, Владата донесе одлука за укинување на увозните давачки – царинските стапки, […]

„Сивус“ станува дел од чешката групација „Арикома“


Нaјголемиот ИКТ-холдинг во Чешка, групацијата „Арикома“ ја презема македонската ИТ компанија „Сивус“. Како што истакна премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Владата заедно со чешкиот амбасадор Мирослав Томан, станува збор за инвестиција која може да овозможи плодна натамошна соработка со Чешката Република. – Силно верувам дека со новиот чешки партнер се создаваат услови за […]

Одржан глобалниот натпревар на ФАО за постер по повод Светскиот ден на храната, Милановски од Куманово победник


И покрај силната конкуренција на деца и млади ширум светот четиринаесет годишниот Павел Милановски од Куманово е победникот на глобалниот натпревар на ФАО за постер по повод Светскиот ден на храната. Во соопштението испратено од тимот стои благодарност до хероите на храната, а тоа како што велат се земјоделците и и работниците низ целиот синџир […]

„ФедЕкс“ ќе отпушти до 6.300 работници во Европа


Американската компанија за достава ФедЕкс (FedEx) соопшти да отпушти од 5.500 до 6.300 вработени во Европа, со цел да ги намали трошоците. ФедЕкс во 2016 година ја купи холандската логистичка компанија ТНТ Експрес (TNT Express), специјализирана за испораки помеѓу компаниите, во рамките на планираното ширење во Европа. ФедЕкс Експрес ја користи глобалната мрежа воздух-земја за […]

Германски „Ипротекс“ инвестира пет милиони евра во производство на технички текстил


Германската компанија „Ипротекс“, дел од групацијата Innotech & Iprotex, ќе инвестира 5 милион евра и ќе отвори најмалку 30 работни места во фабриката за технички текстил во Технолошко-развојната зона Скопје. Од тоа, 20 проценти се вложувања во градежниот објект, а останатите 80 проценти во нови технологии. Веќе се ангажирани 25 лица кои ќе примaат просечна плата која […]

Брегзит на Франција ѝ донесе 2.500 финансиски работни места и 170 милијарди евра средства


Гувернерот на Централната банка на Франција изјави дека повлекувањето на Велика Британија од Европската унија доведе до преместување на скоро 2.500 финансиски работни места и „најмалку 170 милијарди евра средства“ во Франција, јави Гардијан. Лондон останува најважниот финансиски центар на континентот, но Амстердам, Даблин, Франкфурт и Париз се обидуваат да привлечат компании кои сакаат да […]