Московскиот аеродром „Шереметјево“ е најпрометниот во Европа


Аеродромот „Шереметјево“ во Москва е прогласен за најпрометниот аеродром во Европа за месец јуни. Тој примил 2,94 милиони патници, според британскиот портал „Ер сервис 1“.

На второ место е аеродромот во Истанбул, кој примил и испратил 2,8 милиони патници. На трето место е уште еден московски аеродром – „Домодедово“, со патнички сообраќај од 2,45 милиони луѓе месечно.

Општо, најпрометниот аеродром во историјата останува „Хитроу“ во Лондон. Меѓутоа, последниве два месеци, тој се наоѓа на 17-то место во статистиката за аеродромите во Европа.

„Шереметјево“ стана првиот аеродром во Русија што понуди единствена можност за минување пасошка контрола со помош на биометриски податоци.