Тиквеш ќе привлекува туристи преку автентични поизолирани сместувачки капацитети, добра храна и вино (видео)


Потпроектот „Развојот на ено-гастрономскиот туризам во Тиквешкиот регион“ на Тиквеш вински туризам е еден од вкупно 58 потпроекти, кои во изминатите четири години се реализираат со поддршка од ЕУ и со средства од Владата. Овие проекти имаат за цел да ги откријат убавините на нашата земја, кои ги има многу, порача вицепремиерот за економски прашања […]

Шахпаска: Работата на далечина ќе биде вградена во новиот Закон за работни односи


 Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешната седница на Економско социјалниот совет истакна дека работата на далечина ќе биде вградена во новиот Закон за работни односи. -Во периодот на пандемија како општество направивме сериозен исчекор во прилагодување на работниот процес онаму каде што можеше согласно условите коишто беа наметнати од новонастанатата состојба, потенцираше Шахпаска […]

Очекуваме да го наплатиме побарувањето од стечајната маса на Еуростандард банка, велат од ФОД


Фондот за осигурување депозити очекува да ги наплати побарувањата кои што ги има од Еуростандард банка и покрај одлуката на Уставниот суд со кој се укина одредбата од Законот за банки, која му даваше предимство на ФОД пред другите доверители на банка во стечај. Од оваа институција, која се смета за еден од столбовите за […]

Дали одлуката на Уставен суд ќе се однесува и на Еуростандард банка


Mирче Jовановски Штедачите и депонентите на Еуростандард банка извојуваа значајна победа влијаејќи Уставниот суд да ја промени еднаш веќе донесената одлука и во повторената иницијатива да го укине приматот на Фондот за осигурување депозити што го при наплата на побарувањата во стечајна постапка на некоја банка. Станува збор за член 163 став 3 од Законот […]

МТСП: Во тек е етапната исплата на мајските пензии


Министерството за труд и социјална политика соопшти дека дека во тек е етапната исплата на  мајските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички […]

Вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Гир на промоција на проектот „Развој на ено-гастрономскиот туризам“ во Кавадарци


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, амбасадорот Дејвид Гир денеска во Кавадарци ќе присуствуваат на промоција на потпроектот „Развој на ено-гастрономскиот туризам“ на „Тиквеш вински туризам“. Настанот ќе се одржи пред Винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци, со почеток во 12:30 часот, а потоа и на винската микро-локација Барово. […]

Владата по одлуката на Уставен суд: Создаден е правен вакуум, МФ за 15 дена да подготви измени на Законот за банки


Владата денеска дискутираше и за дел од актуелните теми, меѓу кои беше и Одлуката на Уставниот суд, кој на денешната седница по иницијативата за оценување на уставноста, го укина членот 163 од Законот за банки, според кој Фондот за осигурување депозити, кој е создаден за да се гарантира исплатата на штедните долгови до 30.000 евра, […]

Битиќи во Приштина: Преку регионална соработка до јакнење на сопствените економии


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска од Приштина порача дека на земјите од регионот на Западен Балкан им е потребна блиска соработка на економски план за полесно надминување на последиците од пандемијата на Ковид-19 и заедничко интегрирање во Европската унија, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната конференција на тема „Економското влијание и […]

Од утре почнува исплатата на мајските пензии


Од утре започнува исплатата на мајските пензии за граѓаните кои не користат платежни картички. И овој пат пензиите ќе се делат во четири групи според висината на пензијата. За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата ќе се изврши на 26.05.2021 година (среда), за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата ќе се изврши на 27.05.2021 […]

Барања за земјоделски субвенции ќе може да се поднесуваат до крајот на јуни


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира сите земјоделци дека рокот за поднесување барања за добивање на финансиска поддршка во земјоделството по Програма 2021 година, наместо до крајот на мај се продолжува до крајот на јуни. Ова продолжување на рокот, како што се наведува, е на барање на земјоделците и со […]

ЕУ продаде седми пакет заеднички обврзници


Европската комисија исплати вкупно 14,1 милијарди евра на 12 земји-членки за поддршка на трошоците од зголемување на јавните расходи, со цел да се зачуваат работните места за време на пандемијата на Ковид-19. Ова е седма транша помош за која средствата се обезбедуваат со продажба на заеднички обврзници на ЕУ на меѓународниот финансиски пазар. Со денешната […]

Годинава нема закон за предвремено пензионирање


Министерството за труд и социјална политика во моментот не работи на законско решение за предвремена пензија со откуп на стаж. Тоа е оставено за наредната година, откако ќе се направат детални анализи, изјави денес министерката Јагода Шахпаска во одговор на новинарско прашање. Таа објасни дека акцентот годинава е ставен на законот за недела неработен ден […]

Уставниот суд ги прифати аргументите на штедачите од „Еуростандард банка“


Уставниот суд го укина членот 163 од Законот за банки, кој го оспори адвокат по барање на здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка. Одлуката е објавена на веб-страницата на Уставниот суд, еден месец откако Судот одлучи да поведе иницијатива за оценување на уставноста.Со оваа одлука ќе треба да престане примената на овој член од […]

МЕПСО бара двојно зголемување на цената за пренос на струја


Директорот на АД МЕПСО Куштрим Рамадани денеска истакна дека побарале скоро двојно зголемување на цената за преносот на струјата што го вршат. – Побаравме зголемување на цената. Но, кога ќе видиме дека уделот на МЕПСО во сметка платена од крајни клиенти е некаде околу 3,5 проценти, односно во една сметка од 1.000 денари за МЕПСО […]

УЈП: На 31 мај истекува законскиот рок за потврда или корекција на ГДП за 2020


 Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека на 31 мај 2021 година истекува законскиот рок за потврда или корекција на Годишните даночни  пријави (ГДП) за доходот што го оствариле во текот на 2020 година.  Заклучно со овој рок, даночните обврзници кои се регистрирани на системот е-Персонален данок преку своите кориснички профили имаат можност да го менуваат статусот на пријавата, односно да ја потврдат или да […]

Битиќи од Приштина: Да создаваме економски политики за поголема соработка и подобра конкурентност


Исклучително важно е владите на земјите од Западен Балкан да креираат кохерентни и конзистентни политики со кои ќе се зголемува конкурентноста на регионот, наместо конкуренција помеѓу земјите, при што ќе се унапредува меѓусебната економска соработка, во насока на подобрување на условите за живот и создавање на повисок животен стандард за сите граѓани во која и […]

Митреска: Инфлацијата e поради увозните цени, не се очекуваат поголеми ценовни притисоци


Инфлацијата во македонската економија, како и кај повеќето земји во регионот, ќе биде движена од промените на увозните цени. Но, ова се глобални фактори коишто се оценети како привремени и иако се можни одредени преносни ефекти, поголеми ценовни притисоци не се очекуваат. Оттука, како и со оглед на оцените за отсуство на притисоци од побарувачката, […]

Бензините поевтинуваат за денар, дизелот за половина денар


Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67, […]

(Во живо) Прес-конференција на министерката Јагода Шахпаска и директорот на АВРСМ, Абдуш Демири


Проследете ја прес-конференцијата на министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Абдуш Демири 

„Тинекс“ со нов концепт во „Ист Гејт Мол“


На атрактивна локација на есен се отвора новиот шопинг мол „Ист Гејт Мол“, кој со право може да се вброи во категорија на најмодерни шопинг центри во регионот. Компанијата „Тинекс“ го отвора својот прв хипермаркет од ваков тип во рамки на голем трговски центар како што е „Ист Гејт Мол“. Компанијата „Тинекс“ ќе биде застапена […]