ЕЦБ предвидува крај на високата инфлација во еврозоната


Европската централна банка (ЕЦБ) верува дека инфлацијата го достигнала врвот во ноември, што значи дека би било прерано да се зголемат каматните стапки бидејќи растот на цените веројатно постепено ќе забави следната година, рече членката на одборот Изабел Шнабел. – Се очекува инфлацијата да падне на два отсто следната година, бидејќи проблемите со прекинот на […]

Анализа на „Пари“: Македонија во канџите на енергетската зависност


Порталот Пари изработи анализа за енергетската зависност на нашата земја, која покажува дека во изминатите дваесетина години домашното производство на електрична енергија постојано опаѓа, а се зголемува зависноста до увоз. Во однос на сите енергенти измерената енергетска зависност на државата во 2000-та година била 39,9 отсто, во 2010 година изнесувала 44,1 отсто, а во 2020 […]

„Кибер понеделник“ – со нови надежи за трговијата


 Кибер понеделникот во САД се очекува да биде најголемиот ден за онлајн купување во 2021 година со продажба помеѓу 10,2 и 11,3 милијарди долари. Ова го посочуваат прогнозите на ADOBE DIGITAL ECONOMY INDEX. Во последниве години, границите помеѓу Црниот петок и Кибер понеделник се заматени со тоа што потрошувачите се префрлаат на повеќе онлајн купување, […]

Еврото е пак под 1,13 долари


Курсот на еврото денеска повторно падна под прагот од 1,13 долари, објавија германските финансиски публикации. Во меѓубанкарското тргување во Франкфурт утрово единствената европска валута се тргуваше за 1,1280 долари, откако во петокот навечер достигна 1,1331 долар. Европската централна банка на крајот на минатата недела одреди референтна стапка на еврото од 1,1291 долар. 

Пад на производството на Тојота, на Нисан и на Хонда


Тојота произвела една четвртина помалку автомобили во октомври во споредба со истиот месец лани поради недостиг на полупроводници и други компомненти. Според соопштение на компанијата најголемиот светски производител на автомобили произвел 627.452 автомобила оваа година наспроти 845.107 во октомври лани. Продажбите се намалени за 20 отсто во овој месец. Акциите на Тојота загубија 3,4 отсто […]

Азиски берзи: Пад на акциите, зголемени цените на нафтата


На азиските берзи денеска, цените на акциите дополнително паднаа бидејќи инвеститорите останаа небезбедни поради појавата на новиот сој на коронавирусот, додека цените на нафтата надоместија некои од големите загуби од петокот. Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI, без јапонскиот, беше намален за 0,2 отсто околу 7 часот наутро, откако во петокот потона за околу 2 отсто. Утрово […]

Продолжува амандманската расправа за Предлог буџетот


Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска е трет ден за амандманска расправа по Предлог-буџетот за следната година. Поднесени се вкупно 223 амандмани, а расправата треба да заврши задутре. Министерот за финансии фатмир Бесими во текот на расправата информираше дека следната година ќе се формира нов Интервентен фонд за поддршка на земјоделците, а средствата […]

Се забрануваат пластичните ќеси: Од 1 декември една биоразградлива ќе чини 15 денари


Од 1 декември (среда) се забранува употребата на пластични кеси во нашата земја. Со тоа веќе нема да се произведуваат пластичните кеси, а биоразградливите ќе се наплаќаат по 15 денари. Со ова треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи кои ја загадуваат околината. За средствата од продадените пластични кеси, трговците ќе мора да водат […]

За исплата на К-15 остана уште еден месец, сумата е 11.500 денари


Од ССМ ги потсетија работодавците дека годинава имаат простор без да бидат оданочени да исплатат и поголема сума од оние 40 проценти од трите последни просечни исплатени на ниво на држава, кои со колективен договор се предвидени како минимум за регресот за годишен одмор На работодавците им остана уште еден месец на своите вработени да […]

Дополнителна поддршка за земјоделците преку нов фонд и повеќе средства за зелен развој


Нов Интервентен фонд за поддршка на земјоделците ќе се формира во 2022 година. Средствата во висина од 250 милиони денари се обезбедија преку амандманска интервенција на Предлог-буџетот за 2022 година за кој расправата е во тек во собраниската матична Комисија. – Преку дискусија со издржани аргументи може да дојдеме до решение. Сите сме свесни дека […]

ЕБРД ја нотира успешната реализација на соларната електрана Осломеј


Европската банка за обнова и развој на својот Твитер профил објави кратко видео од фотоволтаичната електрана во РЕК Осломеј со порака дека овој реномиран партнер на огромен број македонски компании е горд што е пионер во иновациите во Северна Македонија, инфомираат од АД Електрани на Северна Македонија – ЕСМ. – Горди сме што сме пионери […]

Железницата трупа милионски загуби, а има долгови од минатиот век!


Додека низ Европа граѓаните од еден град, па и од една во друга држава, како најбрз и најевтин превоз ја одбираат железницата, кај нас се помалку патници ги користат возовите, а железничкиот сообраќај се поретко се користи и за транспорт на стоки. Железницата е неисцрпна тема за новинарски текстови, дебати, партиски ветувања, а деновие прашањето […]

РКЕ се стекна со статус набљудувач во Агенцијата за соработка на енергетските регулатори на ЕУ


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) се стекна со статус набљудувач во Агенцијата за соработка на eнергетските регулатори на Европската Унија (Agency for the Cooperation of Energy Regulators – ACER). Како што соопшти РКЕ, прифаќањето на Регулаторната комисија во Агенцијата за соработка на енергетските регулатори на ЕУ доаѓа откако […]

„Тесла“ се откажа од субвенција од 1,14 милијарди евра за фабрика за батерии кај Берлин 


Компанијата „Тесла“ го повлече барањето за државна помош за изградба на фабрика за батерии во околината на Берлин. Европската унија во јануари одобри план за обезбедување државна помош за поддршка на производството на батерии за електрични автомобили и намалување на увозот од Кина, која е лидер на пазарот, пишува CNBC. „Тесла“ требаше да добие 1,14 […]

Нова поддршка за развој на рибарството и аквакултурата


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој АФПЗЗР информира дека од денеска па до 24 декември се отворени два нови повици за развој на рибарство и аквакултура. Станува збор за објава на мерките „Дополнителна заштита на рибите и риболовните води“ како и мерката „Финансиска поддршка за порибителен материјал“. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски […]

Денови на финансиската писменост: Народната банка упати јавен повик до сите заинтересирани граѓани


Како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост коишто ќе се одржат следната недела, Народната банка упати јавен повик до сите заинтересирани граѓани за присуство на едукативни презентации преку видеоконференциска врска. Ќе бидат на темите: Монетарната политика на Народната банка  – 1 декември, во 14 часот; Информации потребни при избор на кредит – […]

Без политички консензус државата нема економски развој


„Блиската соработка и редовна комуникација меѓу бизнис секторот и Стопанската комора на Северна Македонија е клучна во обезбедување што подобри услови за работа на компаниите, земајќи предвид дека Комората е гласноговорник на бизнис заедницата. Во таа насока, денеска на средбата со претседателот на Комората Азески и делегацијата на СКСМ која ја предводеше претседателот Азески, ги […]

Поднесени 223 амандмани за Предлог-буџетот за 2022, ќе се расправа пет дена


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне амандманската расправа за Предлог-буџетот за следната година, откако вчера завршија предвидените пет дена за општата расправа. Поднесени се вкупно 223 амандмани, за кои исто така треба да се расправа пет дена, по што текстот  треба да се достави до Владата, која треба да ги […]

Македонија ќе добие еден од најголемите соларни паркови во Европа


Македонија ќе добие соларен парк, кој ќе биде еден од најголемите во Европа со капацитет за производство на електрична енергија од 350 до 400 мегавати (MW). Станува збор за директна француска гринфилд инвестиција најголема во овој домен, за македонската економија. Соларниот парк „Стипион“ ќе се гради во текот на следната 2022 година на локацијата која […]

Кои се најбрзо растечките ИТ компании во Централна и Источна Европа


Компании од девет земји од Централна и Источна Европа влегоа годинава во главната конкуренција на Deloitte Technology Fast 50, платформа која препознава и профилира брзорастечки технолошки компании во регионот. Програмата, која сега е во својата 22-ра година, ги рангира 50-те најбрзорастечки јавни или приватни технолошки компании. Годинава најуспешни беа Чешка со 19 компании и Полска […]